Не знам за другите дискотеки и кажувам само по тоа што имам прочитано на putovanja, а има мноогу, затоа што и јас планирав да идам летово таму, ама не верувам дека и по другите дискотеки е исто како во таа холивуд. Холивуд е пре ексонирана од страна на сите српски агенции кои нудат попуст за некаква си картичка со која ќе можеш да влегуваш секој ден мислам, па логично е да пуштаат и српска музика.
--- надополнето: Jun 19, 2011 2:38 PM ---
Не сум бил, ама ќе идам летово и се имам доста информирано за цените па еве ти отприлика некои:
1 евро отприлика за долмуси, освен за некоја подалечна дестинација. околу 5 евра за лежалка и чадор на плажа иако сегде можеш да се ценкаш и на плажите има место и за да си поставиш свои лежалка и чадор. 5 евра пат и влез во националниот парк каде што е вклучена и лежалка и чадор. Вода од литро ипол се движи од 0.2 евра до приближно евро во зависност од каде ја купуваш. На плажа е секако поскапа од некои супермаркети каде што цените биле многу ефтини. Таков супермаркет имало кај хотел Дабаклар(мислам во центар) и на крај на Лејдис плажата. Во маркетот СОК биле исто така доста ниски цените. Гиро од евро до 2ипол евра. Гозлем 2, 2ипол евра. Ќофте 2ипол евра. Симит, геврек по 0.25 евра. На Лејдис плажата нуделе ко сетови па хамбургер со помфрит, сок или пиво околу 2ипол-3 евра, пилешко со помфрит, салата и пијалок 4ипол-5 евра. Готово печено пиле 3 евра. Некои ресторани биле доста скапи, па пицеријата Ало 24 била една од најефтините каде што пица е 4ипол евра, кокоа кола 1 евро, пиво 2ипол евра.
Излетите горе-долу Ефес 30 евра, ПамукКале 30 евра, крстарење 12 евра. Сегде вклучено и ручек.
За излетите може да најдете и пониски цени преку турски агенции.
Аква Фантази 15 евра.
Уште еднаш да напишам, цениве се такви какви што јас ги дознав затоа што не сум бил досега во Кушадаси и летово ќе одам.
Иначе преку која агенција ќе одите и каде ќе бидете сместени?