Хм, ако се земат предвид неколкуте теистички учења кои кажуваат дека дека со смртта настапува сон, до некакво враќање на бог, па и оние кои кои многу не се надеваат на враќање... се повеќе сум на идеја дека не се работи толку за стравот од смртта и исчезнувањето, колку потребата себе си да се препише некаква божествена природа (преку душата која ја дал бог) и единствено на тој начин да се осети каква-таква вредност на сопствениот живот. Значи, недостаток на вродена воља и нагони за живот.
Не е недостаток на вродена воља и нагон за живот... оваа формулација една со друга не оди... иначе да сепак е страв од смртта, а токму тој страв и незнаење што понатаму (после смртта) е клучен за оформување на претстава и што после неа, што е во суштина иста појава кај сите религии, но со различно поимање околу тоа што понатаму...
Првобитните луѓе не ни имале претстава за смртта, па поради тоа и мртвите најчесто ги чувале блиску до нив, зарадитоа што со моментот кога станале свесни дека некој нивен близок повеќе не е „психички“ со нив, тука, сметале дека тоа е само недостаток на „духот“. Па кога почнал да им смрди трупот, е тек тогаш почнале да думаат дека „можеби е запоседнат од зли духови“, а дека „душата на покојниот“ е во суштина тука, со нив. И така натаму, се додека не дошле до моментот кога требало да го закопуваат мртвите, бидејќи кутрите, почнале да се заразуваат од лешот. Како и да е, да не должам многу, стравот настанал токму во тие моменти, како последица на фактот дека не знаеле што да прават со мртвиот и со „неговата душа“, па следствено на тоа и настанале изразите, а со тоа и верувањата за животот после смртта. Истите тие верувања, на почетокот биле тотемизирани, за да постанат во табуа што ќе важат за сите во племето.... Ете тоа е причата...