Сите наредни противници се незгодни, ќе ни треба многу повеќе од здрав Гечевски за да одиме во полуфинале.
Затоа не саботирајте расположение со негативни и девастирачки коментари, треба да одиграме најдобро што знаеме.
Некогаш клучните играчи се тие кои ги прават клучните грешки, заради кои се губат клучните натпревари, па затоа секогаш мора цел тим да игра, сите мора да дадат повеќе од себе за да одат понатаму, ние не зависиме од еден играч, ниту Мекелеб не би стигнал до овде сам, без добар тренер, добри тимски другари и сл.
Ниту Гечевски досега одиграл цел натпревар за да прогнозираме врз основа на неговиот удел следен успех/неуспех, некогаш дал клучни поени, но неколку пати погреши во решавачки моменти, тоа на сите им се случува, ама понекогаш крајот излегува на арно и никој повеќе не го спомнува тоа.
Сега, во оваа фаза се прават многу калкулации, посебно откако ќе завршат утре у група Е, можеби и ќе ни одговара пораз од Русија, можеби па на Русите ќе им одговара пораз, се е до стратегијата, а кој и да ни се падне понатаму ќе биде многу тежок натпревар.
Што се однесува до мене, ако се работи само за честа, повеќе би сакал да изгубам од Шпанија отколку Турција/Србија, меѓутоа ако гледам од аспект на повисок пласман, поголеми шанси ни се отвараат преку Турците или евентуално Србите, иако имам голем респект кон нив и играат навистина квалитетна кошарка.