Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.214
Поени од реакции
30.421
Машала колку економски стручњаци испаднале а уште диплома немаат.
Едвај чекам да се истакнат на државно ниво па да видам како ќе зацвета/овене Македонијава во нивни раце.
Денеска баш имав можност да отидам на плоштадот, и додека Ацко беше убав и поттикнуваше воздишки кај повеќе луѓе, околу него се начичкани и уште 10-15 споменици кои го прават плоштадот невкусно место.
А тука беше и копијата на копијата, нашата измелезена Порта Македонија.
Сепак мило ми е што се градат нови институциони објекти.
Би било добра идеја со испраните пари од овој проект да се напраат 2-3 фабричиња.
 
Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
Шо убоо се изначитав, све се стручњаци... Само шпекулации вадат од типот ќе се враќа у хангари не бил моментот за поставување, па неможел со кран ќе треба со хелихоптер да се крене, па на А(паши) 1 збореа дека постољето (односно фонтаната) немало да го издржи и штотија знам... Целиот проект е одличен (а за недостатоци се опростува, а и се премалку во однос на обемноста на проектот Скопје 2014). Шлагот на тортата вчера се постави и е феноменален, уште фали убаво да се исфилува и да се заврши тоа што требало одамна да биде почнато и завршено!
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.855
Денес бев и прекрасен е. Но уште не ми е јасно што претставува белата статуа?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.484
Поени од реакции
7.970
Работава е FUCK ME I'M FAMOUS. Низ сите странски медиуми се пишува за статуава. Дури и весници како Beaver County Times известуваат за овој настан.

И да го цитирам другар ми Митко на Twitter
Mitko239 напиша:
Verovatno slicno kako ajfel posle 10tina god.nasiov aleksandar ke stane mk trademark i atrakcija za stranci,a nie nema ni da go primetuvame
 
М

Мартин`

Гостин
Сликава е прекрасна!! крстот во позадина и Александар Македонски ..



Уште едно знаме поголемко (од Кутлеш тоа) да му закачат на крај па нека боде у очи на Грците!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
Сликата е прекрасна?
Фрчат диспропорции и неурамнотеженост на елементите... прекрасна била. Само колку лошо изгледа Ристиќева и „Ско“ зад коњот...

П.С. Tonchie...

Кажи му на пријателот твој дека Ајфелова кула беше „нешто“ во тоа време. И така остана оти влече корено од тоа „нешто“.
Денес и средношколци забиваат од слободно, а на времето „Доктор Џеј“ беше ванземаљац.
А ние пак, не го забележуваме.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.484
Поени од реакции
7.970
Брат Его. Ајфеловата кула била нарекувана непотребно купче железо кога била изградена во Париз 1889.

СКО-то на Ристиќева палата долго време беше грда реклама. Ваљда ќе им текне сеа да ја симнат.

Диспропорциите... па не би рекол. Сум бил во атељето на Валентина и знам како се подготвуваат за секоја скулптура посебно. Патем, кога фотографите се обидуваат да покажат диспропорции кај телата на човекот зошто тоа да не смеат да го направат вајарите?!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
Тончек, јас и денес можам слободно, без око да ми трепне, да ја наречам таа Ајфелова кула куп(че) железо. И тоа непотебно. Можеме до изутрина да полемизираме дали е „потребно“ или „непотребо“ парче.

За диспропорциите, мејби ју ар рајт. Ама диспропорциите кои се фиксни, односно мал плоштад и голема статуа меѓу друг куп мали споменици ...masina buducnosti nikad nece oprati :)

Да напоменам, за да не се разбереме погрешно. Ако Александар треба (а треба) да има споменик некаде, тоа е овде. Ама да направиш семинарска на филолошки факултет од гугл тренслејт и после да ја оправдуваш по секоја цена, тоа не оди.

Мислам... настрана патриотизмот што го негуваат многумина во Македонија (не ги осудувам). Наспроти се', сепак треба да се има и објективизам во приказната. Дека не го личи. Или најобјективно, дека го личи, ама не до мастурбирање на „купот ... метал“.

На странските медиуми информираат од друг аспект + големината на проектот. А не од „уау“ побуди.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.484
Поени од реакции
7.970
Да беше со пропорционални димензии (фала за појаснувањето дека мислеше на однос споменик/плоштад) немаше да се крева прашина. Ќе беше уште еден споменик. Вака е СПОМЕНИКОТ.
Кога ќе биде комплетирана и фонтаната ептен ќе биде личен.

Е сеа за бесплатни концерти, ќе мора да се бара некое чаре, додека за партиски митинзи пред Влада е таман.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Незнам врз кој критериум се нарекува плоштадот Македонија „мал плоштад„ што е тогаш Трг Бана Јелачиќа, што се тогаш безброј плоштади низ Европа на кои најчесто има црква и мал простор за пазар. Незнам кој е тој критериум и по кои тоа „правила за плоштади„ истите мора да се користат за митинзи и концерти. Кое е исто така тоа правило по кое плоштадите треба да бидат „бескрајна плоча без содржина„.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom