Многумина од вас се однесуваат ко Интер да е актуелен шампион на Италија и забораваат дека :
1. Интер минатата сезона ја заврши на второто место во Италија и оваа сезона не ја почнува како актуелен шампион како што беше сезоните претходно. Моментално друг тим ги има поставено тие шампионски стандарди.
2. Нов тренер со тактичка филозофија нетипична за било кој голем тим во фудбалска Европа, период на адаптација до сега помал од 1 месец, што е малку, Мурињо 2 ипол месеци го адаптираше тимот на 433 системот без успех. Јас бев категорично против овој систем, али кој к*р сум ја, Иосоно или ресенчанецон да збориме за тактики и курци палци, има луѓе кои се одговорни за тоа и ја целосно ги подржувам, истата подршка од моја страна ја имаше и Рафа и Лео и секој кој бил предводник на оваа екипа. Вакви ќе биле онакви ќе биле, еве ја викам тројна круна освојуваат наредна сезона, пак, буквално иста тежина има ова ко и оние плачипичкарски постови те ради системот на Гасперини те ради трансфер политиката иако летото сеуште не е завршено.
3.Клучно да се напомене, дел од фудбалерите многу касно се приклучија на подготовките ( кои реално, беа лошо синхорнизирани ) пред мечот со Милан, Занети и Цезар, голем дел од главните играчи воопшто и не се повикани ( Камбијасо, Маикон, Лусио па и Милито ), нов играч во екипата, Алварез кој допрва треба да се докажува на фудбалско ниво од кое бил светлосни години оддалечен у Велез.
Како што го разбрав Станкович, се на се тренинг периодот им трае 20 дена, реално, тоа е многу мал период за екипа со нов тренер, со нова тактичка филозофија, со нови млади играчи и со десеткуван тим ради јужно-америте.
4.Од друга страна ги имате Милан, истиот тренер, истата тактичка филозофија и 90% истиот тим од лани кој денес истрча на терен, вртете ја како сакате, они сеуште, во овој дел од годината се во (голема) предност пред тим кој сеуште е во потрага по онаа добитна комбинација, они знаат како до титула , Интер работи на тој план, deal with it, нештата не се ко до пред година дена, Милан во овој дел од годината лани беа буквално во иста ситуација со тоа што за наша жал и Интер сменија тренер па дупло им ја олеснија работата, најдобри за споредба ви се сезоните со Мур, кога другите го бркаа Интер и оној нивни поставен шампионски станард a Интер се замараше со оној друг стандард наречен титула во ЛШ.
Полека малку, за 20 дена нештата драстично и да сакате не можат да се променат, како што реков погоре Мур својот 433 систем 2 месеци го адаптираше во тимот, од подготовки каде не брилјираа до старт на сезона каде беа очајни и не наликуваа на шампион на Италија, и у првенство и во групна фаза во ЛШ.
Аll in all од играта ја не сум изненаден нит разочаран, во моментов то је то што би рекол Катанец, разочаран сум само од непрофесионалниот однос на одредени поединци ама верувам дека играчи ко Дејо, Цезар нема да се однесуваат така кога сезоната ќе започне.