Ајдеееее....Штом во блаженстава, кои ги наведе Богочовекот, најдеш дека пишува оти неспособните биле блажени, слободно јави ми на форумов-ја су трпелив и ќа Те сачека да го најдиш тој стих.
А што се тиче изумирањето на „неспособните„ то е чист дарвинизам и социјал-дарвинизам, на кој се заснова(ше) фашизмот. Ногу корисна работа да ти битид то дарвинизмо....
--- надополнето: Jul 22, 2011 2:45 PM ---
Море, убо велиш. И ај сеа, кажи ми, то истражувајната на природата, колку трајни вистини ни дадоа до ден-денешен? Една, две, три, пет?....
Јас да ти барам стихови од „твојата света книга“, тоа ќе бараш од други! Ти ќе го најдеш стихот и ќе ми кажеш зошто е така... зошто неспособните да се блажени а другите не.
Дарвинизмот на пракса добро се држи... Ок, имаме ги црвен крст, здруженија разни кои повеќе перат пари отколку што помагаат на неспособните, ама ајде... тоа е секако друга тема...
Фашизмот лошо го искористи сето тоа... тоа му е грешката! Присилен дарвинизам е лошо
Но убав, тивок природен тек на настаните и неспособните ќе ги нема...
Нормално, ќе бидат блажени во некое „царство“ таму некаде, во облаците
Инаку природните науки дадоа премногу вистини... Зарем не е точна науката во својот став дека ние сме создадени од атоми, зарем не ги занеме законите како да ги управуваме тие атоми и честици? Зарем науката греши кога докажа дека земјата е парче карпа која се тркала низ просторот, и најде закони и формули за да може да се патува и надвор од земјата?
Зарем твојот монитор моментално што ти дава слика, не подлежи и работи на 100-тина закони кои не ги даде твојата црква, туку науката!
Зарем науката не најде начин за лечење на толку многу болести?
Зарем струјата дома ти ја даде црквата и нејзините бладања? Зарем не е за тоа заслужна науката?
Сакаш да ти се објаснат тие закони? Па еднаш кажав, научи како да пресметуваш волумен на радијатор, па ќе преминеме на објаснувања на законите на природата и човекот!
Сакаш науката да ти ги даде вечните одговори на животот и смртта? Можеби и ги има дадено, но прашање е: Кој си ти за да ги знаеш тие закони?
Црквата што ти понуди тебе, па се буниш против науката? Утеха преку надеж за доаѓање на некаков спасител и дека од утре се ќе ти биде под конец?
И да дојде, еднаш беше распнат, пак ќе биде... Луѓето се моќ
Затоа и си заминаа боговите од лицето на земјата! Одамна