Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Олеснета е темава за едно ~50 постови, имаше навреди достојни за црвен картон и да си кажам дека следниот среќник со навреда ќе си го добие.
Интересно е (да се доживее само) кога ќе дојдат до онаа универзална теорија која ги обединува м и уште некои (или некоја, не сум сигурен) теории. Би било интересно да се најде конечно макар приближен одговор за некои појави и универзални прашања што го окупираат човекот оддамнина. Сложена работа ама ваљда ќе биде скоро.Неговата теорија се заснова врз М-теоријата, која подразбира дека светот има 11 димензии.
ако е ова вистина значи тие што живеат во иднината би требало да не известуваат за случувањата и непогодите што би и застанале на пат на земјата. малце е нелогично и глупо ова мислење но ако ние сме во сегашноста, за тие што се во иднината ние сме минато. ако они го пробаат ова сигурно во иднината веќе е пробано и ако работи значи треба да очекуваме информации од иднинатаУхуу
Ако теоријата на физичарите од Универзитетот Вандербит се покаже точна, Големиот хадронски забрзувач може да биде првата временска машина.
Илустрација на теоријата за патување низ времето - Кога два протони ќе се судрат во Големиот хадронски забрзувач, при експлозијата може да се создаде специјална честичка Higgs singlet која што има способност да патува во иднината и минатото, со напуштање на тридимензионалниот простор и преминување во посебна димензија.![]()
Големиот хадронски забрзувач во 2010-та ја започна операцијата за реконструирање на условите што владееле неколку милисекунди по таканаречената голема експлозија (Биг Банг) во која настанала вселената, пред околу 15 милијарди години, a при операцијата треба да се создаде Хигсовиот бозон.
Доколку забрзувачот успее да го создаде Хигсовиот бозон, според физичарите ќе се создаде и втора честичка “Higgs singlet" која што ќе може да се пренесе во петта димензија при што ќе може да патува во иднината или минатото.
“Ваквиот приод кон теоријата за патување низ времето е посебен заради тоа што ги избегнува сите големи парадокси. На пример, патувањето низ времето е ограничено само на вакви посебни честички и не е можно човек да се врати во минатото. Ако научниците можат да го контролираат создавањето на “Higgs singlet", можно е да и да успеат да испратат пораки во минатото или иднината,“ објаснува Вилер.
Неговата теорија се заснова врз М-теоријата, која подразбира дека светот има 11 димензии.