A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Ма нека не ја "поправат" не мора. Кој гледа во денешно време тв? :D
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Ма нека не ја "поправат" не мора. Кој гледа во денешно време тв? :D
Ја си иам сателитска гајле ми е :D

Али нетов вреди и за сателитска, пошо мора преку сервер да прочита некои канали - и одзивот е многу мал (а претходно беше премногу висок..). Така да, според мене - паметните си ставаат сателитска, кејблтел интернет и телефон и си ги проаѓаат месеците на НАЈЕВТИН начин ;)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
828
Поени од реакции
842
Не разбирам како може сите корисници да се на една IP адреса, со NAT? Дај објасни малку.
Чоек до пред некое време, повеќе корисници беа закачени под една IP адреса, која секако се менуваше повремено т.е користеа пакети од телеком, али сеа е променето.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
АЈде едно прашање...треба да се јавам да пријавам рутер па да местам ип адреси?
Се намачив и никако не можам да го серирам рутерот...
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
АЈде едно прашање...треба да се јавам да пријавам рутер па да местам ип адреси?
Се намачив и никако не можам да го серирам рутерот...
Во сетинзите на рутерот би требало да има Clone MAC adress...Кај мене барем е така. Само притиснав на копчето Clone и она ја клонира адресата без никакви проблеми. Али ја сум преку модем за телефон (VoIP linksys) и фактички она ја копира MAC адресата од него, а пред тоа мајсторите коа ми монтираа ја пријавија MAC адресата на модемчето..

Така да - треба да го пријавиш рутерот таму. Само јави им се и они ќе ти кажат што ќе правиш - на мене секогаш ми помогнаа :)
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Средено...ја клонирам мак-адресата и супер си работи сега. Фала !
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
146
Поени од реакции
60
Најмзерната компанија што некогаш ја имам сретнато на светов.- Многу блага дефиниција за Кејблтел. По принцип не сум човек што не се жали ама овие ја претераа секоја еб.на граница.
Одприлика вака беше мојот проблем: Имав интернет и кабелска и еден ден дојде ,,стручна,, екипа на кејблтел и го откачи кабелот од бандера без на никого ни добар ден да каже а камоли да го провери проблемот. Дур го видов кабелот дека се беси, ги викнав да дојдат за да истата банда стручњаци констатира дека мојот лаптоп кога е приклучен на ТВ тјунер и на него гледам кабелска се бутка интернет конекцијата на цела населба- замисли. Вика т.н. банда стручњаци, да си купиш телевизор за да може да гледаш кабелска и си замина. Ја ко будала викам ај они се стручни си земав ТВ од 6 бона, еве ти ги после овие идат по ист начин сабајле у 7 саат го откачаат кабелот од бандера и одат на работа. Се будам јас пак нема кабелска, нема интернет. Ги барам едно 6 7 дена, никој не доаѓа а тврдат дека ке дојдат утре во одредено време. Дојдоа после една недела, и констатираа дека не било до ТВ тјунерот туку лаптопот бил проблемот. Закачија кабелот, утредента сабајле пак го откачиле.( во целата приказна не можам да опишам колку пати отидов до филијалата нивна и колку пати им се јавив) Така неколку пати и ми пукна филм и викам ке откажам договор. Идам таму и стручната што работи на шалтер ми вика добро ама ќе си платиш казнени поени. И викам АЛООО вие сте тие што ми го откачате кабелот секој еб.н ден од баднера, дојдете напрајте го нема да го откажувам договорот. Вика не знам ја тоа ќе мора да си платиш. Се најде една малку по свесна вика иди во Ѓорче има таму шеф, види со него ама он е таму само вторник. Дооооброо, отидов таму со овој, вика да да знам за вашиот проблем едно друго, ќе го откажеме договорот, немој да плаќаш ни сметка ни пенали. Си одам ја со мисла дека се откачив конечно кога по една година ми стига опомена пред тужба не сум ја платил сметката последна. Земам сметката идам на шалтер им фрлам 500 денари и и викам на таа таму еве ти и више не сакам да слушнам за вас.

Во приказнава испуштив многу работи сигурно ама ајде вањда и ова е доста за да се сфати дека со оваа т.н. фирма не треба да се зафаќате. Поради нивната услуга сега немам кабелска, а уклучив фиксен телефон кој не го користам воопшто само за да имам адсл интернет. Ако некој мисли дека претерувам се лаже, бетер беше.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
^ Изорлиан случај, Кејблтел и неговите вработени, во последно време и да не сакаат мораат да одговраат на повици итно, (подршката им е на доста повисоко ниво од порано) најкасно за 2/3 дена доаѓаат техничари, тоа е новата полиса на фирмата. Стварно незнам како си имал толку проблеми.
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Ќе се сложам со Psyside, со мене секогаш биле услужни и веднаш го решаваа проблемот.
Еднаш немав нет, се јавив и кажаа дека ќе прателе екипа..Ја одма полн со скептицизми ко што сите ние сме пуни - знам дека нема да дојдат...
Коа после 2 часа гледам проаѓа кола од Cabletel доаѓаат до мојата зграда, чепкаат нешо у сандучето (а све глеав од тераса) и одма имав нет :D Ми идеше да им кажам одозгора ФАЛА ДЕЧКИ :)
 

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Да не знае некој што е проблемот со интернетот во лисиче на бул асном? Ужасно е споро (симнува апдејт на авира со 3,3 kB/s ко на 56к модем). Од техничка подршка викаат неколку дена имале проблем, пријавено било се работело на проблемот, ама не сакаат да дадат детали....
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Да не знае некој што е проблемот со интернетот во лисиче на бул асном? Ужасно е споро (симнува апдејт на авира со 3,3 kB/s ко на 56к модем). Од техничка подршка викаат неколку дена имале проблем, пријавено било се работело на проблемот, ама не сакаат да дадат детали....
Авира само? Може хостот на авира е преоптоварен.
Отвори спид тест и провери или симињај од замунда - па кажи :)
 
C

Crazy Diamond

Гостин
И јас мене на АСНОМ во Ново Лисиче има веќе неколку дена проблеми со интернетот. Од замунда симнува со 5 kB/s...
 

noviot

Форевер Aлоун :(
Член од
19 април 2006
Мислења
446
Поени од реакции
170
Авира само? Може хостот на авира е преоптоварен.
Отвори спид тест и провери или симињај од замунда - па кажи :)
Ко пример ја дадов авирата, споро отвара и веб страни, speedtest.net се мачи не ни почнува да тестира :tapp: Како што кажав, си признаваат од техничка подршка дека имаат веќе неколку дена проблеми ама не и кога ќе ги средат..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ко пример ја дадов авирата, споро отвара и веб страни, speedtest.net се мачи не ни почнува да тестира :tapp: Како што кажав, си признаваат од техничка подршка дека имаат веќе неколку дена проблеми ама не и кога ќе ги средат..
Ќе средат ваљда и кај мене во Ѓорче им беше така недела дена ама средија после.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom