Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не, за вкусови не се дискутира многу многу. Правење една ваква листа, нормално нема да го задоволи секој.

Мала забелешка и од мене:
Од некои 50-60 филмови досега, само еден е од Европската кинематографија, од Азија немате. Сите 98% се Американски.
Прочитај во првиот пост, имаме посебна тема (дупла) за Светска кинематографија, ќе има 20 филмови таму. Затоа ги нема во жанровите.
--- надополнето: Jun 20, 2011 6:04 PM ---
Од досега изработеното , филмскиов каталог на едно место ги нуди најпознатите филмски остварувања од сите жанрови кои ќе им бидат од корист на неупатениве филмски тапчовци :p . Единствено имам замерка на хорор секцијата каде наместо ''Децата на пченката '' или'' Маглата'' сте можеле да ги ставите The Texas Chain Saw Massacre (1974) - права слешер класика , Suspiria (1977), хорор листа без Арџенто :(
П.С. Кај ви е Alien ?!:confused:
Немој да ми го чепкаш Децата на пченката, или во превод, листата е крајно субјективна :)
Кажете ми како 20 одлични филмови да ги споиме и да направиме 10 ја би бил презадоволен :)

Шала, терајте со коментарите, баш ги очекуваме па да видиме што сме направиле. До вечер ќе уфрлиме уште неколку теми.
 
Ќе пишев рецензија за филмчево но outTake тоа го направил маестрално.
Кон филмот “Adjustment Bureau”

Постојат нешта кои инспирираат, можеби тоа се нештата кои ја будат магијата во тебе наречена љубов. Нели, инспирацијата ја најдов толку блиску со љубовта што можеби сум убеден дека овие два поими се во крвна врска, можеби сестри, или братучетки, во најмала рака. Нештата кои мене (најмногу) ме инспирираат се, погодувате – девојки, но и филмови. Всушност кого не? Но и музика, а и уште многу предмети и чуда, кои постојат реално или се само фиктивни, сеедно. Уметноста создава љубов, а и љубовта создава уметност.
.

Филмот кој сакав да ставам во рамка за некогаш подетално пак да се потсетам на него, се вика ‘The Adjustment Bureau’. Се најдов себе си како истиот го оценувам на criticker.com со цели 99 поени, што ми се случува само втор пат (првиот беше со The Legend of 1900), од 287 рангирани филмови таму. Филмот е романса со sci-fi елементи (омилената комбинација), но сметам дека поентата му е доста објективна, што ги трга на страна моите субјективни омилености кон филмот.
.
matt_damon_in_the_adjustment_bureau-580.jpg
Се замислува приказна каде што постои детерминација од суштества од друг свет, кои се моќни за да го спроведат тоа во оваа планета. Во последно време многу често се
отвараат прашањата за човековата слободна волја, па научната фантастика овде наоѓа начин да ја објасни т.е. искористи и оваа дупка односно нејаснотија кај збунетите физичари и психолози. Замислата е дека овие надмоќни суштества ги донесуваат одлуките наместо нас. Тие го правеле тоа до 1910 година каде што направиле пауза за да ја проследат нашата способност за управување со светот, но ние паднавме на тестот и за малку ќе ја експлодиравме планетата. Па ете ги детерминисците назад на работа. Тие до денес и потаму, го учат светот на слободната волја, земајќи му ја. Мет Дејмон (Matt Damon) е во главна улога, заедно со Емили Блант (Emily Blunt). Дејмон ќе го направи оној прв мал чекор за себе а голем за човештвото, тој ќе ја победи битката што му требаше да му ја одземе слободната волја, и ќе си ја врати назад. Тој тоа го прави со љубов, тој тоа го прави со инспирација. Девојката која во приказнава е енормно хемиски поврзана со него, според планот на луѓето кои го спроведуваат детерминизмот, требаше да се запознае со него уште во 70-тите, но планот се сменил, па уште еднаш во 80-тите, но пак доаѓа до промена на планот, а овој пат кога токму тие намерно му ја донесуваат за да ја запонае, иако според планот не смее никогаш повторно да ја види, тие двајца ќе се поврзат толку силно, што ќе се создаде вистински хаос при обид за нивно разделување. Причината поради која овие намерно ги запознаваат е токму инспирацијата која девојката треба/ќе му ја пробуди на Дејмон за следниот губитнички говор (инаку предходно губи на политички избори). Говорот ќе биде толку искрен и инспиративен што ќе направи вист
инска револуција кај американскиот народ, по што станува повторно сакан од луѓето и се движи кон победа на следните претседателски избори. Причината зошто тие двајца според планот не требаше никогаш повторно да се сретнат е: ако бидат заедно неговиот сон нема да се случи, а ниту нејзиниот – да стане славна танчерка (а е не вистински пат за тоа). Откако од детерминувачите ќе им се обајсни причината за нивна разделба, тие ќе одлучат да ги отфрлат соновите на животот и да бидат заедно. Тоа ќе инспирира еден член од суштествата што се грижат за детерминозмот, да го убеди пишувачот на планот (главниот меѓу нив) да се инспирира од ваквата ситуација и да ја едитира книгата со планови.

Оттука изникнува самопрашањето: дали ние би се откажале од нашите најголеми соништа за успех во животот, за да бидеме со личноста која (поради одредени причини) е хемиски поврзана со нас? И дали оваа одлука одлучува дали ние ќе имаме или не, слободна волја? Или „ако се запрашаме себе си што би одбрале – успун без врв или понор без дно, што би одбрале?“* Чудниве прашања ме размислуваат дека можеби одлуката да паѓаме е будењето на слободна волја во нас. Дека успехот е оковување синџири на својата слободна волја. Зошто? – Затоа што сме слободни во тоа, додека успешноста ни зависи од многу други, на кои им должиме услуги.
.
На пат ни е една голема лекција поврзана со слободната волја, љубовта и инспирацијата; која треба да ја одживееме за да ја сфатиме онолку колку е потребно за да направиме неколку промени поради тоа. Филмот е само блиц на чиста свесност околу прашањава, која во следниот миг ќе исчезне и ние ќе продолжиме со слободен или помалку слободен, а сопствен – живот.
Трејлер:

Квалитетно потрошени 106 минути од моја страна .
полека но сигурно Мет Дејмон станува актериште . Само нека продолжи со добриот избор на улоги .
 
Прочитај во првиот пост, имаме посебна тема (дупла) за Светска кинематографија, ќе има 20 филмови таму. Затоа ги нема во жанровите.
--- надополнето: Jun 20, 2011 6:04 PM ---

Немој да ми го чепкаш Децата на пченката, или во превод, листата е крајно субјективна :)
Кажете ми како 20 одлични филмови да ги споиме и да направиме 10 ја би бил презадоволен :)

Шала, терајте со коментарите, баш ги очекуваме па да видиме што сме направиле. До вечер ќе уфрлиме уште неколку теми.
Да не бидеме толку субјективни и носталгични , на'' Децата на пченката '' не му е местото таму :cautious: . Халовин е доволен претставник на делата на Карпентер , така да Маглата овде му доаѓа како вишок , во услови кога нема филмови како Суспирија , Тексашкиот масакр или пак Ноќта на живите мртовци ( убаво Сабазиј што не потсети ) . И крајно но не последно , во''Sci Fi'' жанрот мора да му најдете место на Alien :) . Јас вака би играла ....
 
Сега му велев на Џимеј, хорорите и комедиите се најтешки за избор, зошто вкусовите таму варираат многу. Ние во никој случај не велиме дека ова се 10 најдобри филмови, туку само 10 филмови кои ги предлагаме да се погледнат. Згора на тоа, требаше секој од нас да даде скоро по 300 предлози, мозокот не работи секогаш исто па подоцна увидовме дека сме пропуштале и многу јаки филмови...
 
И крајно но не последно , во''Sci Fi'' жанрот мора да му најдете место на Alien :) . Јас вака би играла ....

Елиен обавезно, колку и да е субјективна листата, не може да се игнорира филмов...(y)
Понови хорори, ги нема Рец и Пила кецот :oops:
Зашто мора од 20 филма да се направат 10, проширете некој жанр на 20...?
И ако може да направам хорор-комедија топ 10? :D
 
Елиен обавезно, колку и да е субјективна листата, не може да се игнорира филмов...(y)
Понови хорори, ги нема Рец и Пила кецот :oops:
Зашто мора од 20 филма да се направат 10, проширете некој жанр на 20...?
И ако може да направам хорор-комедија топ 10? :D

Луѓе суштината не е да се направи листа во недоглед. Ондак не би била листа.
 
Ако ги шириме на 20 нема да е листа, ќе биде збир на филмови кои ни паднале на памет. Финтата е да испаѓаат фаворитите малку :)
ОК, друг пат ќе ви пишам за принципот на гласање кој го практикувавме, сега правам пауза а вечер поаксно ќе уфрлам уште некоја од темите.
 
Rec во новите треба да го има мислам.. :)
 
Психо сте го заборавиле ....ни во трилери ни во хорори ...
 
момци, се мачам пола саат и неможам да го направам на македонски преводот ..
еве каков е : æÆÑΘÄ ... разбирате?? :))
помош
 
момци, се мачам пола саат и неможам да го направам на македонски преводот ..
еве каков е : æÆÑΘÄ ... разбирате?? :))
помош
До зејтинот е... :) треба да најдеш опција Cyrilic на плеерот со кој гледаш.

Средено и за вестерни http://forum.kajgana.com/threads/Во...каталог-за-тапчовци.51919/page-2#post-4206522
 
Многу забавен филм, а може да се погледне и вториот дел, познат и како Young Guns - Blaze of Glory. Ако ја знаете истоимената песна на Jon Bon Jovi, спотот е направен од овој филм.

Цел албум има Jon Bon Jovi за Young Guns 2. Покрај насловната, Blaze of glory, и другите се феноменални и се опфатени теми од филмот.
Не знам зошто го пишувам ова.:D
Иначе, супер избор на вестерни, ми се исполни душава со 3:10 to Yuma.
 
Дури сега го видов целиот наслов на темата. "каталог за тапчовци", бре. :D

Може да се смени во нешто по(како да кажам да не погрешам).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom