Реставрација : Mercedes Benz w123 240D

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Еве ме, со нови слики...
















Кај и да е, се надевам дека за брзо ќе го носам на регистрација.

п.с. Тој тапацирот на кровот дури да го наместам како што треба, мајмун ќе родам!
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Добро е, ептен си напреднал. Ги оставаш вакви раткапните, или ќе местиш со фарбана внатрешност?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Добро е, ептен си напреднал. Ги оставаш вакви раткапните, или ќе местиш со фарбана внатрешност?
Ако ги фарбам, не е само внатрешноста, и околу знакот треба да се фарбаат. А и вака доста солидно изгледа, па незнам во дилема сум. Со оглед дека некни ме застанаа со веспата и ми залепија велигденска честитка од 500 евра, засега ќе стојат така.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Многу добро среден, секоја чест. Инаку дали може некако да се стегнат тапацирите на вратите да не прават "бранови"?
 

CF.REAL MADRID

ЦЕВКА
Член од
9 септември 2009
Мислења
335
Поени од реакции
9
Ако ги фарбам, не е само внатрешноста, и околу знакот треба да се фарбаат. А и вака доста солидно изгледа, па незнам во дилема сум. Со оглед дека некни ме застанаа со веспата и ми залепија велигденска честитка од 500 евра, засега ќе стојат така.
Оти толку скапа честитка,не ти бил регистриран моторот ли??...Де ако сакаш кажи оти возам и ја мотор ама немам положено,па да си знам да возам само по потреба...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Оти толку скапа честитка,не ти бил регистриран моторот ли??...Де ако сакаш кажи оти возам и ја мотор ама немам положено,па да си знам да возам само по потреба...
Дека има положено има (А категорија), не знам зошто му стегнале честитка 500 евра... :uvo:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Многу добро среден, секоја чест. Инаку дали може некако да се стегнат тапацирите на вратите да не прават "бранови"?
Изводливо е, мада за тоа треба да се растури цел тапацир, па да се собери од ново. Е сега дали линиите што ги има (како вдлабнатини) се машински удрени и е зафатен горниот дел со дрвото внатре, незнам, ама ако е така, нема шанса да се вратат во првобитна состобја. Сума сумарум, неисплатливо е да се заебаваш со такви работи.

Дека има положено има (А категорија), не знам зошто му стегнале честитка 500 евра... :uvo:
Оти полицакјата не беше ебана, или ако беше слабо се покажал колегата... Според моите познавања казната за возење нерегистрирано возило е 300 евра, оваја ми пиша 500. Инаку, веспата не ми е регистрирана, а регистрацијата е 4000 - 5000 денари. ЈБГ, знаев дека кога тогаш ќе се деси :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Браво секој чест си го направил како од Автосалон :helou:,
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Македонската 3 напред 1 назад, во моја изведба...

Кога се бафташ со мајстори, на крај доаѓаш до момент сам да засучиш ракави и да ја расклопуваш пола кола. Некој паметен (ѓомти мајстор) мислел дека нема потреба од каналите за одвод на водата под крила, па ги затворил. И наместо да истекува надвор, цела вода шо се собира од колата, си течеше најкултурно внатре.

И одме, ѕtep by step како да ја растуриш предницата (просечно време на расклопување и склопување, 7 часа) :

1. Браникот надвор


2. Фаровите и жмигавците надвор


3. Крилото лево надвор


4. Крилото десно надвор


5. Крилата на купче :)


Бушење, дупење, отворање на канали, за раат да можи водата да истекува надвор...

На крајот од денот, целата постапка обратно...


п.с. бандажите ми се наредени под кола... утре ќе ги поминам со демол па ќе ги носам на вапцување.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
одамна не си пишал на темава, до кај си како е што е, и најбитно слики :D
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ништо не се случува... моментално си стои во дворот и чека акумулатор.
Проблемот со водата уште не го решив во целост (пак ми влегува :( ) и дури не го средам тоа неможам да постелам теписон внатре.

Инаку тоа остана уште, теписоните да ги наместам, акумулатор и да го затегнам тапацирот на кровот, па на регистрација.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.843
Поени од реакции
29.596
bravo chovek., ova e kola ., a ne deneshnive lipicaneri od plastika., sekoj drugo shto ke kazhe ke izlazhe ., sekoja chest na deneshnive ., ama poglednete go samo branikot chist metal i toa kakov ., eee toa se koli i toa bea creminja., ushte ednash bravo i uspeh vo restavracijata(y)
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Џиш... виде ли некои од оние каналите за одвод на вода (под хауба на пр.) да не е затнат??? Ако веќе си проверил шофершајбна дали дихтува убаво...
Јас така се думав на Рено 5 од што може вода да влегува... и тоа излезе...

Едит: Сега гледам дека е тоа и кај тебе...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom