Да речеме дека сте во право за бројот на краците и дека е легитимно да има со 6,8,12,14,16 - варијанти. Е како тоа баш сите овие ги има, а баш оваа што е најпознатата со 16 ја нема. На кој било интернет пребарувач внеси вергина сан/стар, ќе ти го даде она со 16.
И друга работа, нели мислите дека на штитот се приметува дека се бришени 2 зрака, малце е размачкано. И плус, зашто тие 14 не се рамномерно разместени ако требало да бидат 14 нели, туку штрчи празен размачкан простор.
Она што не ми се допаѓа е што се разводнува целата идеја ако немаме м*да да се ставиме со 16, каква што е и основната поента. 10 милиони евра за плагијат е мојата перцепција. Несакам размачкани 14 ако ми велиш дека ова е мојата гордост и идентитетски столб, додека ти се тресат гаќите да не се искашла една килава и саката Грција. Дај ми ти 16 да се осеќам горд како што сакам и ме фураш впрочем, па бори се со Грција понатаму чиви се. Оти ова не ја исполнува целта. Да, ми се допаѓа фонтаната и целиот скулптурен комплекс со неа, одлично се сработени, лавовите се предобри, ама.... најбитното фали. 16 не е исто што и 14. адибас не е исто што и адидас.
Ова за мене е фејк. Самите создадовме фејк на кој ќе му се поклонуваме и со кој ќе се чепориме во свет, еве видете нашето 14крако сонце.
Е ова е тоа што ме разбеснува на крај кога треба да се радувам. И затоа нека не ни зборат за големина, за националност, за патриотизам... они потфрлија.