Последен гледан филм со кратка рецензија

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
How do you know (2010)
http://www.imdb.com/title/tt1341188/

По тапа филм во животов немам гледано.. Ова треба да биде комедија ? Катастрофа од филм..Ни поврзаност ни смисла,ни ништо..
Срање во боја.. Единствено нешто добро од филмов е интрото, друго ништо..

Оцена - 1/10..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Source Code (2011)

Во ред, добар обид, филм кој дефинитивно ќе ви го задржи вниманието ако сте љубители на акција/трилер филмовите. Но освен тоа што ќе ви го задржи вниманието, филмов баш и нема што друго да понуди.

На кратко, се работи за војникот Колтер Стивенс кој е во мисија да спречи терористички акт, учествувајќи во симулација, за која нема да пишувам поради спојлери. Во принцип, се работи за падни-стани експеримент, па после секој неуспешен обид, се започнува од ново.

Jake Gyllenhaal, Michelle Monaghan и Vera Farmiga се актерската екипа поради која го симнав филмов (покрај тоа што сакав да видам нешто ново), но испадна дека се е базирано на Jake а девојкиве се скоро статистки. Како и во скоро сите филмови од овој тип, ликовите се површно обработени, не ви е посебно гајле за никого. Идејата не е нова, на овој или оној начин слични филмови се Deja Vu, The Jacket, Butterfly Effect, The Groundhog Day итн... иако мора да се каже дека ова не е тајм травел филм.

Од аспект на дупки во приказната има неколку ама занемарливи се. Сигурно не е навредлив за здравиот памет како Eagle Eye на пример. Од аспект на акција и адреналин, сигурно не е Speed, ама подобар е од филмот на Дензел со возот. Од аспект на романтична приказна во филмот, the movie sucks, освен што Monaghan е многу згодна. Нешто над просекот е во повеќето категории.

Но она што навистина ме изнервира и ми иде да му опнам здрав кец е тоа што ова е уште еден филм со усран крај. И пред да ме обвините за спојлеризам, не кажав дека е ваков крај или онаков крај, си зборам за мојот вкус, вам може ќе ви се допадне. Но морам да си ја кажам маката во следниов тежок спојлер:

Па добро бе мајку му стара зошто сте вакви говеда? Филмот требаше да си заврши со бакнежот, енд оф стори. За кој фактор додавате 10 непотребни минути за вештачки хепиенд? И што, измислија машина за алтернативни универзуми? Ебате беља...

И чисто да сум фер, да ви кажам дека ако ме цитирате, во цитатот ќе ми го прочитате спојлерот.

Од мене 6/10 зошто како што реков на почетокот, ми го задржа вниманието, а и тоа е некаков успех деновиве...
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.113
Го гледав Paul и искрено не ме насмеа многу . Повеќе ми се допадна начинот на кој иронично беа прикажани некои мислења што ги има денешнава популација отколку хуморот... Иако Сајмон Пег и Ник Фрост ги толкуваат главните улоги (Сет Роген го позајмува гласот на Пол),овај пат не успеаа да ме насмеат како во Shaun of the dead.

Второ што гледав вечерва беше Unknown.
Очекував некоја ти мистерија - драма а уствари испадна трилер - акција - мистерија.Лиам Нисон слободно да си земит пензија затоа што досадува веќе со лесниве ми ти филмчиња правени по еден та исти шаблон. Сепак не е толку лош филмот ,за разлика од некои понови трилери е каде каде подобар ... сумирано - премногу акција за мој вкус .
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Кон филмот “Adjustment Bureau”

Постојат нешта кои инспирираат, можеби тоа се нештата кои ја будат магијата во тебе наречена љубов. Нели, инспирацијата ја најдов толку блиску со љубовта што можеби сум убеден дека овие два поими се во крвна врска, можеби сестри, или братучетки, во најмала рака. Нештата кои мене (најмногу) ме инспирираат се, погодувате – девојки, но и филмови. Всушност кого не? Но и музика, а и уште многу предмети и чуда, кои постојат реално или се само фиктивни, сеедно. Уметноста создава љубов, а и љубовта создава уметност.
.

Филмот кој сакав да ставам во рамка за некогаш подетално пак да се потсетам на него, се вика ‘The Adjustment Bureau’. Се најдов себе си како истиот го оценувам на criticker.com со цели 99 поени, што ми се случува само втор пат (првиот беше со The Legend of 1900), од 287 рангирани филмови таму. Филмот е романса со sci-fi елементи (омилената комбинација), но сметам дека поентата му е доста објективна, што ги трга на страна моите субјективни омилености кон филмот.
.
Се замислува приказна каде што постои детерминација од суштества од друг свет, кои се моќни за да го спроведат тоа во оваа планета. Во последно време многу често се
отвараат прашањата за човековата слободна волја, па научната фантастика овде наоѓа начин да ја објасни т.е. искористи и оваа дупка односно нејаснотија кај збунетите физичари и психолози. Замислата е дека овие надмоќни суштества ги донесуваат одлуките наместо нас. Тие го правеле тоа до 1910 година каде што направиле пауза за да ја проследат нашата способност за управување со светот, но ние паднавме на тестот и за малку ќе ја експлодиравме планетата. Па ете ги детерминисците назад на работа. Тие до денес и потаму, го учат светот на слободната волја, земајќи му ја. Мет Дејмон (Matt Damon) е во главна улога, заедно со Емили Блант (Emily Blunt). Дејмон ќе го направи оној прв мал чекор за себе а голем за човештвото, тој ќе ја победи битката што му требаше да му ја одземе слободната волја, и ќе си ја врати назад. Тој тоа го прави со љубов, тој тоа го прави со инспирација. Девојката која во приказнава е енормно хемиски поврзана со него, според планот на луѓето кои го спроведуваат детерминизмот, требаше да се запознае со него уште во 70-тите, но планот се сменил, па уште еднаш во 80-тите, но пак доаѓа до промена на планот, а овој пат кога токму тие намерно му ја донесуваат за да ја запонае, иако според планот не смее никогаш повторно да ја види, тие двајца ќе се поврзат толку силно, што ќе се создаде вистински хаос при обид за нивно разделување. Причината поради која овие намерно ги запознаваат е токму инспирацијата која девојката треба/ќе му ја пробуди на Дејмон за следниот губитнички говор (инаку предходно губи на политички избори). Говорот ќе биде толку искрен и инспиративен што ќе направи вист
инска револуција кај американскиот народ, по што станува повторно сакан од луѓето и се движи кон победа на следните претседателски избори. Причината зошто тие двајца според планот не требаше никогаш повторно да се сретнат е: ако бидат заедно неговиот сон нема да се случи, а ниту нејзиниот – да стане славна танчерка (а е не вистински пат за тоа). Откако од детерминувачите ќе им се обајсни причината за нивна разделба, тие ќе одлучат да ги отфрлат соновите на животот и да бидат заедно. Тоа ќе инспирира еден член од суштествата што се грижат за детерминозмот, да го убеди пишувачот на планот (главниот меѓу нив) да се инспирира од ваквата ситуација и да ја едитира книгата со планови.

Оттука изникнува самопрашањето: дали ние би се откажале од нашите најголеми соништа за успех во животот, за да бидеме со личноста која (поради одредени причини) е хемиски поврзана со нас? И дали оваа одлука одлучува дали ние ќе имаме или не, слободна волја? Или „ако се запрашаме себе си што би одбрале – успун без врв или понор без дно, што би одбрале?“* Чудниве прашања ме размислуваат дека можеби одлуката да паѓаме е будењето на слободна волја во нас. Дека успехот е оковување синџири на својата слободна волја. Зошто? – Затоа што сме слободни во тоа, додека успешноста ни зависи од многу други, на кои им должиме услуги.
.
На пат ни е една голема лекција поврзана со слободната волја, љубовта и инспирацијата; која треба да ја одживееме за да ја сфатиме онолку колку е потребно за да направиме неколку промени поради тоа. Филмот е само блиц на чиста свесност околу прашањава, која во следниот миг ќе исчезне и ние ќе продолжиме со слободен или помалку слободен, а сопствен – живот.
Трејлер:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
The Scource Code


- Капетанот Стивенс е воен пилот во Авганистан кој ненадејно се наоѓа себеси во капсула, примајќи упатства од команден центар кој него го враќа назад во минатото за да ја разоткрие несреќата која се случува во воз во Чикаго. Каде е всушност границата ? Можно ли е преку минатото, да се измени иднината ??

Имав повисоки очекувања од филмов. Иако е направен обид да се прикаже постојаното 'патување' како доста исцрпувачко и дека всушност тешко доста да се оствари, расплетницата на крај ја спласна работата. Темпото со кое се движи филмот е од 10 - до 100ка на саат .. Слично како кога имате секс и девојката ја доведувате до врхунац. 5-6 пати ми се сврте низ главата да го откачам филмот. Сепак како се ближи кон крајот, филмот добива некако во смисла и му се гледа поентата од сето тоа, но завршницата не ми се допадна. Во еден и онака ултра футуристички филм, крајот беше just too much. Од мене ништо повеќе од 6/10.

No strings attached


- Адам и Ема се познаваат уште од детска возраст, но меѓу нив никако да биде работа. После многу години, Адам разочаран и пијан случајно завршува во станот на Ема и тие за прв пат спијат заедно. Но таа бидејќи е презафатена со работа и не е relationship вид на девојка, таа бара од Адам тие да си постават одредени правила помеѓу нив и да не бидат ништо повеќе од СЕКС ПРИЈАТЕЛИ. Но ќе замеша ли љубовта прсти во оваа веза без обавеза .. :)

Вакви филмчиња отсекогаш сум сакал, плус Натали is here, please :love:. Има еден убав лајн во филмот : Dude, you're living the dream !! Да, убаво кажано и точно. Дизајр за секое машко е да искуси и да одржува вакво нешто со убава девојка. Сепак јасно е крај дека ова не може така да се одржува до бесконечност и дека чувствата порано или подоцна ќе проработат. И интересно е тоа што машкото во вакви ситуации полесно и побрзо се крши од девојката, иако по некоја логика би требало да е обратно. Натали во поубаво издание ја немам видено, мислам дека се надмина и во однос на улогата што ја имаше во Closer. Инспиративно делуваше врз мене филмчето, ми создаде проекција за што да барам во иднина .. Оние што гледаат How I met your mother ќе разберат ;). 8ица има од мене.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.844
Поени од реакции
1.601
Over her ded body Ева Лонгорија во главната улога. Кратака содржина таа загинува на денот на нејзината венчавка па како дух има незавршена работа. Наблјудувајќи го нејзиниот поранешен свршеник ќе дозанае дека има друга сега која се обидува да го освои но таа девојка може да ја види и слушне. Премногу смешни ситации има од мене оценка 8
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
X-Men: First Class (2011)

Нема да пишувам голема рецензија само ќе кажам дека првите 2/3 од филмот се малку досадни и дејството е донекаде развлечено. Нема премногу акција за разлика од претходните делови и има доста дијалози кои не се премногу интересни. Сепак во последниот пола саат дејството станува доста подинамично и целиот филм добива на квалитет нормално под услов да сте љубител на ваков тип филмови.

Посебно сцената со подморницата остава без здив а финалето е спектакуларно. Филмот ги разјаснува почетоците на Магнето и Професот Икс почнувајќи од нивното пријателство.

Крајниот впечаток ми е поволен иако не се доближува до квалитетот на претходните но љубителите на серијалот сепак ќе уживаат и нема да бидат разочарани.
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
Го гледав Paul и неможам да кажам дека беше многу смешен но сепак беше доста добар. Сет Роган секогаш успева да ме насмее, па и кога само го позајмува гласот за некој карактер :) Му давам 8/10 и го препорачувам, ако се мисли некој да го гледа тогаш дефинитивно нема да зажали што ќе истроши малку време на симнување :)

Втор Source Code, исто добар филм и гледам дека и други го гледале и мора да се согласам со нивното мислење за крајот дека не беше баш најдобар али ајде. 7/10
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
A time to kill (1996)
Ако некој сака правнички филм, со судење и сл.
Инаку во филмот станува збор за убиство на двајца мажи, од страна на таткото на едно силувано 10- годишно девојче.
Таткото и девојчето се црни, а убиените мажи се бели. Се се врти околу расизмот во светот, кој во тоа време доминира во САД, и со сите незгоди на оние кои се против него.

Самуел Л. Џексон
Сандра Булок
Кевин Спејси
Матју ..
 
F

Frankie Yale

Гостин

Takers

Losa recenzija, mozebi ne e ni recenzija kolku sto e bladanje i plukanje. A rant, that's what it is. Ama pa filmot e polos.

Tipicno holivudsko sranje, reciklirano, stopati videno, neoriginalno. Ti e*am filmot kako me iznervira... Ne me iznervira toa sto e katastrofa (ajde, imam gledano premnogu sranje filmovi ne e tolku vazno toa) tuku me iznervira toa sto mi bese preporacan od trojca moi drugari koi ednoglasno se soglasija deka filmov e remek delo koe ne smee da se propusti. Pa kade oni so toj pamet?

Celiot film se vrti okolu grupa ograbuvaci koi se golemi majcini i nikogas ne ostavaat dokaz, inace tradicionalno kako skoro sekoj heist film zapocnuva so grabez (uspesen mnogu normalno, aj da ne e) za najverojatno reziserot da moze da ne zapoznae so nivnata profesionalnost i nacinot na koj tie ograbuvaat. Eden od likovite ima cuca koja e bivsa na negov drugar t.e bivs pripadnik na bandata (neli bros before hoes bre kopuk), e sega koj bese toj ne mi teknuva zosto filmov se trudam sto pobrzo da go zaboravam, mislam deka e onoj gore desno u crnoto sako. I toj drugarot (T.I) izleguva od zatvor i saka da ograbi blindirano vozilo i ova treba da bide poslednata pljacka koja ovaa "epten opasna" banda ke ja izvrsi. I site go znaete najgolemoto klishe koga se raboti za heist movies, a toa e YES YOU GUESSED IT! THE LAST HEIST GOES WRONG! I potoa nekoi nepotrebni sranja se slucuvaat, situacijata nepotrebno se komplikuva i toa e toa. Gluposti.

Tolku od prikaznata, dosta spojleri ama pa toa nema nisto da promeni zosto filmot e tolku los sto dali ke znaete sto ke se sluci ili ne nema nisto da promeni, a i da bidam iskren ne znam sto drugo da napisam za prikaznata. Sto se odnesuva do mene jas samo bi go oteral filmov i trista p*** majcine i bi dal preporaka da se izbegnuva ama temava bara recenzija. Navistina ne znam sto drugo da napisam. Gi citam prethodnite recenzii i golem broj pisuvaat za sustinata na filmot koj go recenziraat, sto e negovoto znacenje, sto se obiduva da dopre itn. Ma kakvi sustini kakvi bakraci vo ovoj film? Nema nisto, prazen e. Mozebi nekoi ke kazat si go sfatil preseriozno toj e namenet za mladata publika i istiot e reziran za da ne zabavuva. I tuka ne se soglasuvam, podosaden film odamna nemam gledano, nisto ne uspea da mi go zadrzi vnimanieto, ni glupavata predvidliva prikazna ni eftinite akcioni sceni. Ne znam ni zosto go izgledav do kraj, najverojatno zosto kako sto vikaat nadezta posledna umira pa se nadevav na cudo, se nadevav deka ke se sluci nesto sto ke mi go promeni mislenjeto i ke sfatam sto e forata ke sfatam zosto im se dopadnal.

Kako sto napreduva, prikaznata stanuva se poveke i poveke nepovrzana i se slucuvaat nekoi da kazam nepotrebni raboti koi nemaat apsolutno nikakva vrska so glavnoto dejstvo za koi cuvstvuvam deka reziserot gi vmetnal samo za da iskomplicira i da moze ne drzi vo dodatna neizvesnost ama kako i celiot film, i toa bese neuspeh. Umiraat nekoi od glavnite likovi, meeehhh golem k*r voopsto ne mi e gajle zosto filmot voopsto ne uspea emotivno da me povrze so glupite dvodimenzionalni likovi.

Ke mozev da mu prostam na filmot za losata klisirana prikazna koga istiot bi mi ponudil odlicni akcioni sceni za zamena. Niz celiot film ima dosta akcija ama i taa e loso rezirana, od eftini ekplozii do losi vizuelni efekti i katastrofalni sfx potocno najveke mi smetaa istrelite, zvucea tolku vestacki i bedno. Sekoj koj ke go tvrdi sprotivnoto nema pojma sto se toa dobri efekti. :unsure: A najveke me iznervira taa edna scena koga pocnaa da se pukaat so nekoi Ruski mafijasi a vo pozadina pocna spora i 'tazna' muzika, abe ovie se masakriraat rebra si vadat a vo pozadina... Doduse razbiram sto mu bila celta na reziserot so muzikata ama totalno ja promasil.

Istotaka i ne mi se svigjase nacinot na koj e snimen filmot, nacinot na koj se dvizi kamerata. Na ist ili slicen nacin se snimeni i Public Enemies i Miami Vice (noviot). Takviot nacin voopsto ne mi se dopagja, epten e nekako neprofesionalen.

I osetiv po glumcite deka filmot nema da go biva. Sto znaat za gluma raperi kako T.I i Kris Braun. Sto znae za gluma Pol Voker koj se proslavi so fast and furious (koj bese barem interesen do negde, negov edinstven dobar film). Sto znae Hajden, edno gledanje na Jumper i se ti e jasno. Edinstveno me razocara Idris Elba, odlicno odglumi vo The Wire. Pa i tuka bese dobar ama ne e toj kriv, krivo e glupavoto scenario.

Se na se sumirano filmot e sranje i ne go preporacuvam na nikogo. Ne znam kako mozele da mi go preporacaat na mene.

-/10
 
П

Паган-др

Гостин
X-Men Origins: Wolverine (2009)



Филмов е убиство! Голем фан сум на x-men, и пред да го глеам first class морав овој. Почетоците кај мутантите. Се става акцент на Волверин, како стигнува до тоа кај што е сега. Добра акција, добри потези, искрено не знам зошто има толку мала оцена на imdb. Дефинитивно би го пуштил пак да го гледам.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
^ Јас сум го гледал 5 пати :P


Просто сум воодушевен од филмов. Matthew McConaughey одлично глуми како адвокат. Ги има тие одлики на адвокат а плус се праи smart ass цело време.
Тој својот бизнис го раководи од задното седиште на неговиот Линколн. Има за задача да одбрани еден човек кој вели дека е невин(what a surprise), ја зборувал вистината, но во текот на филмот, Мик(адвокатот), дознава дека тој малце ја искривил вистината.(малце... yea right). Во овој случај со тоа што дознава што се случило, тој го доведува до опасност неговото семејство.
Музиката ми остави голем впечаток... моментите кога се вози во кола таа музика просто како се поклапа со филмот.... сум ги пребарал сите песни на јутуб. :D
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Од ко че изгледам некој јак филм, ама вистински јак ... две работи ме болат. Првата е зошто не сум го изгледал порано, а втората зошто таквите филмови се ретки.
Филмот започнува со експлозија на брод во Сан Педро, и полициска истрага која открива 27 мртви тела, 91 милион долари, двајца преживеани од кои едниот е скоро целосно изгорен, а другиот ... другиот е Вербал Кинт, осакатен човек кој се занимава со мал криминал... Како единствен преживеан Кинт раскажува што вистински се случило на бродот, заочнувајќи ја приказната од еден настан кој се случил 6 недели пред несреќата на бродот - кога 5мина криминалци ќе бидат пруведени во Њујоршката полиција под обвинение за киднапирање на камион со оружје ... И само ќе додадам едно име Кајзер Созе ! Многумина од вас веќе погодуваат за кој филм станува збор, а оние кои не знаат го немаат гледано и ги советувам да не го изгледаат филмот уште денеска...

А да, филмот е The Usual Suspect
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.113
Jacob's ladder
Од одамна ми фалеше некое вакво трилерче да ме подзамисли и да ми ги разработи виугите. Језивоста беше доловена на врвно ниво , приказна со малце поспецифична тема - виетнамската војна(иако најмалце беше прикажана во филмов) како и пост ефектите. Е сеа форава со филмов е што 3 паралелни приказни се кажуваат исто времено а во 3те главен лик е Тим Робинс.
Доколку се обврни на некои детали (гатачката) за време на гледањето , крајот нема да е воопшто неочекуван, или како некој што напиша- се изненадив на крај.
Затоа концентрација на врвно ниво при гледање за "уживање" во филмов .

Иначе шаблонот што го користел режисерот при правење на филмов ,денес повеќето режисери при правење на трилер мистерија го користат истиот.Па слободно може да се каже за филмов дека е на некој начин татко на денешните трилер мистерии.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
You Again


- Марни е девојка со тешко средношколско минато. Жигосан nerd & freak од тие денови, го свртува животот на подобро, многу подобро станувајќи успешна ПР менаџерка во ЛА. Мислејќи дека ги има оставено тие лоши и понижувачки години зад себе, таа се среќава повторно со својата средношколска ноќна мора, која ни повеќе ни помалку треба да се жени со нејзиниот брат.

Филмчето си има некој свој уникат, но приказната не кој знае што посебно. Но друг момент има во филмот, а тоа е главната улога - Марни, која е интересна за психолошка анализа. Се стекнува дојам т.е. се потврдува во филмот дека емоционално и рационално нестабилните луѓе од својата рана возраст, без разлика какви мерки и да превземат во иднина, и што и да променат во себе, тоа никогаш не излегува од нив. Сликата со Марни е одличен пример за ова. Трмозена и малтретирана како средношколка, таа станува многу успешна менаџерка и прави енормни промени врз себе во подоцнежните години, сметајќи дека сето тоа го има надминато и надвладеано во овој нејзин период на созревање и дека никој повеќе не може да гази по неа, НО НЕ !! Тоа само го мати нејзиниот поглед, бидејќи се нема исправено пред сличен проблем пак. Што би се рекло ''Док кажеш кекс'' веднаш како кула од карти се руши нејзината привидна самодоверба и сигурност, од исти луѓе, при исти околности, на ист начин. Значи тоа е факт - слабите луѓе, остануваат слаби. И да, ќе заборавев 'лошата' Џесика е причина плус за гледање ;):love:.

5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom