Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.594
Поени од реакции
17.433
Раниери е солиден менаџер кој знае да стабилизира тим, да донесе свој стил. Ја сака многу 4-4-2 но не и младите ирачи. Роден е како чоек кој е задоволен со 2ро место и тоа му е најголема мана и да изгубите ке рече игравме добро , ако е нерешено ке рече задоволен сум. Очекувајте да го игра занети додека не умре на терен (метафорично), ке смислува некој тактики и ке прави замени кој нема да имаат никаква смисла но едно е важно човекот ке ве пикни во топ 4 и тоа е тоа ...но не му давајте повеќе од 2 години оти после тоа се оди надолу и со Рома така беше и со Јуве.Можеби со Интер ке се прероди и ке освоии титула но тешко бар ја стака мислам

Дечки чекејте малце,немојте уште пред време да го критикувате Раниери ! Можеби ке му тргне со Интер од кај знаете,ако добро ви текнува он беше тренер на Јуве кога Интер изгуби дома 1 - 2 во 2008 година(веднаш по нивното враќање од серија Б),исто така и прехлани кога Рома го победи Интер со 2 - 1 во најдобрата сезона на Интер а Мурињо ни беше тренер,еве сеа ми текна дека и лани не победи кога Рома ни даде гол во 90 минута а тренер ни беше Бенитез ! Вака така не изгледа волку лош тренеров,само се надевам нема да продужи со она неговото лузерско кај нас:)
Kога беше во Јуве и го победи Интер не го направи тоа тој туку Недвед,Дел Пиеро и Трезеге. Да те потсетам дека таа година Дел Пиеро беше најдобар стрелец во Серија А а претходната година во Серија Б. Со Рома ве победи затоа што имаше мотивирана рома од неколку победи.
Делио Роси според мене ке ви беше паметен избор. Човекот со никаков лацио успеваше да заврши во првите 4 и да го тера Реал маки да мачи. Со Палермо направи преголем успех . Време е да го видиме во клуб каде што ке му дадат пари и ке побара играчи за негова формација бидејки едноставно неговите тимови играат одличен , стабилен и балансиран фудбал а не се плаши од никој и е желен за победа.
а за убав фудбал => еден е спалети
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Абе ако не се покаже ќе го смени морати и овој.
 

Mikky

Интераш
Член од
23 октомври 2008
Мислења
210
Поени од реакции
19
Добро е, барем ќе обезбедиме опстанок оваа сезона. Нека почнат Морати и компанија да работат на јако тренерско име уште од сега.
Сите знаеме дека Раниери е човек кој прави екипа и кога ќе дојде да освои титула ја губи секогаш. Добредојде за најголемиот лузер во Интер o_O Очекувам само да поправи она што идиот Гасперсон го уништи. Титули незнам и дали некој очекува :pos:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Од Групер имате попуст за „Лошата учителка“, одлична комедија била, да не се нервирате за Интер купете си 2-3 карти.

Особено препорака до Менхетен, знам он е по комедиите :P
 
Член од
26 август 2011
Мислења
517
Поени од реакции
114
Супер онај беше шпион на Ѓубрентус овај на Рома :pos: :vozbud:
значи колку е поинтересен фан клубот на интер одколку овој вашиот како што гледам повеќе време минаш овде одколку во фан клубот на твојот мизерен милан.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
802
Поени од реакции
287
Раниери: Проблемот на Интер е психолошки

„Убеден сум дека ќе завршам добра работа во Интер, станува збор за тим со фантастични фудбалери на кој што не му доликува да се наоѓа при самото дно на табелата. Сметам дека проблемот не е во физичката подготвеност, старт е на сезоната е сите се во топ-форма, проблемот сигурно е психолошки“, заклучи Раниери и додаде:

„Не е нормално овој тим да стартува толку лошо во сезоната, ќе разговарам одделно со секој од фудбалерите за да ги разберам причините за слабата игра. Она што можам да го најавам е дека ќе ја сменам формацијата, нема повеќе да играме со 3-4-3, но по одржувањето на првите тренинзи ќе можам да дадам поконкретни информации“, изјави Раниери.
--- надополнето: Sep 22, 2011 11:57 AM ---
Можни формации од Раниери.
800ec.jpg
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Раниери е солиден менаџер кој знае да стабилизира тим, да донесе свој стил. Ја сака многу 4-4-2 но не и младите ирачи. Роден е како чоек кој е задоволен со 2ро место и тоа му е најголема мана и да изгубите ке рече игравме добро , ако е нерешено ке рече задоволен сум. Очекувајте да го игра занети додека не умре на терен (метафорично), ке смислува некој тактики и ке прави замени кој нема да имаат никаква смисла но едно е важно човекот ке ве пикни во топ 4 и тоа е тоа ...но не му давајте повеќе од 2 години оти после тоа се оди надолу и со Рома така беше и со Јуве.Можеби со Интер ке се прероди и ке освоии титула но тешко бар ја стака мислам

Kога беше во Јуве и го победи Интер не го направи тоа тој туку Недвед,Дел Пиеро и Трезеге. Да те потсетам дека таа година Дел Пиеро беше најдобар стрелец во Серија А а претходната година во Серија Б. Со Рома ве победи затоа што имаше мотивирана рома од неколку победи.
Делио Роси според мене ке ви беше паметен избор. Човекот со никаков лацио успеваше да заврши во првите 4 и да го тера Реал маки да мачи. Со Палермо направи преголем успех . Време е да го видиме во клуб каде што ке му дадат пари и ке побара играчи за негова формација бидејки едноставно неговите тимови играат одличен , стабилен и балансиран фудбал а не се плаши од никој и е желен за победа.
а за убав фудбал => еден е спалети
Секогаш обожавам да читам за достигнувањата на Јуве :pos:

Шала, и јас, а и повеќето, бевме за Делио Роси, ама пишав пред некој ден дека минатиот пат Делио Роси сам се нудеше и не го зедоа, па сигурен бев дека и сега нема да го земат. Веројатно некој во клубот има изградено негативен став за него. Штета.

Ееее... Мурињо завчера си замина а веќе имаме 4 тренери по него...
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Раниери,не сум ич ама баш ич скептик за Клаудио.Одличен тренер кој во својата кариера водеше доста јаки тимови,со Челзи 2 место во Англија,и Фергусон го тепал со Челзи,со Јуве 2 место во Италија откако се врати Јуве во првата лига,со Јуве исто ЛШ растураше,дојде и во Рома кога за малце ке ни ја земаа титулата Рома,го победи Жозе Мурињо и тоа два пати заборавив и со Јуве еднаш 1-2 гости,и со Рома 2-1 дома само нека ја игра 4-2-3-1 формацијата и ке биде се цакум пакум,Милито само да го тури на клупа,јас желки више неможам да гледам по терен,некој да ми игра за стара слава,Пацини е велемајстор за него,со Крила Зарате и Форлан,ке видиме според мене ке склопи доба формација,и доста ке ги мотивира играчите,ајде со среќа нека му е,се надевам ке не врати таму кај што ни е местото.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Значи сме земале одличен тренер кој секогаш за малку не освоил титула.Сменил 500 клуба и добил 500 откази.
Сега со Интер оди на прва титула во кариерата.

Подршка за Раниери да освои прва титула во кариерата.Ова стварно го мислам.
Со среќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom