Видете вака сеа....
3-4-3 или каква и да е формацијата што ја форсира Гасперини(патем, нека ми каже некој што игравме вчера, не ми беше ич јасно во нападот како игравме, со Ето како шпиц, со Снајдер лево-десно, и Алварез по лево и во средина, и Оби и Занети како лев бек, wtf формација и поставеност) бара многу трчање, нешто што веќе го напоменавте а јас уште од декември зборам дека на Деки не му се игра фудбал и дека пола тим се влезени во некој тежок филм(подрачје на ИОсоно), чим Бенитез со неговата тврдоглавост не успеа да направи нешто, Гасперини нема шанси.Така да, ќе чекаме да се пензионираат одредени играчи, да не ги именувам, па да почнеме да градиме нов тим, а до тогаш, до тогаш ќе отидат неколку таленти во јабана...
Фараони влезе само поради една причини, која сите ја занемаривте. Причината беше влегувањето на Пато, a Фараони требаше да ги блокира нападите на Милан и да го оневозможи Пато, но луѓе, ставаш младинец на позиција која бара искуство, Фараони може ќе беше одличен како бек, но како офанзивен бек, не ме зезајте, тоа може да го играат само Маикон и Алвеш моментално, ниту еден друг играч не може и офанзивните и дефанзивните улоги да ги извршува подеднакво добро.
Моментот што го спомна Крејзи, како му ја одзема Фараони топката на Пато, како да играл 333 години фудбал, али дефанзивна задача, во напад нормално е дека ќе се изгуби.
Првото полувреме добро поминавме, но второто требаше да продолжиме, и требаше Станковиќ да излезе, да влезе Фараони место него и да влезеше Оби во средина, но...
За Станковиќ веќе ме мрзи да пишувам, пишав и пред мечот, ќе може да направиме нешто само доколку Станковиќ не се заебава, и баш поради неговото држење на топката примивме гол. Што би било кад би било...
Не очекувајте дека Морати ќе купи нешто подобро, тоа е тоа луѓе, уште од лани е ваква ситуацијата, реков дека тренерите во Интер моментално се најмал проблем, уфилманите и недопирливите играчи се најголемиот проблем моментално. Само Св. Мурињо да дојде сега може да ја оправи ситуацијата, иако и он си замина изгледа откако Морати му ги кажал неговите планови за неинвестирање....
Занети, го виде некој на утакмицава?

Ме нервираат приказни од типот на: Знаеш ли он што направил за Интер, па он е легенда.... па тоа е Занети... бла бла бла....
Ако на Занети му е до тимот он сам треба да истапи и да каже дека он повеќе не е за прв тим, дека треба некој друг да игра, но неееее.... Не знам, имам преголемо почитување за играчов....
Оби, не му памтам лоша утакмица, ниту лани, некој од Миланезиве праша дали играл Оби лани, а баш играше против нив, и мислам дека на таа утакмица се повреди, но сепак беше сосема солиден....За разлика од него, оној Нванвко, се гледаше од 20 километри дека нема да успее дечкото...
Не знам....