Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Ај пак приберете си ги јазиците и доста дрндате зелени ... или дискутирајте како што треба на темата или збор да не сум видел веќе ... како може да коментирате дали барањата се добри или лоши кога не сте ги ни прочитале...

Што е ова сите станале доктори на науки на сите области ... :noze:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Барањето не е скроз да се укинат туку да се распуштат сегашниве и да се формира нова единица која ќе помине разноразни тестови за да докаже дека е способна за да ја врши дадената задача.
Тие што се бунат за барањата нека ги прочитаат, почнаа убаво да се оформуваат и не бараме којзнае што, тоа може да се направи и сигурен сум дека би било подобро него ли што е сега. Сега никој не ги контролира, фати си врски имај мускули и ќе те примат во алфи... е не иде тоа така.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.232
Значи барањата се убаво и јасно напишани кој сака да се потруди малце и да ги прочита пред да дава предрасуди ќе сфати за што станува збор. Не се зборува за распуштање на сите единици и така да остане, туку главно за реформи во полицијата и тие единици што би се распуштиле би се замениле со нови, кадешто би имало контролна функција за проверка на криминалтото минато на новите кадри, проверка на стручната подготовка, психолошки тестови итн.
Не може било кој без мозок што земал стероиди два месеци и се направил како орангутан да биде доволно кадарен за овие позиции.
 
T

Tetro

Гостин
И тогаш ги ловеа братче ама ако не си приметил од кога се формирани алфите намален е криминалот.
И уште ќе се намалува ако се убие секој втор кој оди слободно по улица.
--- надополнето: Jun 12, 2011 12:05 AM ---
Па искрено вистинската борба против криминалот во МК почна од пред 4-5 години. Од тогаш се и големите заплени на дрога, апсењето на повеќе босови и на големи ѕверки. Сте слушнале порано некој мафијаш или поголема заплена на дрога да падне???
Мал си бил и криеле од тебе. Одсекогаш имало големи апсења, ама не се фалеа како овие години што им е пракса.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Еве кој не ја гледал оваа емисија убаво објаснува како е во европа поточно блегија и австрија каде таму имаат две внатрешни контроли кои ги испитуваат поплаките на граѓаните и ако едната не била објективна оштетениот граѓанин може да се жали на втората внатрешна контрола. Оваа реформа и било и наложено и на македонија но до сега тоа не се случило. Еве погледнете ја емисијата па коментирајте дали се поклопува со барањата на тие што протестираат.

http://media.a1.com.mk/members/prikazi80WM.php?klip=evrozum/evrozum-09-06.wmv&naslov=Internet+TV
 
T

Tetro

Гостин
Порано на секој чекор рекет се јадеше. Да не збориме за поголемиот криминал.
Порано се вршеше рекет директно, а сега тоа оди преку институциите. Ама, на граѓаните исто им се фаќа.
--- надополнето: Jun 12, 2011 12:15 AM ---
Еден ден кога ќе банкротираме и кога ќе нема плати да земат ќе видиш дека џабе толерантност кон полицијата. лани преку 2.5 милиони евра собраа од казни за плати. Оваа година не знам што ќе прават ќе видиме дали ќе издржи буџетот но како тргнало за една година и полицијата ќе протестира.
Нема што да протестираат. За нив ќе има пари, има уште од кредитите да се троши, сега ќе спечалат уште еден голем кредит, а наредните 30-тина години ќе викаме дека кај нас кризата е секогаш присутна. Казните се превисоки за стандардот, па ќе си ги вадат платите од народот пак.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Де бе толку ли си мал. :) Алфите се од пред 5 години одприлика формирани. Очигледно е дека имаат голема заслуга за намалувањето на криминалот. Порано на секој чекор рекет се јадеше. Да не збориме за поголемиот криминал. Туку да не забегуваме офтопик. Според мене треба да остане еднициата да постои и барањата за да се распушти се неосновани. Поголема ќе биде штетата него користа од таква постапка.

Иначе добив информација дека Мартин имал кривична пријава. Можеби тоа било причината за брканицата.
Јас ко што знам 2001 се формирани, не знам. Абе барањата не се да се да се распуштат, барањето е цитирам : „Распуштање на специјалната единица „Алфи“, НО формирање други нови професионални едници кои ке ги исполнуваат условите наведени подолу :
1.Соодветна стручна подготвеност ( не само да биде ќељав маалски тепач)
2.Психолошки проверки иа кандидатите.
3.Контрола за контролирање на гнев.
Има уше две точки ама овие се најбитни според мене.

А за Мартин веројатно ти е точна информацијата, иако ја слушнав сакал да се поздрави со Грујо(како негов фан) и затоа овој го повлекол ли незнам што. И сигурен сум дека не бил никаков светец чим неговите не им било чудно што 2 дена го нема :)

И незнам мене сеуште не ме спасиле Алфи, само ме претресле едно 3-4 пати.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Значи по милиони избришани Facebook групи, и такви срања, отворен е форум кадешто секој може да се изјасни... http://0.mk/pravda - споделете!
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Абе јас колку што читав имало собраниска комисија за контрола на специјалните сили, ама не се состанале од 2008 година.Сега пошто нема парламент нема ни таква комисија.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.235
Нема потреба од 100 форуми, 100 фејсбук групи, ивенти, пејџови, синхронизацијата ќе биде сведена на нула а во моментов протестиве се дојдени во таква фаза да нужно е што подобро да се синхронизираат луѓево помеѓу себе, алудирам на сите градови каде се организираат или во план е за прв пат да се организираат вакви собири, значи не е само Скопје во прашање.

Класичен пример за ова што го зборам се деси вчера кога се делеа некои листови со барања кои благе везе немаа со оние барања кои се формулираат ко официјални, т.е. пола работи беа само опфатени а одредени не, дел од нив клучни.

Затоа, значи се обраќам до оние кои го подржуваат овој народен протест, да баталат истото да го прават во виртуелниов свет, има место каде буквално СЕКОЈ може да придонесе за доброто на истиот, буквално секој може да даде идеја која ќе биде сослушана и земена во предвид и буквално секој може да го земе мегафонот во свои раце и да се обрати до насобраната толпа.

И Цитро, дај жити све у пакет со Зоте олабавете не од офтопик муабетине, хорор се.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Дечкото чиј што пост од блог го имаше на Вашингтон Поуст, во понеделник преку Скајп во живо ќе оди на Ал Џезеира.
--- надополнето: Jun 12, 2011 1:34 AM ---
Не мислеше тој за да банкротирате, туку за прогласување банкрот на буџетот. А тоа се случува кога ќе снема се потрошат кредитите кои се претходно земени од страна на Властите. Си слушнал како се одобрени кредити и тоа често го слушаш од твојата омилена телевизија, ама и кажуваат дека има рок на враќање на одредено време. И така и вака, ќе дојде денот кога ќе се потрошат кредитите, и никој нема да дава повеќе оти нашата мала земја е презадолжена, па ќе мора некој да прогласи банкрот на буџетот и да распродаде се` што останало.

Извинете за оф-топикот.
Не му објаснувај, битно статуи се градат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom