Прво сакам да им честитам на Македонските кошаркари за огромниот успех и за пласманот меѓу осумте најдобри.Не можам да опишам колку сум горд на нив.Ама буквално на сите,од Симоновски до Димчевски.Ѕверови најголеми!Треба да им се направи споменик одма до Александар на плоштад.Озбилно!
Гледав до трета четвртина.Не можев последната да ја гледам затоа што автобусите од мојот град за во Скопје тргнуваа во 16 часот.Искрен да бидам,не игравме толку добро.Грузија беше мизерна,требаше да ја победиме на 20 разлика.Но добро,уморот си го прави своето.
Многу промашувавме во напад,во одбрана повторно бевме колку-толку солидни.
А гледам дека и во последните 10 минути сме играле слабо.Додуша ни ја стопија разликата од 10 поени и ни израмнија.Ја гледам снимката сабајле и гризам нокти на крај,иако знам дека утакмицата е завршена и тоа во наша полза.
Е сега имаше интересна случка што целиот автобус чекаше на мене.Мене ме известуваа за сите работи во последната четвртина,а последната минута одеше во живо на некој начин
Ми викаат по телефон дека имаме уште 15 секунди за напад и дека е нерешено.Ми се тресеше раката у пичку матер.И на телефон молк,молк,молк за да наеднаш се слушне силно урлање,викање,кршење и што уште не.Е тогаш знаев дека сме победиле.Ја пренесов веста на сите и во автобусот беше лудило.
Добро што не ја гледав во живо последната минута,зошто ќе приумрев или ќе требаше да ме носат во болница.Нашава репрезентација сега стана препознатлива по тие инфаркт завршници.Треба да си земеме седативи пред да почне утакмицата и мирна глава.
Е сега кога сме веќе пласирани,можат да одмараат.Но не сакам да изгубиме три утакмици по ред.Барем да ги тепаме Словенците или Русите,или пак да изгубиме од нив,а да победиме во 1/4 финале,што е најдобра можна опција.Ќе биде пеколно тешко но спортски е да се надеваме,нели?
Гледам повторно и се чудам.На 15 секунди до крај,како беше смирен и самоуверен Бо.Ја чува човекот топката в раце,не ни диши.На 4 секунди до крај тргнува на двочекор и постигнува кош.Дефинитивно тоа го можат само најголемите.А овој докажа дека е класа играч,класа човек и класа спортист.
Бо мајсторе,алал ти вера.Да си жив и здрав уште 100 години и уште многу кошови да постигнеш за Македонија.