Dexter

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Јас Декстер го почнав од 4та сезона. Ја изгледав прво 4та па после се вратив од прва и по ред до крај. За 5та сезона читав тука не многу добри критики и не очекував многу. Ама според мене е доста добра, уствари ниедна сезона не е лоша.
--- надополнето: Jul 17, 2011 7:36 PM ---
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
“Who are you Kyle? What is it you want?” – Arthur Mitchell
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
“Miguel couldn’t. My father couldn’t. Can anyone live, with the truth, of what I am?” –Dexter
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ќе биде ептен bloody следнава сезона. Не ми се чека до 2ри октомври :confused:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
На Fox Crime почнаа да ја даваат 4-та сезона. Ај погодете од трипати на овој однесениов од Норвешка која му била омилена серија?

П.с -"Daddy kills people. Bad people"
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Интересна серија.Занимливо е да се најде сериски убиец кој убива лоши луѓе.Исто така ме изненади местото каде се одвива дејството-наместо вообичаениот Њујорк,го имаме sunny Miami.

Првата сезона ја завршив и ги изгледав првите 2 од втората.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Супер е, досега најдобра серија што сум ја гледал. Имам уште 1-2 епизоди од 3 сезона ама според мене засега 1 сезона беше нај-нај, едвај чекам да видам што ќе се деси со нигерот Мигел :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Анализа на Декструс од страна на kafepauza.mk​

ТВ серија за убиствата, правдата и семејството


Главни ликови: Мајкл С. Хол, Џенифер Карпентер, Лорен Велез, Дејвид Зајас, Џули Бенз​
Креатор: Џејмс Манос Џуниор​
Жанр: криминал, драма, мистерија, трилер​
Времетраење: 55 мин.​
Датум на прво прикажување: 1 октомври 2006​
Јазик: англиски и шпански​
Број на сезони: 4 (x 12 епизоди)​
Следна епизода: 26 септември 2010​
Веб-сајт: http://www.sho.com/site/dexter


Приказна: Декстер Морган е форензичар во полициската станица во Мајами каде работи како експерт за анализа на шаблони во распрскување на крв. Извршувајќи ги своите дневни обврски кон работата и посветувајќи им го секогаш потребното внимание на своите најблиски, навечер сепак наоѓа време да живее сосема поинаков живот – живот на сериски убиец.


Но, Декстер Морган не е таков убиец кој ќе го мразите и презирате. Напротив, тој може да стане ваш херој. Тој ги следи оние кои го прекршиле законот и некому нанеле зло, но некако успеале да и избегаат на затворската казна. Тој работи според однапред утврден ред и правила. Не остава ништо на случајноста. Ладнокрвен е и искрен кон себеси, свесен е дека е монструм, но сепак игра итро за да не биде фатен.​


Секоја сезона е посебно заокружување, но токму кога ќе помислите дека веќе нема што да се случи, приказната добива нов тек, уште подобар и понеочекуван од претходниот.​
Серијата Декстер се базира на две новели од Џеф Линдзи „Нежно посветениот Декстер“ и „Мрачните соништа на Декстер“.​


Интересни податоци: Играјќи ги братот и сестрата во серијата, Мајкл С. Хол (Декстер) и Џенифер Карпентер (Дебра Морган) се земаа на 31ви декември 2008 година.​
.

Дебра: „Зошто никогаш не правиме муабет како брат и сестра?“
Декстер: „Нашиот татко беше полицаец, ти си полицаец, јас работам за полицајците… за нас, ова е муабет за брат и сестра.“

Името на главниот лик Декстер е во релација со значењето на зборот dexterity (вештина, спретност). Овој збор се дефинира како ментална способност или брзина, подготвеност и грациозност во физичка активност, особено вештина и леснотија за користење на рацете.​


Кога и како да ја гледате? Веројатно ако се одлучите за ваква серија, вашето срце може да ја издржи возбудата и исчекувањето кои со неа доаѓаат. Според тоа, за вас е сеедно кога ќе ја гледате, но најдобро правете го тоа кога сте сами и во темница. Така, нивото на адреналинот во вашиот организам ќе се покачува и ќе си дозволите вистинско доживување на неочекуваното.​
.

Живеев во темнина долго време. Со годините моите очи се прилагодија додека темнината не стана мојот свет и можев да гледам.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И така официјално Декструс од 3 октомври...Многу бе, проклето долго трае ова лето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom