Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Kako sto edinstveniot fakt poradi koj e odrzliva Teorijata na Evolucija e nepostoenjeto na druga relevantna teroija priznaena od mnozinstvo za razvojot na homosapiensot, taka Crkvata na mnogu povulgaren nacin ja koristi nemoznosta na nekoi teorii da bidat observirani vo realno vreme, za da tie mali nedoslednosti gi pretvori vo svoi "relevantni" dokazi, a za toa nema nikava osnova.
2-3 поста каде ова го спомена трпеливо и љубезно ги изигнорирав. Сега би те замолил да ја елаборираш својата скепса во врска со Теоријата на Еволуција.

Кој дел од ТЕ не ти е за верување?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дека окултизмот е стар речиси колку и човештвото, па то чак и ја го велам и во однос на мене, не си „повеќе„ во право-но прескокаш она кое беше битно за мојот одговор, а тоа е прашањето кое беше до мене упатено од Мачорка. Имено, прашањето беше, зашто/кои науки ги сметам за псевдо-науки па како одговор, го наведов и окултозмот, но не било кој окултизам, кој постои со векови, туку токму окултоимот, во рамките од науките, поточно, психологијата, зачнат од психологот тој и тој (К. Јунг) а не од Алистер Кроули.

Према томе, пред да коментираш, прочитај повнимателно а се само нешто да пишеш колку да пишеш, со стилот. „...Еве сеа ќе го зезнам МИКИ1...„.
Нема потреба јас да пишувам за да те зезнам, сосема добро самиот го правиш тоа.
Инаку непрескокам јас ништо, прашањето небеше упатено од мачорка до тебе, туку од Мики1976 до тебе. Еве го прашањето:
Miki1976 напиша:
2. Ок ќе одиме по оваа дефиниција. Како е поврзана парапсихологијата со контактирање со демоните. Дали телекинезата, телепатијата, емпатијата, обидите за контрола на енергијата итн.. , како составен дела од оваа ПСЕВДОНАУКА се спротивставуваат на црквата. Дали се што не и одговара на црквата е ОКУЛТИЗАМ? Тоа е вистинското прашање.
По што ти му одговори...(иако не си атеист, а темава е прашања за атеистите нели), дека окултизмот бил зачнат од Карл Јунг! Во тој одговор никаде непишуваше "окултизам во рамките на науките".
Нели имаше заповед во твојата света книга кој вели нелажи?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сепак мислам дека статистиката односно бројот на верници и празните храмови, бројот на сиромашни и полните кафеани и се поголемиот нивни број...не мора да се релевантни, а мислам и дека не се без други показатели.
Да, тоа и ми беше муабетот, но пошто статистиката не ми е омилена тема, не сакав да „тапам„.

Имено, ако „официјалната„ статистика во Македонија е точна, а според кој има(ме) 33%-на невработеност, тоа би значело една видлива и мерлива социјална (улична) експлозија од незадоволство од „сиромаштијата„. А што гледаме? Токму спротивното: луѓе кои цел Божји ден не излегуваат од кола (во секоја кола се вози само возачот, на сред работно време!), во јули и август, пола од македонците се „у грча„ и „у турска„ на летен одмор, има се повеќе скапи возила низ градов, а како опозит на претходно кажаното, македонците, ѓоамити, сме биле ептеееен сиромашни и со низок стандард!

Па добро, која е таа сиромаштија која вози кола по цел ден, со користење скапи горива!? Имаме невработеност и сиромаштија оти така ни кажаа од статистика?

Или, каде се оние 1 280 000 православни македонци во недела, на литургија? Па според таа цифра, би требало секој ден саде црковни храмови да градиме, оти постојниве ни се малку!
--- надополнето: Jul 22, 2011 11:32 AM ---
Ако сакаш прочитај ја Психологија и Алхемија од Карл Јунг. Таму се обидува преку познати научни методи да ја докаже валидноста на алхемијата... Ќе ти се растераат маглите од „окултното“ на Јунг!
Ќе ти биде јасно за психологијата, за тумачење на соништа, за врската помеѓу алхемиските симболи и умот... Тестовите кои што се правени со сонивите, се правени врз Паули, оној научник што го измисли ласерот! Окултното на Јунг :) Ах ах...
Карл Јунг и Кроули не се далеку :) Само ако си ги читал делата и на двајцата... и нивниот живот :)

Мики1, научи си ги темите на кои дрдориш. Онака се ќе ти биде псевдо-наука!
Леле трескање зелени... аман :)
Така е Heptagram, така е! Толкувањето на сонишата и симболите се „правата„ психологија!

Или, црковно кажано, тоа е муабетње со демоните!

А што се тиче Паули, па сведоци сме на масовната појава на интересот кон окултизмот, кој го пројавуваат не „обични„ анонимуси, туку токму славни фаци од шоу-бизнисот! Научниците не се исклучок од тоа-и ним славата им е битна работа во животот, исто како и славата по која тежнеат музичарите или филмските артисти!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.783
Поени од реакции
12.252
Мики1976, Ејсид еднашка помина со метла, да не го прајме бељата...но ете, ако е во врска со религијата, еволуцијата...се надевам муабетов ќе е во склоп на темите.
Мене ме чуди леснотијата на прифаќање на СИГУРНИТЕ РАБОТИ ОД БИБЛИЈАТА.
Случувањата, историјата, верувањата,...воопшто (освен одредени историски настани) самата Библија не би ни пробувал да ја проверувам статистички затоа што ...затоа што прво не знам какви показатели и методологија ми се потребни, друго би било 200 страни зборевме дека факти не постојат, постои верување, а за верување како инпут во статистички модел не може да стане збор. Може да стане збор само за појава изразена преку реален поточно на цел број.Не знам дали на ова мислеше со споменување на статистика, веројатност и религија.

Тука е и проблемот во гречното толкување на веројатноста. Зашто е чудовишна аномалија, од која перспектива е гледано тоа? Чудовишна наомалија ли е да се наредат така во услови како што се на Земјата?
Како изолирана појава, се однесува на една единка и веројатноста без да се земаат предвид параметрите еволуција, старост на животот, вселената, живот вон земјата, околина... замисли да не знаеш ништо за овие показатели, едноставно да ти постават една сецирана човечка единка пред тебе.
За докажување на физички недокажливото интересна е мислата на Галуп
Ова е негова мисла, а да го оспоруваш Галуп не знам колку би било полезно...сепак голем статистичар, зачетник на истражување со примерок, без кое е невозможно да добиеме ниту една десетина од сегашните информации за светот. Ние само можеме да го толкуваме неговото мислење.

Најверојатно онаа дека сите луѓе имаат по еден тестис не е спорна.
Статистиката во религиите, абиогенезата, не знам...тешка работа за примена. Овие нешта за мене се немерливи.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Kako sto edinstveniot fakt poradi koj e odrzliva Teorijata na Evolucija e nepostoenjeto na druga relevantna teroija priznaena od mnozinstvo za razvojot na homosapiensot, taka Crkvata na mnogu povulgaren nacin ja koristi nemoznosta na nekoi teorii da bidat observirani vo realno vreme, za da tie mali nedoslednosti gi pretvori vo svoi "relevantni" dokazi, a za toa nema nikava osnova.
2-3 поста каде ова го спомена трпеливо и љубезно ги изигнорирав. Сега би те замолил да ја елаборираш својата скепса во врска со Теоријата на Еволуција.

Кој дел од ТЕ не ти е за верување?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
Така е Heptagram, така е! Толкувањето на сонишата и симболите се „правата„ психологија!

Или, црковно кажано, тоа е муабетње со демоните!

А што се тиче Паули, па сведоци сме на масовната појава на интересот кон окултизмот, кој го пројавуваат не „обични„ анонимуси, туку токму славни фаци од шоу-бизнисот! Научниците не се исклучок од тоа-и ним славата им е битна работа во животот, исто како и славата по која тежнеат музичарите или филмските артисти!
И Исус зборуваше со демони и зборуваше преку симболи... Ништо лошо нели... :)
Сведоци сте на масовна појава... Уф, па фала што ме постави во групата на славни фаци :)
Инаку славните трчаат по слава и ја добиваат со секс, пари, врски... :) Ако ова ти е окултно и демонски, тогаш никогаш да немаш пари, ниту секс ниту пак врски :)

И пак бладаш, како да разговарам со дете... ти велам прочитај ја книгата Психологија и алхемија, најмногу е врзана со наука и окултно, потоа некои дела на Јунг, види малку што е психологијата на Јунг и што правел тој Јунг...

Остави ја црквата да си ги гони таксите и венчавките, и фаќај го Јунг за муда за да знаеш што зборувал човекот... Не го споменувај напразно...
А за црквата што зборува... хм... Црквата и психологија... црквата и човекот се две различни нешта... Црквата не го разбира човекот, туку сака човекот да ја разбере неа... Е нема да може...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
. Црквата и психологија... црквата и човекот се две различни нешта... .
..или поточно кажано: Heptagram и Црквата не се две, туку „х„ различни нешта. Така, наместо да бладаш и да пишуваш афирмативни постови за све што е окултно, запознај се троа и со црковната вистина, која е БИТНО поинаква од сите овосветовни „вистини„.
 
I

Iblis

Гостин
2-3 поста каде ова го спомена трпеливо и љубезно ги изигнорирав. Сега би те замолил да ја елаборираш својата скепса во врска со Теоријата на Еволуција.

Кој дел од ТЕ не ти е за верување?
Не се нервирај другарче, човекот е верник, така да он ќе си верува во она што му одговара, а за Мики1 Еволуцијата на видовите не е наука, теорија е и истата ни објаснува зошто и како се развивале организмите т.е. живиот свет. Е сега ќе кажеш дека тоа е "срање" (мислам на поставката "преживување на анјспособниот" и природна селекцција) и ќе земеш про-религиски пристап, било чисто библијата, креационизам, интелегентен дизајн, ама факт е дека нема непосреден ниту посреден доказ за постоење на "дизајнерот", па така Теоријата на еволуција се бави само со непосредните ефекти, појави и последици во развојот на живиот свет. Верувал или не тоа си е твое, макар што сум сигурен дека ти ништо не би прифатил ако во него нема причинско-последична поврзаност индуцирана или директно спроведена од бог.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
2-3 поста каде ова го спомена трпеливо и љубезно ги изигнорирав. Сега би те замолил да ја елаборираш својата скепса во врска со Теоријата на Еволуција.

Кој дел од ТЕ не ти е за верување?
Мислам дека имавме доволно дискусија во некоја друга тема. Не ми се допаѓа еволуцијата меѓу видовите. Елементарно кажано не ми се допаѓа теоријата дека јас и мајмунот имаме заенички предок (без некои конкретни докази нели) , ушт епомалку дека и јас и кајсијата имаме заеднички прапредок и се така до првата праклетка. Едноставно повеќе ми лежат некои други сензационалистички теории за настанокот на хомосапиеснот. Но додека не заземат асвое место во науката, немам избор ќе ја користам ТЕ со скепса во деловите на еволуцијата меѓу видовите.

Секако тоа не значи дека сме направени од кал нели :) Едноставно ТЕ ми е субјективно неприфатлива во одредени делови

И овде ќе надоврзам прашање до тебе, дали доколку некоја друга теорија која со факти и податоци, во скоро време, ќе укаже на мешање на вонзмеска интилигенција, ти би ја прифатил?

--- надополнето: Jul 22, 2011 12:34 PM ---
Мики1976, Ејсид еднашка помина со метла, да не го прајме бељата...но ете, ако е во врска со религијата, еволуцијата...се надевам муабетов ќе е во склоп на темите.
Случувањата, историјата, верувањата,...воопшто (освен одредени историски настани) самата Библија не би ни пробувал да ја проверувам статистички затоа што ...затоа што прво не знам какви показатели и методологија ми се потребни, друго би било 200 страни зборевме дека факти не постојат, постои верување, а за верување како инпут во статистички модел не може да стане збор. Може да стане збор само за појава изразена преку реален поточно на цел број.Не знам дали на ова мислеше со споменување на статистика, веројатност и религија.

Како изолирана појава, се однесува на една единка и веројатноста без да се земаат предвид параметрите еволуција, старост на животот, вселената, живот вон земјата, околина... замисли да не знаеш ништо за овие показатели, едноставно да ти постават една сецирана човечка единка пред тебе.
Ова е негова мисла, а да го оспоруваш Галуп не знам колку би било полезно...сепак голем статистичар, зачетник на истражување со примерок, без кое е невозможно да добиеме ниту една десетина од сегашните информации за светот. Ние само можеме да го толкуваме неговото мислење.

Најверојатно онаа дека сите луѓе имаат по еден тестис не е спорна.
Статистиката во религиите, абиогенезата, не знам...тешка работа за примена. Овие нешта за мене се немерливи.
У принцип да, требаше да укажам дека Статистиката не е ПСЕВДОНАУКА. Вака ќе забегаме на други полиња.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
..или поточно кажано: Heptagram и Црквата не се две, туку „х„ различни нешта. Така, наместо да бладаш и да пишуваш афирмативни постови за све што е окултно, запознај се троа и со црковната вистина, која е БИТНО поинаква од сите овосветовни „вистини„.
Нормално дека сме различни! Истото го зборувам и јас дека треба да сте различни... ти се трудиш да ја разбереш црквата, но таа тебе не те разбира (а и никој не те разбира на форумов де) бидејќи ти си овосветовен, а црковната вистина виси помеѓу твоето постоење и надежта за подобро утре!
Надеж имаат неспособните... но тие пак се блажени... аман, блажени... неспособните од кога се блажени не знам :)
Запознаен сум со црковната „вистина“... Зарем не гледаш што прашувам на христијанските подфоруми, само нема некој друг запознаен да ми одговори, ми даваат одговори како рекол Златоуст, како рекол не знам кој... И писмото останува неодгатнато...
Можеби и сум бил во манастир :) Или пак на богословскиот факултет... Се си бидува нели... И точно многу поразлична од овосветовната е вистината на црквата (да не ја ставам во наводници, црквата не дава вистина, дава надеж и ништо повеќе, и тоа скапо наплаќа за истото), така што таа црква заборавила дека е овосветовна :)
п.с. Обратна психологија((ах ете пак психологија), може да сум христијанин, но да се правам дека не сум, да ви го видам духовниот развој... кој што некако, слабо оди по скалилата нагоре :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нормално дека сме различни! Истото го зборувам и јас дека треба да сте различни... ти се трудиш да ја разбереш црквата, но таа тебе не те разбира (а и никој не те разбира на форумов де) бидејќи ти си овосветовен, а црковната вистина виси помеѓу твоето постоење и надежта за подобро утре!
Да де, да бев овосветовен, сеа ќе пишуев афирмативни постој за еволуцијата и за статистиката, како за „докажани вистини„...:D
--- надополнето: Jul 22, 2011 12:59 PM ---
Надеж имаат неспособните... но тие пак се блажени... аман, блажени... неспособните од кога се блажени не знам :)
Ме навреди, ептен, признавам...:D
Ама никако не можам да ја видат Твојата способност....
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:00 PM ---
Запознаен сум со црковната „вистина“...
Тоа е појќе од „очигледно„...:D
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:02 PM ---
Можеби и сум бил во манастир :) Или пак на богословскиот факултет... Се си бидува нели...
Скопско-и све е можно. Да...
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:03 PM ---
.. кој што некако, слабо оди по скалилата нагоре :)
Мислиш на себе, така? Се согласувам...:D
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мислам дека имавме доволно дискусија во некоја друга тема. Не ми се допаѓа еволуцијата меѓу видовите. Елементарно кажано не ми се допаѓа теоријата дека јас и мајмунот имаме заенички предок (без некои конкретни докази нели) , ушт епомалку дека и јас и кајсијата имаме заеднички прапредок и се така до првата праклетка. Едноставно повеќе ми лежат некои други сензационалистички теории за настанокот на хомосапиеснот. Но додека не заземат асвое место во науката, немам избор ќе ја користам ТЕ со скепса во деловите на еволуцијата меѓу видовите.

Секако тоа не значи дека сме направени од кал нели :) Едноставно ТЕ ми е субјективно неприфатлива во одредени делови

И овде ќе надоврзам прашање до тебе, дали доколку некоја друга теорија која со факти и податоци, во скоро време, ќе укаже на мешање на вонзмеска интилигенција, ти би ја прифатил?
Секако дека би ја прифатил!

Ми се допаѓа дека акцент стави на субјективното доживување.

Не ми се допаѓа дека ТЕ ја ставаш во контекст на човекот, па субјективно одлучуваш да го негираш механизмот на еволуција (+ диверзификација) кој е ОЧИГЛЕДЕН и НЕОСПОРЕН.

Сигурен сум дека не ја оспоруваш генетиката, која е бесмислена доколу ТЕ е невалидна. Со неа и целата современа медицина е само слепо нагаѓање и неверојатна среќа во несумичните обиди на лаборантите.

Сигурен сум и дека не ја оспоруваш палеонтологијата која ја потврдува еволуцијата (и диверзификацијата на живиот свет) на секој чекор.

Сигурен сум и дека филогенетското дрво не ти е непознаница и се надевам дека субјективизмот (пустата желба да немаш извонредно далечен заеднички предок со кајсијата) не ти ја нарушува перцепцијата на поврзаноста на сиот жив свет на Земјата.

Инаку, искрено се надевам дека желбата да си суштински поинаков од бонобото нема да те однесе во несериозен флерт со сензационалистички (но никако научни) теории за диверзификација.

И јас сум романтичар. Штета што нема никаков издржан доказ за панспермијата или alien intervention.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
Да де, да бев овосветовен, сеа ќе пишуев афирмативни постој за еволуцијата и за статистиката, како за „докажани вистини„...:D
--- надополнето: Jul 22, 2011 12:59 PM ---

Ме навреди, ептен, признавам...:D
Ама никако не можам да ја видат Твојата способност....
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:00 PM ---

Тоа е појќе од „очигледно„...:D
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:02 PM ---

Скопско-и све е можно. Да...
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:03 PM ---

Мислиш на себе, така? Се согласувам...:D
Не беше целта да те навредам... ако си навреден, твој проблем :) Црквата во својата вистина вели блажени се неспособните тие ќе наследеле кралство (ах пуста желба човечка да бидат кралеви сите), природата пак преку нејзината вистина вели, неспособните ќе изумрат...

Која вистина да следиме? Црковната? NOT! :)
Природата да ја следиме... а за да ја следиме, ќе мора да изучуваме природни науки, а не учење напамет молитви....

П.С. За тоа дека се е можно со црквата, да можно е... тука во Македонија па и насекаде :) Бидејќи таа има се во вистина другите никако :)
Но, црквата си го сработи своето, сега сме ние на ред, обичните смртници :)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Секако дека би ја прифатил!

Ми се допаѓа дека акцент стави на субјективното доживување.

Не ми се допаѓа дека ТЕ ја ставаш во контекст на човекот, па субјективно одлучуваш да го негираш механизмот на еволуција (+ диверзификација) кој е ОЧИГЛЕДЕН и НЕОСПОРЕН.

Сигурен сум дека не ја оспоруваш генетиката, која е бесмислена доколу ТЕ е невалидна. Со неа и целата современа медицина е само слепо нагаѓање и неверојатна среќа во несумичните обиди на лаборантите.

Сигурен сум и дека не ја оспоруваш палеонтологијата која ја потврдува еволуцијата (и диверзификацијата на живиот свет) на секој чекор.

Сигурен сум и дека филогенетското дрво не ти е непознаница и се надевам дека субјективизмот (пустата желба да немаш извонредно далечен заеднички предок со кајсијата) не ти ја нарушува перцепцијата на поврзаноста на сиот жив свет на Земјата.

Инаку, искрено се надевам дека желбата да си суштински поинаков од бонобото нема да те однесе во несериозен флерт со сензационалистички (но никако научни) теории за диверзификација.

И јас сум романтичар. Штета што нема никаков издржан доказ за панспермијата или alien intervention.
Хех, далеку од тоа дека го негирам механизмот на еволуцијата во рамките на еден вид, напротив апослутно го прифаќам.
Уште помалку ја негирам генетиката како област, која исклучиво се занимава со генетските мутации.
Имам работено со врвни генетичари од Франција во изработка на софтвер за препознавање на евентуална аномалија на крв кај фетус, при давање трансфузија на бремена мајка. И Истите тие на прашањето за настанокот на човекот во рамките на ТЕ многумина се насмеаја и искоментираа во стилот зарем стварно има некој што мисли дека човекот и мајмунот имаат ист предок? И кога ќе ги прашаш кој е нивниот став - велат немаме одговор сега за сега, битно човекот е тука на планетава и наше е да го запознаеме неговото тело што поубаво и подлабоко, што мене ми се допаѓа како размислување.
Значи ова се зборови на луѓе генетичари, трансфузиолози, гинеколози и педијатри вработени во Министерство за здравство на Франција.

Воопшто немам намера да ја негирам палеонтологијата, напротив сметам дека таа е клучот за можеби нова романтична теорија, или целосно потврдување на ТЕ.

Овој твој цитат "И јас сум романтичар. Штета што нема никаков издржан доказ за панспермијата или alien intervention." ќе го сфатам како потврден одговор дека доколку панспермијата или alien intervention понудат релевантни докази ти би ги прифатил, што искрено ме радува, бидејќи тоа значи слично размислуваме.

И да секако дека овој став е мој субјетивен околу ТЕ, и ставот на докторите во Париз беше исто така субјективен.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
еј јас имам едно прашање со кој ке игра уругвај на финателто на копа америка не слупанв убаво на телевизорот дамн
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
еј јас имам едно прашање со кој ке игра уругвај на финателто на копа америка не слупанв убаво на телевизорот дамн
ФК православие VS ФК Адвентисти :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom