Барселона и Реал купуваат играчи бидејќи се натпреваруваат и на тоа поле. Зошто го купија Ибрахимович, да не им требаше случајно? Го купија чисто како одговор на транферорт на Кристијано во Реал. Ибра беше тотално промашување, ама челниците на Фарса не се потресоа многу.
Фабрегас се повеќе ми мириса на Рејес. Би требало да се сеќавате на играчов, изигра две топ сезони во Арсенал и заплака по Реал, и ондак замина таму а следната сезона почна да менува клубови па ја испроба пола Примера. Без разлика дали Фабрегас сака да оди во Фарса, јас лично секој ден се помалку го почитувам. Зошто? Едноставно, дури и ако не сака да оди во Фарса, требаше да излезе и да каже „Ова се само глупости, Јас сум играч на Арсенал и точка“. Арно ама ако дечкото стварно сака да си оди, ондак јас би го пуштил, па нека му ја упропастат кариерата како на Хлеб. Искрено кажано би ми било МИЛО да биде така.
Секоја чест на исклучоците, но играчите што дошле и заминале од Арсенал во ерата на Венгер, не направиле кариери. Тоа значи дека воопшто не биле добри за големи тимови, Единствено Венгер знаел да го извади максимумот од нив и тие да изгледаат како одлични играчи.
Ако Фабрегас оди во Барселона, првите две сезони ќе се изнаседи на клупа, единствено би се задишал од навивање и славење на голови и можда ќе влегува да ги изигри последните 10 мин. А Фабрегас не ми изгледа таков играч, веќе на полусезона ќе плаче да се врати назад (исто како Хлеб).
Малиот мочко Насри ќе замине, ако не сезонава тогаш наредната, бидејќи го изгуби сиот кредибилитет кај навивачите, тој ќе биде Адебајор 2.0. Ќе игра добро, ќе дава голови ама фановите нема да му ја даваат истата подршка. Насри е готов.
Да сум на место на Венгер би кренал раце од Фабрегас и Насри и би се концентрирал на англичаните, прво на тие што се во тимот Волкот, Вилшир и Гибс. Тие да бидат костурот на тимот. Англичаните, знаеме се преценети, нивната висока цена ќе ги одвраќа предатор - клубовите како Шити, англичаните во големите клубови се полојални и кога би заминувале тие никогаш нема да направат трансфер во ривалски клуб. Неговата најголема грешка е што не купува англичани, се надеваме дека летово тоа ќе се промени.
Се начитавме глупости последниве денови и сите сме фрустрирани, англиските медиуми се склони да го омаловажуваат Арсенал, посебно откако е Венгер менаџер. Но тоа што вистински најмногу не фрустрира е тоа што нема адекватен одговор од Арсенал, односно нема никаков одговор. Ако сакаме да успееме мораме да се научиме да ги играме тие шпекулативни игри како Утд и Фарса, да праќаме понуди и да шириме муабети дека сме заинтересирани за секој малку подобар играч.
Со познатиот арсеналов пристап кон транферите ние сме последните џентлмени во фудбалот а бидејќи светот на фудбалот се промени оваа фудбалска џентлменска категорија мора да умре.