Глупости.
Постои приватност, ти текнуе?
Проблеми кои ги имаат другарките со нивните партнери не ме засегаат, ниту пак ме засега дали истите бараат љубов или пари од нивниот дечко/сопруг/ебач. Ако би била машко, веројатно би ме интересирале нивните ставови за љубовта, дали се материјалистични или не, но сигурна сум дека кај мене такви емоции кон мојот пол не постојат.
Во ваквиот дел од другарството се повлекува невидлива линија.
Мојот став може да го чуе, ако истиот таа го побара. Но да и го наметнувам или да бирам друштво со слични очекувања и барања од партнер е глупаво и нефункционално.
На дотичната ниту ќе и бидам дечко, ниту пак ќе ја спонзорирам.
Понатаму.
Возрасен човек, односно веќе изграден карактер, не може да се измени за една вечер.
За да смениш една карактерна особина, потребни се месеци, години.
За целокупното функционирање потребен ти е еден цел живот.
Можеш од друштво да копираш гестакулации, манири, жаргони, да прошириш хоризонти за музика, филм итн. Но не можеш преку ноќ од Мајка Тереза да се претвориш во Чичолина, само затоа што твојата другарка решила така да се однесува.