„Со кого си - таков си!“ - Дали е така?

Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
paaa ima neso vistina vo ova ,,, ama podobro on da zalici na mene nego jas na nego :pos2:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Хмм, зависи до индивидуата и начинот на кој размислува.Кај некои оваа поговорка важи, кај некои воопшто не важи.Кај мене пример во друштво, ако некој се реши да направи нешто (и ако се работи за посериозна работа) а јас оценам дека тоа е лошо, и дека не е во ред да се прави тоа, тогаш нема што да одам по него, и да ги реализирам заедно со него неговите идеи.Кога се работи за мене говорам, за другите не знам.Инаку кога станува збор за ситници (шеги, места на излегувања во град и.т.н.) тогаш да, сметам дека оваа поговорка кај сите важи.Едноставно индивидуата кога видела дека (пр.) друштвото на Петко размислува за поважните работи во животот исто (ако не исто, многу слично) како самата индивидуа, а начинот на искажување на зафрканции, излегувањата во град и.т.н. им се тотално различни по вкус, тогаш сметам дека секој од нас е спремен на таква мала промена, која воопшто нема допирна точка со начинот на размислување на сосем други полиња.Едноставно индивидуата гледа како да се адаптира, и сите се спремни да дадат „мала жртва“, мала адаптација од која можат да добијат многу повеќе.Тоа е мое мислење за поговорката: С’ ким си-такав си!
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Јас најмногу попримам од децата: јадам чоколатца „животињско царство“, среќна сум кога правам Снешко и не си ја средувам собата...
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Зависи од личноста. Многу ретки се тие кои остануваат свои.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не е точно ова. Со луѓето кои се дружам сега немам ништо заедничко. Сепак по толку многу време јас не сум сменил воопшто иако некои од нив дефинитивно попримија нешто мое што е секогаш позитивно.
 
O

okej

Гостин
за жал така е...ама не со сите..има луѓе што уште се трудат да бидат свои..не за да ги примети некој туку за самите себе..мене ми се одвратни кога ќе видам у друштво како 20 души трчаат по еден/една...никогаш нема да ги сватам...што е тоа толку интересно да знаеш дека го имитираш некој и да продолжиш?..до сега само една причина имам одкриено..чисто лижење гз на другиот зошто има боље другарки/другари или зошто сакаш да бидеш како него/неа зошто има нешто што ти немаш...каде е креативноста...

100посто сум сигурен дека пола од форумов има некој кој што "имитира"...никој неможе да ме разубеди.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Па да, точно е... Јас само ќе кажам за лошите особини кои се пренесуваат. Со една другарка речиси и ги прекинавме односите баш поради тоа. Таа почна да се интересира за други работи, да излегува на други места и да се дружи со тип на луѓе што мене не ми се допаѓаат, па мораше да се стави крај. Се гледаше дека не можеме да се согласиме со оглед на тоа што не дозволувам да ме манипулираат
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Зависи до човекот и колку време поминува со тие луѓе.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Од лично искуство, така е, и за добро и за лошо.
 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
10
Поени од реакции
0
обично луѓето со кои се дружиш имаат прилично големо влијание на тебе како личност и на твоите навики. макар и да не си многу сличен на нив, луѓето гледајќи те со такво друштво одма претпоставуваат дека и ти си таква личност бидејќи пријателите обично се бираат (усогласуваат) по сличните ставови или интереси.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Се мимикрираш да не штрчиш...? Генерализирање на работите е нешо шо највише мразам така да, не бе баце секоја индивидуа го гради друштвото.
 
A

Antigona

Гостин
Значи темава „Со кого си-таков си„ ако буквално го гледам насловот ќе му дојди, као демек се дружиш со убиејци, да речиме 3 ца пријатели сериски убијци и ти стануваш ко нив убиец, така ќе му дојди ?:confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom