Член 135 од Кривичниот Законик :
(1)Тој што немоќно лице кое му е доверено или за кое е должен да се грижи, ќе го остави без помош во прилики опасни за животот или здравјето, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2)Ако оставеното лице поради тоа го загуби животот или е тешко телесно повредено или здравјето му е тешко нарушено, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
Член 136 ( неукажување помош ), Кривичен законик :
Тој што нема да му укаже помош на лице кое се наоѓа во состојба на опасност за животот, иако тоа можело да го стори без опасност за себе или за друг, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Значи протестот е и за тие што гледале другите полицајци а не пружиле помош. Значи според законот сите полицајце што биел тамо треба да бидат осудени.