Македонија - Грузија, 8 септември 14:30

Статус
Затворена за нови мислења.

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ваков успех на Македонија очекував за 10-20 години ама дојде некако многу порано....стварно незнам дали е јаве или сон ова ама е стварно неверојатно одсега па натаму шо и да се слуши ке биди бонус...ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕ ДАЛИ ПРВИТЕ 6 ЕКИПИ КОЈ КЕ ЗАВРШАТ НА ПРВИТЕ 6 МЕСТА ВОДАТ ДИРЕКТНО НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ???
 
П

Паспарту

Гостин
Ваков успех на Македонија очекував за 10-20 години ама дојде некако многу порано....стварно незнам дали е јаве или сон ова ама е стварно неверојатно одсега па натаму шо и да се слуши ке биди бонус...ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕ ДАЛИ ПРВИТЕ 6 ЕКИПИ КОЈ КЕ ЗАВРШАТ НА ПРВИТЕ 6 МЕСТА ВОДАТ ДИРЕКТНО НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ???
Не, само финалистите, од 3 до 6 играат квалификации...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Најубаво нешто е ова за децата,вака се крева националната свест и се изведуваат децата на прав патриотски пат,со меѓународни успеси. Да не зборам дека кај мене во маало(верувам низ цела МК така е) сите кошови се нон стоп зафатени дали од деца или од поголеми цело време се игра на нив.

Прекрасни моменти ни пружаат кошаркарите,а и фидбекот е позитивен,се чувствува позитивна енергија на улица кога ќе излезеш кога ќе ги видиш луѓето.

:)
And that is pure gold (y)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Секоја чест за нашиве момци и не постојат зборови колку добра ми ја направија вечерта во Скопје каде се навиваше одлично за нашиве пулени и имаше прекрасна атмосфера пред вечерната забава.....Како што напоменав многу пати и како што потврдија сите одбраната е нашиот клучен фактор па потоа се индивидуалците(Лестер Бо)...не знам дали заприметивте едно време меѓу првите две четвртини кога Грузијците неможеа да постгинат кош добри 8-9 минути(од игра)..секоја чест за селекторот Докузовски за поставената игра во дефанзивните редови и за ротациите кога еден кошаркар ќе биди исфрелн од игра....кој разбира подобро кошарка ќе разбери всушност колку добра одбрана играме...(Како Детроит Пистонс на времето со Ајзеа Томас кога му беа кошмар на Џордан)....за наредните натпревари не прогнозирам ништо освен да ги подржуваме нашите момци ......МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.800
Поени од реакции
49.834
Мене друг момент не мачи. Победиве прават еуфорија и ни бегаат од очи некои детаљи, како на примеп ужасот што се Соколов и Мираковски, мислам дека Ќњазев или Мирза поубаво да ги замолеле да се вратат од пензија и да го изиграат првенствово....или еве ај да не бегаме до крајности- Шуш за двајцата е доктор, не можам да разберам зошто бар него не го зеле!

Овие двајца се тука чисто да не потсетат колку долу ни е домашното првенство, ако се знае дека се едни од подобрите во државава, а се убедливо најлоши таму, едноставно не можеш да се потпреш на нив и од старт ја уништуваат секоја помисла за ротација, затоа не може и да му се замери на Марин зошто не ја практикува. Проблемот е поголем ако се знае дека на нив, и слични на нив треба да падне репрезентацијава во иднина.
Како и да е, од сега натаму како и до сега, само со срце и муда, па што биде - нека биде!
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Само да ја поправиме реализацијата, и со поретки падови во играта (последниот против грузија кога 5-6минути не постигнавме кош и прокоцкавме 10поени предност) можеме да се 'носиме' со останатите репрезентации !!! Играме добра одбрана, Бо е тука да не извади кога треба.... останатите секој со своите можности придонесува колку толку - несмееме да се пожалиме. Дајбоже да ни се погоди денот па да проработи шутот за три - е тек тогаш ни Лејкерси и Кобе не ни можат ништо :D
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мечот со Грузија ги исфрли на виделина слабите страни на нашата репрезентација - пред се малиот фонд на квалитетни играчи. Затаи Илиевски и немавме соодветна замена. Полека ги стасува и уморот.

Речиси го имаме загарантирано второто место во групата ако не загубиме со повеќе од 11 разлика од Словенија и нормално РУсија да ја совлада Грција.

Дали е попаметно да се одморат дел од играчите на натпреварот со РУсија барем, за да поодморни влеземе во 1/4 финалето каде како 3то пласирана ја очекувам НБА репрезентацијата на Франција од другата група.

Верувам дека можеме да изиграме против нив дотолку повеќе што ПАркер не е ни бледа сенка од она што го игра во Сан Антонио, Ноа како да е на одмор, Батум се труди но премногу е соло играч. Не се непобедливи. Со добар ден наш и барем 40-45% шут за 3 можеме да се надеваме на чудо.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.465
И онда, догоди се чудо... :)
Не знам што ќе се случи, знам само дека нема да запнуваат со Словенија очигледно им е потребен одмор. Тука ќе си пукнеме поштено. На крај крајева сеедно со кого ќе играме во четвртфинале сите се максимално заебани...
 
В

Вори

Гостин
Прво сакам да им честитам на Македонските кошаркари за огромниот успех и за пласманот меѓу осумте најдобри.Не можам да опишам колку сум горд на нив.Ама буквално на сите,од Симоновски до Димчевски.Ѕверови најголеми!Треба да им се направи споменик одма до Александар на плоштад.Озбилно!

Гледав до трета четвртина.Не можев последната да ја гледам затоа што автобусите од мојот град за во Скопје тргнуваа во 16 часот.Искрен да бидам,не игравме толку добро.Грузија беше мизерна,требаше да ја победиме на 20 разлика.Но добро,уморот си го прави своето.
Многу промашувавме во напад,во одбрана повторно бевме колку-толку солидни.
А гледам дека и во последните 10 минути сме играле слабо.Додуша ни ја стопија разликата од 10 поени и ни израмнија.Ја гледам снимката сабајле и гризам нокти на крај,иако знам дека утакмицата е завршена и тоа во наша полза.
Е сега имаше интересна случка што целиот автобус чекаше на мене.Мене ме известуваа за сите работи во последната четвртина,а последната минута одеше во живо на некој начин :D
Ми викаат по телефон дека имаме уште 15 секунди за напад и дека е нерешено.Ми се тресеше раката у пичку матер.И на телефон молк,молк,молк за да наеднаш се слушне силно урлање,викање,кршење и што уште не.Е тогаш знаев дека сме победиле.Ја пренесов веста на сите и во автобусот беше лудило.

Добро што не ја гледав во живо последната минута,зошто ќе приумрев или ќе требаше да ме носат во болница.Нашава репрезентација сега стана препознатлива по тие инфаркт завршници.Треба да си земеме седативи пред да почне утакмицата и мирна глава.
Е сега кога сме веќе пласирани,можат да одмараат.Но не сакам да изгубиме три утакмици по ред.Барем да ги тепаме Словенците или Русите,или пак да изгубиме од нив,а да победиме во 1/4 финале,што е најдобра можна опција.Ќе биде пеколно тешко но спортски е да се надеваме,нели?

Гледам повторно и се чудам.На 15 секунди до крај,како беше смирен и самоуверен Бо.Ја чува човекот топката в раце,не ни диши.На 4 секунди до крај тргнува на двочекор и постигнува кош.Дефинитивно тоа го можат само најголемите.А овој докажа дека е класа играч,класа човек и класа спортист.
Бо мајсторе,алал ти вера.Да си жив и здрав уште 100 години и уште многу кошови да постигнеш за Македонија.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.370
Ај честито нека ни е победата и пласманот во 1/4 финале :vozbud:
Меккејлеб вчера ни го даде најубавиот роденденски подарок :cuc:
Секоја чест за батето... ЅВЕР :cuc:
Груевски кога веќе се одлучил да поставува споменици, мислам треба и на Меккејлеб да се постави еден !!!
Од "утре" ако не игра за репрезентација, сигурен сум дека поголемиот дел од нашата земја ќе го заборави !!!

Уште еднаш секоја чест за нашата репрезентација, покажаја како се игра со СРЦЕ !!!
Сега треба ко ќе се враќаат назад 200 000 народ да ги пречекаме на аеродром !!!
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Канал5 : Некаков скандал во Македонската кошаркарска репрезентација во вестите во 19.00 да не знае некој повеќе за ова?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.055
Абе не е ВО, туку СО...
Значи ни е направена некоја неправда или слично...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom