Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа ко ќе дојдат хорорите, значително ќе ми опадни процентот на гледаност.:cautious:
 
Абе модератори, примате предлози и забелшки за водичон?
 
Абе модератори, примате предлози и забелшки за водичон?

Да, iosono рече тука ќе се одвива дискусијата, за таму да не се уништува прегледноста. Само што ги чекаме да ја завршат листата. :D
 
Рековме дека е многу недемократска темата, не примаме никакви предлози :)

Шала, значи вака: ја спремавме доста време, пошто е ѓаволски тешко тројца да се согласат за 10 филмови во категорија, а камо ли пак да бевме повеќе. Секој од нас со тешко срце исфрли барем по 5-10 филма во категорија. Но се надеваме дека ќе биде убав водич за понеискусните и дека филмовите што ги одбравме ќе бидат онака, топ. Многу филмови ќе фалат, но и конкуренцијата е жестока.

Значи се е подготвено само бавно оди зошто треба за секој филм да се стави слика, линк, текст... а не сме многу слободни деновиве. Но ќе биде за ден два готово.

Дискусија тука, не сакаме да се изгубат предлозите во мислењата затоа ќе ја држиме затворена. Темата е уствари еден вид каталог.
 
Ја поздравувам идејата, ама ако може 2 примедби ? :) Ако може добро, ако не, никому ништо. :)

Прво, кај Блејд Ранер, тоа "авторот на книгата" да се спомене дека е Филип К. Дик, пошто се работи за познат СФ писател кој е "заслужен" не само за Блејд Ранер, него и за - Total Recall , Screamers , Minority Report , A Scanner Darkly , Impostor ...

И втората примедба, хорори до 90-та, кај ви е Хелрејзер ('87) :), заборавивте еден од најпознатите хорор ликови - Пинхед.
 
Тоа за авторот ќе го вметнеме, а за хорори јбг... жестоко беше :)
 
Од досега изработеното , филмскиов каталог на едно место ги нуди најпознатите филмски остварувања од сите жанрови кои ќе им бидат од корист на неупатениве филмски тапчовци :p . Единствено имам замерка на хорор секцијата каде наместо ''Децата на пченката '' или'' Маглата'' сте можеле да ги ставите The Texas Chain Saw Massacre (1974) - права слешер класика , Suspiria (1977), хорор листа без Арџенто :(
П.С. Кај ви е Alien ?!:confused:
 
Кога се прават вакви листи и избори, никогаш нема да има потполна согласност. Не може да има. Секој има поинаков вкус, па се` нешто ќе му фали. Јас на пример, би го ставил Ноќта на живите мртовци на Ромеро, како и вториот дел на Кум, и третиот дел на Егзорцист, покрај нивните први изданија, што многумина би го виделе како тупење на една те иста тема и повторливост. Задоволен сум од изборот, уште повеќе од темата.
 
Не, за вкусови не се дискутира многу многу. Правење една ваква листа, нормално нема да го задоволи секој.

Мала забелешка и од мене:
Од некои 50-60 филмови досега, само еден е од Европската кинематографија, од Азија немате. Сите 98% се Американски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom