С
Сатори
Гостин
Токму така, потрагата по вистинските луѓе.^Dobro.
Сатори, јас сум девојка која не седи во друштво со луѓе кои не сака да биде како нив.
Не седам со луѓе кои не ми се свиѓаат.
Да, се дружам со секакви, со кремци, со шмизли, со хардкор фаци, со интелигентни, со глупи, со културни и со прости, со наркомани и со деца на државни функционери, идам на кафе со нив, се уклапам у муабет со секој. Можам и да оговарам, а можам и да праам муабет за манипулацијата на власта со народот.
Ама тие не ми се друштво.
Бидејќи сум млада (јас би рекла малечка) сакам да седам во друштво со луѓе кои одговараат на мојот карактер.
Таквите луѓе се ретки. За некој со потежок карактер од мојот (а и јас сум доста комплицирана) можеби и да најде soulmate би му било невозможно. Ама тоа не е причина за да прекине у потрагата по вистинското друштво и луѓе.
Дружењето како поим бара од тебе да застанеш зад секојдневна интеракција со некоја личност, за да може тоа да се декларира воопшто, но кога започнуваш пост со контрадикторност, нема потреба воопшто јас да ти контрирам.
Но, не е поентава сега да го глумам јас бивши Тиф и да се фаќам за поими или буквалности, она што сакам да го потенцирам ти веќе си го напишала.Бараш луѓе, ама за таа потрага да биде успешна мора да пронајдеш различни типови, со различни интереси и стилови на живот, ако по автоматизам го имплицираме правилото од темата тогаш дали тоа значи дека ти си идентична како сите тие луѓе?
Верувам дека не.Приметив дека употребуваме ист принцип на зближување, јас не комуницирам со никој ако немам размена на искуство, емоции и информации, го сметам за губење на време и верувај ми кога викам дека сите тие различни луѓе се мое друштво, не како хомогена туку како хетерогена маса, а знаеш што имам во принцип заедничко со тие што најмногу ги сакам, од дечко ми па до Викторија? Ама баш ништо!
Идентична приказна.До пред некое време имав многу длабоко другарство со личност која не беше ни малку слична на мене. Другарството ни се темелеше на заеднички искуства. Учевме (и уште учиме) во ист клас. Можеби таа ми беше најблиската личност во оној период кога се дружевме. Знаеш што се случи? Си фати дечко девојката. И знаеш уште што? Почна дечкото да го смета побитен од мене то ест тие заеднички искуства, нашето заедничко време, темелот на кој се градеше нашето другарство, да го поминува со него.
Јас си најдов замена за неа, си најдов другарка со која сум покомпатибилна, темелот не ми беше заедничкото време, него и многу други ствари. Врската со вторава не ни се темели само на симпатија и љубов. Девојката со дечкото ме отера во три лепе од љубомора што сум ја заменила со друга.
Нашето другарство не прекина ради тоа што јас не сум ја сакала или она не ме сакала. Ја сакам многу, сеуште и уште би го дала истото коешто би го дала за неа додека се дружевме. Другарството ни прекина ради тоа што темелите му беа плитки. Премногу плитки.
Дотичната сега никој не сака да ја дружи. Го изварала со друг дечко ѝ. Се испијанила, се надувала, и ѝ се десило тоа.
Не беше ништо различна ни јас кога се дружев со неа. Али хеј, тогаш уствари не знаев како треба да си ги бирам другарките. Да, ме етикетираа и мене ко дроља, наркоман и се останато, али не ми беше гајле. She was fun. Си велев „Какви плитки луѓе на светов постојат, еј? Ако се дружам со некој не значи дека сум иста со него.“
На почетокот беше мнооогу различна од мене. Импулсивна и моментална личност, лош ученик, бунтовна, темпераментна. За разлика од мене, која сум воспитана во христијански дух, со библиски принципи за се нешто, смирена и многу контролирана.
Во временски период од две години, она стана одлична ученичка, јас станав темперамент (сум била и како мала многу темпераментна). И еден куп други ствари кои сега не би сакала да ги набројувам.
Нејзиното добро учење попушти кога се искаравме, а мојата импулсивност и моменталност и водење према емоции после 4 месеци откако не се дружам со неа, ја нема.
Ти за разлика од мене си имала среќа тоа да ти се случи на многу помлади години кога е за нијанса полесно да се преболи.Јас бившата моја пријателка до ден денес ја „преболувам“ затоа што ја сакав.Затоа што одбра да го живее животот кој што погоре го опиша.
Повторно, никогаш не попримив ниту една нејзина карактерна особина, не затоа што јас имам цврст карактер, туку затоа што никогаш немавме ниту едно поле на интерес кое што би не поврзувало, освен можеби амбициозноста, ама сепак до истата цел идевме преку различни патишта.Ми беше една од најдобрите пријателки 6 години и ме држеше за рака додека бев болница.
Тука веќе имам контра пример, ама се сложувам со се од овој дел.Да луѓето кои што биле во твоја близина те направиле тоа што си.Јас да не ги познавав некои луѓе сега ќе бев веројатно многу подобра личност, дали ќе го преживеев тоа што ми се случувало, можеби немаше да знаеме.Ќе почнете со муабети „Само на слабите карактери може да им влијае друштвото бла бла..“ Да, точно.
А што, сите вие сте ЈАКИ карактери? И затоа не ви влијае друштвото?
Можам да се кладам во животов мој дека, да не се дружевте со оние луѓе со кои сте пријатели сега (или сте биле некогаш), немаше да бидете овие личности што сте сега. Помислете само колку ви влијаело друштвото во средно, кога сте се оформувале како карактери.
Можеби сега, кога дипломирате, тие вистински другарства избледнале, да, не велам не. Сега нема врска со кого се „дружиш“ или седиш на кафе после предавања. Твојот карактер е оформен. Доволно си силна да и не ти треба таа морална поддршка наречена другарство, да му се отвориш на некој целосно, да те теши коа криеш од твоите дома дека си добил кец или да те гушка коа симпатијата не ти вратил на пораката. Веќе не се дружите со „друштвото од средно“, тие се некаде далеку, на некоја дистанца (можеби физички не, туку духовно) од она што навистина ви поминува низ мислите.
(Едит: Ваквите се сиротињи за мене. Знаеш зашо? Се дружат од денгубење. Од шо ги мрзи да најдат асален чоек за муабет, па искачаат со луѓе од клас/група на факс. Утре ден ќе им се најдат за нешо. Греота ми се вкавите. Не асални луѓе.)
Ама некогаш, си имала наивно и вистинско другарство.
И не истрајало до ден денес со истот интензитет со кој било тогаш.
Но голем дел од нив не ми биле друштво како што ти сакаш да го нарекуваш тоа.Еве кога веќе се отвараме, јас верувам само во пријатели и авторитети, мразам константно да бидам во близина на една личност и колку и да го сакам некој сакам да бидам сама или со било кој друг за да можам да дишам.
Додека растев личноста која што ми го обликуваше карактерот сега има 64 години и сеуште е педагог во моето основно училиште.Јас тоа не би го нарекла дружење по ниту една основа, туторство да.Единственото што ги поврзува е социјалниот контакт.
Е овде не можам баш да се сложам ... исти ставови нормално, за тоа како ќе ги растеме децата, за тоа каква храна ќе сакаме да јадеме или со кои луѓе сакаме да поминуваме заеднички време, ама да се поклопуваме за се?Сега вистинското другарство ви е само со вашиот/вашата дечко/девојка. Само на нив им се отварате целосно (некои ни тоа!). Нека е така. Помислете сега колку само треба да си сличен со оној со кого го поминуваш животот, инаку целата работа ќе се распадне на пола пат. Темелите на кои ви се темели врската колку треба да бидат длабоки. Не само интереси заеднички. Ставови, перспектива на живот, воспитување, дури и родителите треба да ви се слични за да врската ви биде перфектна (!).
Зошто инаку сите толку внимателно избираат животен партнер?
Заљубеност? Добар секс? Не зезај, ќе ве прашам дали го имате жарот што го имате сега со дечко ти на 22 (претпоставувам толку години имаш) и дали ќе биде тој истиот на 42.
„Ќе биде истиот“. Викаш? Тогаш имаш огромен благослов од горе и треба многу да го цениш тоа.
Друштвото (можеби не во целост, ама еден дел) не прави она што сме.
Ние сме (можеби не во целост, ама еден дел) друштвото.
Не за џабе „Со кого си таков си“ постои.
И сигурно не сум го кажала јас, туку го кажале луѓе многу помудри од мене и од тебе и со многу повеќе искуство.
Тогаш не би разговарала со мојот партнер, што ќе ми е?Секогаш ќе го знам одговорот на секое прашање, никогаш нема да се изненадам, да се налутам, да бидам среќна ... никогаш нема да ме надополнува човекот кој го сакам?
Е во таква врска, не би.
„Со кого си, таков си“ можеби важела во едно дамнешно време, денес кога нема повеќе социјални слоеви кои што се антагонистички настроени (de jure, не de facto барем во некои делови) , класи и касти, нема повеќе поделба на машки и женски гимназии работите малку поинаку изгледаат.
Денес секоја поделба е направена свесно од страна на индивидуата, која што сака да биде гледана како металец, кремец, шовинист и бла бла ... значи бира како ќе ја одигра својата улога, тоа не е веќе со кого си, таков си, не барем во традиционалната смисла.
П.с. Никој не го негира искуството и интелектот на тие луѓе, само правилноста на нивото мислење и околностите во кои јас живеам, како производ на глобализација и транзиција.
