- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 1.365
- Поени од реакции
- 2.053
Тоа што ти го кажа јас цело време се обидувам да им го објаснам,али сите се сега у “патриоти“ фазон.Македонија сега доби шанса за медал и којзнае кога пак.Ние не сме Франција,Шпанија,Србија,Русија и други да имаме квалитетни младински школи коишто ќе репродуцираат НБА ИГРАЧИШТА на секои 2-3 години,па да се надеваме на слични успеси.Сите наши кошаркарки што играа на оваа Европско се во залез на кариерата.Кој ќе ги замени?Имаме ли сличен играч на Владо Илиевски,МекКејбл,Антич?Немаме,со сигурност тврдам.Боли да му се невиди....и тоа многу.
Жал ми е за нив...најмногу за Бо и за Илиевски кои што го носеа цел тим на свој грб.
Сите тука што коментираат дека 4-то е успех и дека фактот што изгубиле не е важен се максимално себични...ако мислите дека Дамјан или Чековски ке спијат мирно во наредните 2 месеци се лажете.Тие играат и за нив како спортисти не само за вас.
Ваква историска шанса за медал тешко дека ќе дојде во скоро време особено ако се земат годините на Гечевски,Илиевски и Антич.Буквално на 20 секунди пред крај мечот беше нерешен.Едно е Шпанија која сосема заслужи да победи а друго е Русија која што и покрај нашата максимално слаба игра,најслаба заедно со мечот против Црна Гора не можеше никако да се одлепи.Не е проблемот што изгубија,јас како што кажав по мечот со Шпанија,бев погорд на тој пораз отколку на сите останати победи ама начинот е тој што ке пече долго време.
Да бидеме реални,Дамјан покажа дека не е сеуште созреан да игра важни натпревари...цело првенство слушаме од Игор дека имал мека рака,ама тоа не се покажува против Овче Поле туку на важни натпревари.Еднаш не го покажа тоа на ова првенство.Во 3 четвртина направи 3 фаули за 45 секунди и 7 минути игравме во бонус,џабе игравме добро во напад кога секој фаул шутирааа слободни.А тоа дека дека му се случува на секој не држи затоа што тој не промаши на пример чист шут за тројка,што може да му се случи на секого...промаши положување односно од страв не ни шутна како што треба.
Како и да е,пак ќе кажам,не ги обвинувам за ништо,само самите ќе се каат што пропуштија долго,долго време.
Тоа никој не го оспорува дека се бореа,дека беа уморни,но факт е дека денес Перо Антич потфрли.Чековски промашуваше цел кош,а Дамјан само го мокреше паркетот.Дефинитивно заедно со Соколов тотално промашување на ова Европско првенство.Дај гледајте малку трезвено без “патриотски“ чувства.Промаши празен кош под табла небранет од никого.Не е само тоа,промашуваше еден куп тројки и само правеше лични грешки.
Сите овие играчи колку да играат за Македонија толку играат и за себе ,затоа што ова им е можност за напредок во кариерата.Баш сега ме интересира дали Бо Меккејбл после оваа афирмација ќе продолжи да игра за Македонија?!Игра феноменално,се бори,дава се од себе,но искрено тој не ги доживува победите и поразите како што ги доживуваме ние,а тоа е поради тоа што тој не е Македонец.Игра професионално,но друго е кога го имаш она“патриотското“ на терен и кога гинеш за својата татковина.
Русија доби медал,а ние тапкање по рамо.Тапкањето по рамо ќе се заборави за една недела додека бронзата на Русија ќе биде запишана во историјата.Ете тоа е разликата за тие себични што цело време те фураат со тоа дека не е битно дали ќе сме победеле или не ние сме победници.Победник е тој што ќе победи,а не што ќе изгуби.Играта никој не ја помни,но резултатот сите го помнат за жал.