Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
А знаеш дали има рок за ова или? Пошто на мене пример ми е незаверен семестаров поради семинарска која треба во септември да ја предадам...
Најверојатно до 15-ти септември ќе може.
 
А знаеш дали има рок за ова или? Пошто на мене пример ми е незаверен семестаров поради семинарска која треба во септември да ја предадам...
До 15 септември мора сите да поднесат. Има на нивната страна поставувани прашања од лајв четовите, одговорено е и ова.
 
Има некој информации колку се пријавија денес на уписи? и кај има најмногу пријавени по смерови.
Генерирав нова пријава на порталот пред 10 мин. и ми даде број 1060 , што не значи дека и толку се пријавија ама пак гужва бе другарче
 
Околу 500 студенти се пријавиле првиот ден (читај: над 500 студенти се пријавиле).
 
До 15 септември мора сите да поднесат. Има на нивната страна поставувани прашања од лајв четовите, одговорено е и ова.

Сериозно ова? Еве сега барам по страната никаде ништо нема спомнато за префрлувањето. Во ЧПП стои она старото дека студнетите ќе треба да пополнат изјава само, не пишува дека треба да се одјавиме од ФЕИТ прво па после да носиме на ФИНКИ.
 
Сериозно ова? Еве сега барам по страната никаде ништо нема спомнато за префрлувањето. Во ЧПП стои она старото дека студнетите ќе треба да пополнат изјава само, не пишува дека треба да се одјавиме од ФЕИТ прво па после да носиме на ФИНКИ.
Не мислев на ЧПП, туку на поставуваните прашање од лајв четовите кои можеш да го најдеш тука. Иначе таа молба/пријава/барање/изјава мислам дека е една иста работа, и нема врска со твое одјавување од ФЕИТ/ИИ, тоа они ќе си го направат. Ние ваљда треба само да го пополниме чудото.

Еве и едно од прашањата:

Spase Markovski: Кога ќе биде објавена процедурата за префрлување од ИИ/ФЕИТ на ФИНКИ?

ФИНКИ: Процедурата за префрлување на ФИНКИ формално ќе започне во текот на наредните денови. Таа ќе се состои од потпишување на Изјава во 2 примероци, во која СЕКОЈ студент на КТИ и ИИ ќе мора да се изјасни на кој факултет ќе ги продолжи своите студии – дали на ФИНКИ, на ФЕИТ или на ПМФ.
 
@ Brainwasher , благодарам, и јас дојдов до сличен податок
со среќа на сите што аплицираа
 
Навистина ми се допаѓа службата за студентски прашања на факултетов. Се изненадив од фактот што имаат челични нерви да одговорат на некои прости прашања или по 100 пати едно исто поставено прашање. А да не зборуваме за тоа што доста од времето се достапни на фб и на лајв чатот како и цела посебна страна со мнозинство информации за полесно подготвување на документите за упис. на пр. На кој друг факултет потенцираат дека документите можат да бидат и постари па така студентите ваќаат нови изводи и уверенија за државјанство мислејќи дека не треба да бидат постари од 6-месеци... Секоја чест за ФИНКИ ...:))))) Минус е тоа што просториите што ги превземаат од Технолошко- металуршкиот факултет се доста стари, но да се надеваме дека ќе ја направат новата зграда што ја најавуваат пред да дипломираме.:D
 

Онлајн
Chapstick

Член од:
7 август 2009
Број на мислења:
2.990
Допаѓања:
258
Поени од трофеи:
105
Локација:
Таму кај што нема Господ Бог
Ново

A подетално некој да ми каже за смеровите во ФИНКИ и програмата?
http://www.finki.ukim.mk/mk/studies/study-guide Тука имаш водич за студирање, се е објаснето. :)
 
И, знае некој колкумина се имаат пријавено заедно со вториот уписен рок? :)
 
Утре ќе има информации колку има пријавено и колку слободни места има останато по насоки.
 
Од прва рака (деканот на Финки), во 12 ипол наслушнав дур седеше во бифе и збореше со колеги, дека имало 580 пријавени (или можеби 680, не ми текнува добро).
Ко за факултет што прва година почнува со работа, ова е стварно добра бројка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom