Најмзерната компанија што некогаш ја имам сретнато на светов.- Многу блага дефиниција за Кејблтел. По принцип не сум човек што не се жали ама овие ја претераа секоја еб.на граница.
Одприлика вака беше мојот проблем: Имав интернет и кабелска и еден ден дојде ,,стручна,, екипа на кејблтел и го откачи кабелот од бандера без на никого ни добар ден да каже а камоли да го провери проблемот. Дур го видов кабелот дека се беси, ги викнав да дојдат за да истата банда стручњаци констатира дека мојот лаптоп кога е приклучен на ТВ тјунер и на него гледам кабелска се бутка интернет конекцијата на цела населба- замисли. Вика т.н. банда стручњаци, да си купиш телевизор за да може да гледаш кабелска и си замина. Ја ко будала викам ај они се стручни си земав ТВ од 6 бона, еве ти ги после овие идат по ист начин сабајле у 7 саат го откачаат кабелот од бандера и одат на работа. Се будам јас пак нема кабелска, нема интернет. Ги барам едно 6 7 дена, никој не доаѓа а тврдат дека ке дојдат утре во одредено време. Дојдоа после една недела, и констатираа дека не било до ТВ тјунерот туку лаптопот бил проблемот. Закачија кабелот, утредента сабајле пак го откачиле.( во целата приказна не можам да опишам колку пати отидов до филијалата нивна и колку пати им се јавив) Така неколку пати и ми пукна филм и викам ке откажам договор. Идам таму и стручната што работи на шалтер ми вика добро ама ќе си платиш казнени поени. И викам АЛООО вие сте тие што ми го откачате кабелот секој еб.н ден од баднера, дојдете напрајте го нема да го откажувам договорот. Вика не знам ја тоа ќе мора да си платиш. Се најде една малку по свесна вика иди во Ѓорче има таму шеф, види со него ама он е таму само вторник. Дооооброо, отидов таму со овој, вика да да знам за вашиот проблем едно друго, ќе го откажеме договорот, немој да плаќаш ни сметка ни пенали. Си одам ја со мисла дека се откачив конечно кога по една година ми стига опомена пред тужба не сум ја платил сметката последна. Земам сметката идам на шалтер им фрлам 500 денари и и викам на таа таму еве ти и више не сакам да слушнам за вас.
Во приказнава испуштив многу работи сигурно ама ајде вањда и ова е доста за да се сфати дека со оваа т.н. фирма не треба да се зафаќате. Поради нивната услуга сега немам кабелска, а уклучив фиксен телефон кој не го користам воопшто само за да имам адсл интернет. Ако некој мисли дека претерувам се лаже, бетер беше.