Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Никој не рече дека е попаметен. Уствари како можам да бидам попаметен од нешто што го нема ?
И мојата будност не им дава на вирусите многу простор, иако се собирани со милиони години не е страшно.
Како мрак што бива победен со светлина така програмите ги снемува со појавата на свеста.
Многу нешта има, само твојот испрограмиран ум не може да види, не ти го убациле тоа у програмот. Далеку си од буден, ти буден сонуваш. Разбуди се и напушти ја програмата во која си влезен.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Многу нешта има, само твојот испрограмиран ум не може да види, не ти го убациле тоа у програмот. Далеку си од буден, ти буден сонуваш. Разбуди се и напушти ја програмата во која си влезен.
Хахахх иронична ситуација имаме. Нема везе нека биде така како што викаш.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.944
Поени од реакции
12.540
Ајде сите разбудете се не туку се расправајте....зборува Архитектот преку Морфеус, време е за дневната доза:

 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
3. „Коледе„ не е пагански празник, но за беља, кај нас има пагански примеси;: доволно е да слушнеме која глупост ја пеат коледарчињата!
3. Поимот „паган„ има старо словенско потекло, кој изворно се пишува како „поган„, што значи „лош човек (или народ, сеедно...), а кој поим се однесува на паганите, .т.е. на народите кои вистинскиот Бог го заменија со нивните измислени богови и ним им приредуваа пагански обичаи и принесување жртви.
1. Срамота е да кажеш дека е беља почитувањето на традицијата и културата која ни ја оставиле нашите предци.
2. Празниците не се пагански, напротив, начинот на празнување има многу пагански елементи.
3. Кога паганските обичаи не би биле прифатени и молчешкум одобрени од институциите (во конкретниов случај православната црква) тогаш религијата немало да биде прифатена од народот.
4. Интересно е твоето објаснување на зборот паган ... велиш лош човек, гледам и интересни преводи од тип безбожник (конкретно на Премин), и сл. Не ми е јасно како некој може да каже дека човек кој верува е безбожник затоа што не верува во истиот бог (туку верува во друг или поточно во повеќе богови), а уште помалку го разбирам твоето толкување на зборот: поради тоа што е паган да биде лош човек.
5. Временски гледано паганите постоеле и пред вас - христијаните (иако тогаш нормално никој не ги именувал така). Значи, поточно би било, христијани (меѓу другите) станаа и паганите кои своите богови ги заменија за тогаш новопромовираниот.

Мики, убаво е да веруваш, се радувам за тебе. Убаво е верата да заземе вистинско место во твојот живот затоа што гледам дека тоа те исполнува, но сепак не дозволувај твојот живот да биде верата, тогаш нема да бидеш ништо подобар од оние кои не веруваат. Патем немој да си гли плукаш предците иако биле пагани, сепак имаш нивна крв во тебе и благодарение на нивното „будење“ си станал христијанин. И за крај ... немој тука на форум да тресеш такви пропагандни глупости (не е само овој последниов бисер имаш повеќе такви смешни и неиздржани) ... можеби не повеќето, но сепак добар дел од нас знаат во груби црти како се развивале религиите.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
.....но сепак не дозволувај твојот живот да биде верата, тогаш нема да бидеш ништо подобар од оние кои не веруваат.
А какви сме тоа ние кои не веруваме???? Баба роги ли?
Што ти беше поентава на муабетот?

А демек ти си во “ни едните ни другите“?????
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
А какви сме тоа ние кои не веруваме?
Темата е прашања до атеистите, а како ти имаш таков ник, мислам дека си навистина атеист. Па би сакал да те прашам нешто? Дали си православен?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
А какви сме тоа ние кои не веруваме???? Баба роги ли?
Што ти беше поентава на муабетот?

А демек ти си во “ни едните ни другите“?????
Незнам пријателе каков си ти освен дека си неверник. Веројатно поентата не ја разбираш затоа што пораката не ти беше упатена на тебе, но со неа ама ич не мислам да те навредам тебе и другите кои се неверници. Претпоставувам дека Мики ќе има своја вистина за напишаното „ништо подобар од оние кои не веруваат“. Како и да е ... ако ми дозволите да не се класифицирам, јас не осеќам дека припаѓам ниту во едните ни во другите.

Темата е прашања до атеистите, а како ти имаш таков ник, мислам дека си навистина атеист. Па би сакал да те прашам нешто? Дали си православен?
Ако е атеист неможе да биде православен. Следно нелогично прашање кое е?
 
Член од
19 септември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
7
Без верба не можеш да постигнеш ништо. Без оглед кој е твојот Бог, која е твојата религија.

точно така ... треба да се има верба .... но верба во СЕБЕ , својата фамилија , своите најмили, пријатели... а не во натприродни непостоечки работи...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Без верба не можеш да постигнеш ништо. Без оглед кој е твојот Бог, која е твојата религија.
Малце е америчка, ама мислам дека ќе збрка работа:



Ако те курчат америте, еве една сеопфатна листа на атеисти кои ништо не постигнале во животот: http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_atheists

Малце е огромна, па поделена е у категории, по полиња на придонес кон човештвото. Радо би погледнал една таква сеопфатна листа на теисти кои исто толку придонеле кон човештвото. Не мора да е толку опсежна - само да ја видам сакам. Ако може.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
А ти дали си правосалвен?
Однапред се извинувам, но еве и за ова ќе ти одговарам. Атеист е ... значи не е православен. Се надевам дека ќе го уважиш извинувањето.

--- надополнето ---

Малце е америчка, ама мислам дека ќе збрка работа:



Ако те курчат америте, еве една сеопфатна листа на атеисти кои ништо не постигнале во животот:

Малце е огромна, па поделена е у категории, по полиња на придонес кон човештвото. Радо би погледнал една таква сеопфатна листа на теисти кои исто толку придонеле кон човештвото. Не мора да е толку опсежна - само да ја видам сакам. Ако може.
Не се некои од овие масони? Масонството само по себе има елементи на религиозна институција, верување во незнам веќе што. Можеби само не припаѓале на најмасовните религиски организации, но дека биле атеисти се сомневам.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не се некои од овие масони? Масонството само по себе има елементи на религиозна институција, верување во незнам веќе што. Можеби само не припаѓале на најмасовните религиски организации, но дека биле атеисти се сомневам.
Некои може биле, шо знам. Мислиш дека масоните се теисти? Ја би ги стаил кај Луци фанови, онака филозофски...

Сеган, Дарвин, Хемингвеј, Ајнштајн, Вонегат, Линколн сигурно не биле. Овој белиов ако е Вашингтон, може и да бил, да ѕирнеме, а за Бенџи не би се изненадил. Секако, мислам дека поентата е направена. Поготово со сеопфатната листа во прилог ;)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.195
Поени од реакции
30.373
Некои може биле, шо знам. Мислиш дека масоните се теисти? Ја би ги стаил кај Луци фанови, онака филозофски...

Сеган, Дарвин, Хемингвеј, Ајнштајн, Вонегат, Линколн сигурно не биле. Овој белиов ако е Вашингтон, може и да бил, да ѕирнеме, а за Бенџи не би се изненадил. Секако, мислам дека поентата е направена. Поготово со сеопфатната листа во прилог ;)
Нели е малце дебилно да се чукаш у гради за туѓа слава?
Ако делите исти идеали, не значи дека делите ист памет.
Али ај нека те потапшаат по рамо, чим тоа те прави среќен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom