Нема потреба од 100 форуми, 100 фејсбук групи, ивенти, пејџови, синхронизацијата ќе биде сведена на нула а во моментов протестиве се дојдени во таква фаза да нужно е што подобро да се синхронизираат луѓево помеѓу себе, алудирам на сите градови каде се организираат или во план е за прв пат да се организираат вакви собири, значи не е само Скопје во прашање.
Класичен пример за ова што го зборам се деси вчера кога се делеа некои листови со барања кои благе везе немаа со оние барања кои се формулираат ко официјални, т.е. пола работи беа само опфатени а одредени не, дел од нив клучни.
Затоа, значи се обраќам до оние кои го подржуваат овој народен протест, да баталат истото да го прават во виртуелниов свет, има место каде буквално СЕКОЈ може да придонесе за доброто на истиот, буквално секој може да даде идеја која ќе биде сослушана и земена во предвид и буквално секој може да го земе мегафонот во свои раце и да се обрати до насобраната толпа.
И Цитро, дај жити све у пакет со Зоте олабавете не од офтопик муабетине, хорор се.