Дали би сакале да имате можност да ги бришете негативните спомени?

da, taa opcija bi bila dobra koga bi bila mozna, bidejki i ubavite sekavanja se losi koga znaete deka se nepovratni ili licnostite so koi ste bile veke ne se so vas (umrele).
Taa опција е возможна (имам гледано документарец за ова) ако најдам на интернет статија поврзана со бришење спомени ќе ја постирам овде.
 
Би сакала да имав можност, да ги бришам самите негативни случки, бидејќи спомените е ирелевантно дали ќе ги бришеме или не.Случката е таа која што остава лузна во нас, претворејќи не во тоа што сме, без разлика дали ќе ја памтиме, или ќе ја бришеме од меморијата, таа ја завршила својата работа во моментот на нејзиното настанување.:place:
 
Кога би имала можност, да но не само негативните туку и некои убави спомени кои никогаш нема повторно да ми се случат (затоа што оние кои се одговорни за тие убави спомени не се повеќе на овој свет ) и тоа постојано ми задава болка која е неиздржлива
 
Сеќавањата дали добри или лоши ни се дел од животот.Со нив растеме и од нив вадиме поуки.
Но јас ама нај најискрено би сакала да избришам еден дел од мојот живот,Немав ама баш никаква корист од него.Само трауми.
 
Има една статија која ја прочитав ,која вели дека наскоро би можело да се создадат инекции кои ќе им помогнат на луѓето да ги забораваат непријатните доживувања,спомени па и своите стравови.

Дали вие би се подложиле на такво нешто?
Дали посакувате некогаш да не се сеќавате на некои работи кои сте ги направиле или кои ви се случиле?Дали би сакале да можете така како со гума да избришете и заборавите работи/стравови или сепак не? Зашто да/зашто не?

Не би сакал ништо да бришам, затоа што тие ме прават таков каков што сум, а од друга страна па, која би била поентата да ги чувам само позитивните, кога позитивните не би имале смисла и значење без негативните.
И трето, не ги делам сите тие работи на позитивни и негативни, тоа се само искуства кои ги перцепираме и доживуваме, на ваков или онаков начин, а ние самите им даваме некое „морално“ или „етичко“ значење па оттука и ги делиме на „црни или бели“. Зошто иначе различни култури за исти работи т.е. доживувања и искуства би имале третман? Сето тоа е потребно....
 
Има една статија која ја прочитав ,која вели дека наскоро би можело да се создадат инекции кои ќе им помогнат на луѓето да ги забораваат непријатните доживувања,спомени па и своите стравови.

Дали вие би се подложиле на такво нешто?
Дали посакувате некогаш да не се сеќавате на некои работи кои сте ги направиле или кои ви се случиле?Дали би сакале да можете така како со гума да избришете и заборавите работи/стравови или сепак не? Зашто да/зашто не?

Јас не би сакала, зашто негативните искуства заедно со позитивните прават да бидам она што сум денес. Ако не сум направела грешки, немало да научам нешто од тие ситуации. Се тоа ми има помогнато да созреам, без разлика што ми се имаат случено стварно доста лоши работи, ама сепак, како што реков, тие биле голем фактор за да се обликувам на овој начин, денес да бидам јас јас, и горда сум на себе. Зошто знам дека скоро се што сум денес, сум го постигнала сама без директна помош од некого... Многу погрешни и правилни одлуки ме донеле на ова место, и за ништо на светот не би сакала да заборавам колку силна сум била кога сум се борела со себе и со пречки што ми се нашле на патот.
 
Taa опција е возможна (имам гледано документарец за ова) ако најдам на интернет статија поврзана со бришење спомени ќе ја постирам овде.

ok, no stvarta e sto i ubavite spomeni se losi spomeni, primer koga ke se setam kako sum setal so baba mi, kako sum ziveel so nekoi ludje,ko dete kako bilo sto, kako bilo ubavo porano i koga ke se prisetam na toa, gubam lezet od bilo sto, si velam zar e pravedno jas da ziveam a ne se so mene onie bez koi koga ke se prisetam deka ne se tuka so mene bukvalno nemam merak za nisto.
 
Ако човек биде среќен без тие негативни спомени, може. Но тие лоши спомени се само индикатор дека сега нешто не е во ред со нашиот живот, дека сега постои некоја слабост.
 
Со проблемите стануваш посилен.. Колку ти се поголеми,толку си ти посилен.. Кога ќе сватиш дека некој се замара зошто косата му била ваква,патиката му се испрљала ќе се насмееш..Ќе сватиш дека животот и не е така лесен како што секој сака да биде..

Има моменти кои треба да се избришат кај некои луѓе,кои се премногу тешки..
 
Но јас ама нај најискрено би сакала да избришам еден дел од мојот живот,Немав ама баш никаква корист од него.Само трауми.

Во меѓувреме, додека не го избришеш, соочи го со своето вистинско совршено Јас. Совршенството во нас дреме и чека да се разбуди. Неговото одложување потсвеста не го прифаќа и ни ги праќа тие непријатни флешбекови. Се сами си правиме.
Право ни е, а и должност (за жал :)) да бидеме најсовршени што можеме да бидеме. Инаку потсвеста не знае за шега. И мозок на пасење е меч со две острици. :)
 
Иако темава е постара, еве денес прочитав уште една статија, каде повторно се спомнува “бришење“ на лоши спомени и трауми. Очигледно темава никогаш не престанува да е актуелна, па ајде малку да продискутираме, да видиме до каде сме. Дали вие би ги избришале лошите спомени или сте од луѓето кои се водат според тоа дека “она што нема да те убие, ќе те направи посилен“?

Обиди за смешки ќе бидат санкционирани со бан од тема, директно, без предупредување.
 
Се прашувам, која би била користа доколку би имало опција да се бришат негативните спомени? Се срамите од самите себеси, сакате да бидете друга личност? Зарем сите спомени, оние позитивните и оние негативните не не направиле такви какви што сме денес? Не, не велам дека ние сме само куп спомени и дека треба да се идентификуваме со нив, јас ни самиот не знам што всушност сме ние и кои сме, но секако дека ние сме последица на искуствата кои сме ги доживеале во животот.

Секое едно лошо искуство е добредојдено, макар звучело ова сурово и мазохистички. Човекот напредува, надминува најмногу преку негативните искуства, а во животот треба што повеќе искуства да се доживеат и надминат. Искуството не оформува како личности, секоја една акција има последица, преку искуствата(и добри и лоши) учиме за животот, понекогаш страдаме, анализираме и знаеме како да се справиме со истата ситуација наредниот пат, не прават посилни и поснаодливи. Дали знаете дека човековиот мозок е најактивен кога личноста страда или пак е во проблеми, тогаш неговата активност е на многу повисоко ниво барајќи решение и излез од ситуацијата?

Секој во себе носи лоши спомени кон кои се навраќа честопати во животот и кои се извор на тага и несреќа. Замислете личност на која цел живот и се случуваат убави работи. Јас во таа личност гледам имбецил, ништо повеќе, таа не може да биде спремна да се соочи со тешкотијата на ударите на животот кој секогаш сака да те мава искушувајќи ја твојата големина и издржливост.

Не, лошите спомени треба да се чуваат, бидејќи поради нив сме денес и овде, без разлика колку и да се негативни и колку и да не повредиле/повредуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom