Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Wanting people to listen, you can't just tap them on the shoulder anymore. You have to hit them with a sledgehammer, and then you'll notice you've got their strict attention.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Денес ќе има кајганџии таму?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
2.140
Во Охрид секој се знае со секого?Не знам...Струмица,Штип,Велес и Кочани се помали градови и пак се организира протестов...
Зборувам општо за сите градови освен Скопје, и да, колку е помал градот повеќе луѓе се знаат меѓу себе и организирањето на вакви настани е потешко оти има муабети од типот:

- Абе мајмун еден, полицаец сум и јас сум ти брат/братучед/пријател/комшија и ти ќе одиш да протестираш против полиција? :)

И да не зборувам затоа што кај нас на се се дава политичка димезија и населението е до таа мера исполитизирано што голем дел слушаат наредби од партиските штабови во врска со многу работи.

Мислам ме сфаќаш што сакам да кажам.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
ГОЛЕМА МАСОВНОСТ !!!
Да го покажеме нашиот револт од полициската бруталност ( претепан до смрт 22 годишен скопјанец) со МИРЕН протест кој ќе започне во 18.00h пред плоштад "Слобода"- Штип и ќе завшри пред полициската станица во Штип.

ете така
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394

Да приложам со материјалот што некој го имаше оставено на групата на фејсбук. Видете го крајот на клипот и посетеноста на протестот.
Браво .
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Во Велес сега од 17:30 се организира нешто, па ќе видам што ќе испадне
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Револуција магазин бр.29 посветен е на убиството на Мартин Нешковски и Протестите против полициската бруталност.
http://www.mkrevolucija.com/index.php?option=com_flippingbook&view=book&id=56:revolucija-magazin-br29&catid=1:default-category
Service Unavailable


HTTP Error 503. The service is unavailable.
Недостапна е страната..
 
T

Tetro

Гостин
Котевски: Нема соучесници во претепувањето до смрт на Мартин Нешкоски

Портпаролот на МВР, Иво Котевски негира дека имало соучесници во убиството на младиот Мартин Нешкоски. Според МВР полицајците што се нашле на местото на настанот, дошле подоцна и не го виделе Игор Спасов како го претепува до смрт момчето. Изјавите на очевидците се спротивни на ова тврдење. Според нив, двајца полицајци во цивилка и двајца униформирани полицајци заедно со сега осомничениот го освестувале Мартин Нешкоски. Нејасно е зошто тие утредента не пријавиле дека детето е претепано, иако обдукцијата потврди знаци на физичко насилство. Од МВР знаат за лицето што било сведок и што му помогнало на Игор Спасов да го пренесе претепаниот до смрт Мартин на клупата во близина.

- Знаеме за кое лице се работи. После два дена од убиството даде изјава во полиција и призна дека присуствувал на местото на настанот. Човекот е вработен во државна компанија, но идентитетот му го чуваме во тајност, вели Котевски.

Зошто тоа лице не го пријавило случајот веднаш, иако знаело дека постоел, не е познато. Нема одговорност и отставка од надлежните институции иако стотици граѓани на вчерашниот протест тоа го побараа. За Котевски, вината во доцнежното пријавување на случајот била во вештакот од Судска медицина. Дека обдукцијата на телото била завршена уште во понеделникот околу пладне потврди судијата што ја вршеше обдукцијата на починатиот Нешковски, а според него, на обдукцијата присуствувале и лица од МВР. Веднаш потоа, околу 13 часот Котевски на прес конференција негираше постоење на случај на брутално претепување.

http://www.plusinfo.mk/vest/4753/Kotevski-Nema-souchesnici-vo-pretepuvanjeto-do-smrt-na-Martin-Neshkoski
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ништо не знаете...
--- надополнето: Jun 11, 2011 1:21 PM ---

Прочитај нешто за морална одговорност, едуцирај се троа и врати се.
ај ке одиме според твоја логика за моралната одговорност и ке менуваме министери на секоја недела.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
ај ке одиме според твоја логика за моралната одговорност и ке менуваме министери на секоја недела.
Па да,нека се менуваат секоја недела ако треба.Нека се види дека ситуацијата е алармантна и на народот му е преку глава.Само така ке го поправат тоа што не чине.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Во спортот пример, ако некој играч од тимот не знае да „си ја врши работата“, ќе биде изменет. Ама ако цел тим „ не знае да си ја врши работата“ се бара оставка од тренерот. Според тебе, што е крив тренерот ако тимот губи?
а тука во случајов цела полиција не си ја врши работата ко шо треба и теба министерката оставка да даде? или само еден заебал работа и ајде нека даде пак оставка министеркава?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom