Како што знам многу болници почнаа да добиваат нова современа опрема, многу се реновираат. Ако бараме такви причини ќе најдеме многу, зошто не ова или другото.
p.s кој е асистет на Градежен и на што предмет?
За P.S.-от пиши му на Brother Ego.
За кинеските донации ми зборуваш, што се расипуваат за 2 месеца? Ама ќе ве молам ОДЕТЕ во болнициве, не тоа што го слушате од вести.
И на стоматологија донесоа такви па знам колку издржаа. На стоматологија еве ќе ти кажам кај мајка ми што работи, чистачките немаат опрема (крпи) за бришење. Чим немаат крпи, за средства не прашувај. Нема клешти, нема бајни, нема стандардна опрема што секој забен техничар треба да ја има, си носат од дома уште од средно што си ги купувале кога иделе по пракси.
Се селиме на онкологија. Знаете ли колку време треба да се чека за зрачење и за добивање резултати? Еве чим знаете кажете ми.
За патологија кажав.
Дали сте биле на кожно да видите какво е руинирано? Побарав да одам во ВЦ и ми се слоши, градилишта имаат посредени санитарни јазли.
Одиме на гинекологија. Креветите крцаат од што се стари, душеците се со извадени федери од што се така нови, хигиената е на 0 ниво зошто нормално, немаат средства за да ја оддржуваат на ниво, тие што ќе им ги дадат на почеток на месец, доста им се.
И Спонџ ќе ми кажува да не се гњави за приоритет. Како да не се гњави за приоритет, здравството најважно е, што ќе ти споменици ако имаш рак и притоа како што кажав треба да чекаш за патолошки резултати а за тоа време ракот си се шири со метастази низ тебе ко паша на ледина?
За фондот да не правам муабет, па побогу ваша форумџика која на сите ви помогнала барем по еднаш со здравствени проблеми се бори за живот, за операција која е вредна колку пола опаш на коњот а вие тука се лупате во гради.
Да не бегаме од темата, кажав. Ако веќе планираа да прават скулптури од нашата историја, кој им талент во главата ги тераше да ги ставаат биковите, шмизлите, трансформаторските лавови и секаквите глупости кои навистина појма немам што имаат заеднички со градов. Како што кажа Саладин, на толку квадрати имаш распон на историја од 1000 години.
И да, не ги сфаќам тие што викаат сме им боделе очи на Грците со ова
Кое бодење очи бе братчиња и сестри? Спомеников како прво се вика „Воин на коњ“. Каде пишува дека се вика Александар? Личел на него
Па и мене Ченто ми личи на Ентони Хопкинс ама си пишува под него дека е Методија Андонов - Ченто и нема забуни. Ние сме си знаеле дека е Аце и нема што
Така и името ќе ни го спопикаат да го проголтаме, што се буните тогаш за Северна не ве сфаќам? Ние ќе си знаеме дека сме си Македонија, ве боли што ќе мислат другите надвор.
Ако мислите дека се повредени Грциве со ова нешто, мува не ги лази верувајте. Ќе си кренат и тие кај и да е од Александар споменик сосе неговото име и па ќе видиме кој ќе остане плукнат.
Кога можеа Грциве мојата репрезентација во 2007ма и тоа да не вратат од граница затоа што сме имале МК обележја на нас на репрезентативната опрема и никој ни А да им каже, не верувам дека некако ги тангираме. Сме ги „победиле“ со ова
Во една ЕУ (да не ме сфати некој дека сум за влагање, не сум) не можеме да влеземе ради името, тие не блокираат кај ќе стигнат, ние ги „провоцираме“ со безимен споменик.
Good thinking