The Wire

  • Креатор на темата Креатор на темата Harry the dog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Серијата паралелно следи повеќе приказни кои на разни начини се преплетуваат низ настаните. Од една страна имаме нарко картел од Балтимор, кој што умешно ја врши својата работа и добро ги познава правилата на игра, а од другата страна е една мала полициска единица која се обидува да ја открие играта. Одлично е прикажана психолошката страна на секој од ликовите и како се снаоѓаат во хиерархијата на нивната професија. Серијата е полна со непредвидливост, секоја нова епизода носи нови изненадувања. Одлична приказна и совршен избор на глумци, голем дел од ликовите се базирани на вистински личности. Исто така вреди да се спомне дека Милчо Манчевски има режирано една епизода од оваа серија (во првата сезона). Еве неколку клипови од серијата:
 
9.7 има на IMdb :eek:
фатив некоја епизода на мтв1 ја даваа квалитетна серија.
 
Одамна сакам да ја почнам, кога видов на имдб оценката не ми се веруваше. Ќе биде и серијава некогаш ваљда изгледана.
 
Мене ми е одамна на download листа во uTorrent... Уште да имав време да ја изгледам добро ќе беше :(
 
Квалитетна серија. Некогаш ја фаќав на мтв1 и ми остави позитивен впечаток. Денес ја слегов сезона 1 и сигурен сум дека направив добар избор за серија. Пред се ми се допаѓа тематиката, а и одличната глума во серијата :)
 
9.7 не е ништо за серија на imdb.

Него коа планирав почнав Sopranos и не и дојде ред на оваа. Се тешам дека секад иам квалитетна серија за гледање кога ќе нема што да се гледа. :)
 
Квалитетна серија. Некогаш ја фаќав на мтв1 и ми остави позитивен впечаток. Денес ја слегов сезона 1 и сигурен сум дека направив добар избор за серија. Пред се ми се допаѓа тематиката, а и одличната глума во серијата :)
Гледам ти се погодила, си го ставил Баблс за аватар (y)
 
Гледам ти се погодила, си го ставил Баблс за аватар (y)
да,да.. Прва сезона ја изгледав и пред некој ден почнав со втора.. Навистина предобра серија :)
 
Искрен да бидам подобра серија немам гледано,гледам висока оценка има на imdb ама слабо е позната,незнам зошто.
 
серијата топ, ја следам на хрватската. ептен реална со реални животи и реални судбини што не можам да речам за другите серии од ваков тип. има се дрога дилери бирократија политика корупција
буквално се што го среќаваш во нормалниот секојдневен живот и тука. не е напумпана и фризирана. ептен е реална.
 
Must see
 
многу добра серија ,ја имам гледано и ја препорачувам
 
многу добра серија ,ја имам гледано и ја препорачувам
кажа дека си ја изгледал серијата може мала помош каде може да ја најдам последната епизода 10 од 5 сезона или од каде да ја гледам online
 
Ја изгледав првата епизода, само поради позитивните коментари во темава ќе пуштам уште 3-4, ако ми се досадни како првава ... ништо од гледање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom