Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Употребата на лавот како симбол е постара од земските грбови на феудалците од Македонија, но под поимот македонски национален симбол потпаѓа формата, изгледот на лавот од земските грбови на македонските феудалци.
За ова неодамна имаше изложба во музеите на Македонија.
Ѕвер си бе, ти нема рамен
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра те молам баре ти поштеди не од шпекулативна штампа и апла партиски интернет портал.
Навистина не доликува на репутацијата што ја имаш на форумот.
Незнам веќе кој е и кој не е партиски портал. Такво нешто не постои. Ја најдов веста и ја пренесов, што незначи дека нема да биде така. Мора портата „громогласно“ да се поздрави. Е сега дали во раце ќе го фрлаат премиерот или ќе му фрлаат цвеќиња под портата остануваме да видиме до 8 Септември.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.173
Поени од реакции
84.008
Овие контрастиве темно-светло баш и не ми свиѓаат, некако кичасти ми се.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Овие контрастиве темно-светло баш и не ми свиѓаат, некако кичасти ми се.
за некое време ќе сменат боја..мермерот ќе потемни,а бронзата ќе позеленее,оксидира, и нијансите нема да се толку контра
 
Член од
7 јуни 2010
Мислења
70
Поени од реакции
17
Да речеме дека сте во право за бројот на краците и дека е легитимно да има со 6,8,12,14,16 - варијанти. Е како тоа баш сите овие ги има, а баш оваа што е најпознатата со 16 ја нема. На кој било интернет пребарувач внеси вергина сан/стар, ќе ти го даде она со 16.

И друга работа, нели мислите дека на штитот се приметува дека се бришени 2 зрака, малце е размачкано. И плус, зашто тие 14 не се рамномерно разместени ако требало да бидат 14 нели, туку штрчи празен размачкан простор.

Она што не ми се допаѓа е што се разводнува целата идеја ако немаме м*да да се ставиме со 16, каква што е и основната поента. 10 милиони евра за плагијат е мојата перцепција. Несакам размачкани 14 ако ми велиш дека ова е мојата гордост и идентитетски столб, додека ти се тресат гаќите да не се искашла една килава и саката Грција. Дај ми ти 16 да се осеќам горд како што сакам и ме фураш впрочем, па бори се со Грција понатаму чиви се. Оти ова не ја исполнува целта. Да, ми се допаѓа фонтаната и целиот скулптурен комплекс со неа, одлично се сработени, лавовите се предобри, ама.... најбитното фали. 16 не е исто што и 14. адибас не е исто што и адидас.

Ова за мене е фејк. Самите создадовме фејк на кој ќе му се поклонуваме и со кој ќе се чепориме во свет, еве видете нашето 14крако сонце.

Е ова е тоа што ме разбеснува на крај кога треба да се радувам. И затоа нека не ни зборат за големина, за националност, за патриотизам... они потфрлија.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не знам зошто али фонтанава ми делува тотално кичасто и покрај лавовите на Гоце Делчев ми е еден од побезвезните делови од Скопје 2014. Покрај контрастите помеѓу релјефите, она што највеќе ми иде на нерви се плочките мермер налепени на бочните страни од овалната плоча (не релјефите) на која стои скулптурата на Александар, до толку ме нервираат што ми се иде со шпакла да им писнам. Тука пак се огромните димензии на скулптурата на Александар, до толку се мегаломански што дури и на поголем плоштад како што е плоштадот Македонија не можам никако да ја вклопам фонтанава. Кога си приближен до скулптурата можеш убаво само да го видиш трупот и к...т на коњот, не се гледа целата силуета на скулптурата од профил поради огромниот постамент и огромната скулптура. И ако на тоа ги додадеме новиве скулптури на фалангата, сликата е комплетна. Новите скулптури имаат нормална големина и се ок според мене, меѓутоа споредени со Александар делуваат минијатурно, и некако ко да добивам чувство дека овие скулптури и скулптурата на Александар не треба да бидат дел од ист споменик. Многу поубави ми се спомениците на Гемиџиите, Даме Груев, Димитрија Чуповски и Дедо Иљо Малешевски, овој споменик не ми остава ама баш никаков уметнички впечаток, туку ми остава впечаток на повеќе ствари нафрлани на едно место без никаков вкус.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Покрај контрастите помеѓу релјефите, она што највеќе ми иде на нерви се плочките мермер налепени на бочните страни од овалната плоча (не релјефите) на која стои скулптурата на Александар, до толку ме нервираат што ми се иде со шпакла да им писнам.
Може е планирано после Хаг да се тргнат па да се заменат со бронзени делови, ќе видиме :unsure:.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Многу поубави ми се спомениците на Гемиџиите, Даме Груев, Димитрија Чуповски и Дедо Иљо Малешевски, овој споменик не ми остава ама баш никаков уметнички впечаток, туку ми остава впечаток на повеќе ствари нафрлани на едно место без никаков вкус.
Целосно се согласувам со подвлеченото. А скулптура на Иљо Малешевски кога и каде поставија?
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Најкриво ми е што го упропастија цел плоштад, го затворија, го затрупаа со кичерајски споменици кои немаат грам уметничка вредност... господ нека ни е на помош.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Да,да.Најуубав плоштадот беше во 70-те кога Другарот Тито и Другарот Колишевски го направија паркинг место.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да,да.Најуубав плоштадот беше во 70-те кога Другарот Тито и Другарот Колишевски го направија паркинг место.
If you can't take Mohamed to the mountain, bring the mountain to Mohamed.
Ова на нашки би звучело: Ако не можеш на луѓето од Шутка да им изградиш пристоен плоштад, тогаш донеси ја Шутка на плоштад "Македонија".

11 милиони евра фрлени за ова монументално дело, кое на крај имаше судбина да го красат мермерни плочки кои се местат по подови во магацини и нужници, е тоа ти се вика шлаг на торта ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom