Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ако некој новинар од Сител бил на протестите како незадоволен индивидуалец, тогаш нема потреба да се мрчи.

А поради сето тоа што го објавија Сител деновиве во врска со овој случај, ништо нема да ги извади, народот памти (колку-толку).
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Ова со тепањево личи на режим како во Египед има полно видеа на полициска бруталност на нет. Зошто државата тепа и апси само Македонци? Зошто не отиде малку во Тетово, Гостивар и околина. Па да тепа малку. Таму е очајна сликата, има албански шерифи во секое село и град кој се занимаваат со тежок криминал, а државата е слепа. Тепа деца на плоштад и по улици. Македонскиот народ премногу трпи и само филозофира. Треба јак протест
А јас што заедно со моите другари албанци, учествуваме во протестот, што ке кажеш за ова?

Зажаливме многу што не направивме еден голем транспарент(на албански и македонски јазик), за некој тука да не тропа глупости.

Се надевам пораката на овој протест е примен од тие што треба да го примат, а тоа се службените лица и министерството за внатрешни работи.
 

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
А бе луѓе јас немам ништо против протести, дури и ги поттикнувам. Само сакам да кажам дека државата смрди на неправда. Тепа само кај што може и тоа е факт. Сеа тоа што вие се правите големи либерали е друго, наметнато ви е тоа и ве разбирам. Треба министерката да си подаде оставка од морални причини и власта што се изгласа пред некој ден да не се обидува да го заташка убиството затоа што ова оди во насока на диктатура.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Хехе, саде партиски фаци. Или не.. Архангел рулз!

НОВА СВЕСТ?

Конечно почна. Ќе расправаме дали требаше толку да се чека или не, но сега е важно дека после толку години чекање, младите во Македонија конечно се осмелија да излезат и да кажат што мислат и тоа во поголем број, во повеќе градови во државата. Иронично е тоа што можеби кон сево ова свој придонес даде и вулгарната предизборна кампања, па можеби се чекаше само повод да се излезе и да се исфрли на улица незадоволството од тоа да бидеш третиран како не-мислечка стока. Жално е што требаше смрт да ги мотивира луѓето, ама докажано е дека тоа е најсилниот мотиватор. Дури и паролите се соодветни на тоа (можеш да бидеш и ти). Убиениот човек нема да се врати, ама можеби може да му се оддаде соодветна почит ако реакцијата на ова убиство послужи за да се праша и да се најде одговор за сите забошотувања на одговорноста и злоупотреба на службената должност на сите оние на кои им е доверена јавна служба во Македонија во последните 30 години.

Листа на сите познати злоупотреби можеби и ќе биде составена; таа би можела да вклучува атентати, „несреќни“ случаи, коруптивни однесувања, неисполнување на законски пропишани норми од заштита при работа, лекарски неетичности и „грешки“, и.т.н.

И токму тука ми е поентата, дека тековните протести би требало да испорачаат конкретни барања за одговорност од страна на МВР за нивниот обид за прикривање на фактите, но исто така и да се обидат да ја начнат темата за расипаниот колективен систем на одговорност во Македонија. Конечно да започнеме да зборуваме за работи кои сите ги знаат. Краток осврт:

Сите знаат дека во професиите кои се занимаваат со општествено одговорни работи правилниците се она кое што се почитува само второстепено. Првостепена е верноста кон колегите и покривање на „газот на колективот“.

Сите знаат дека лица со досие се „преработуваат“ во полициските структури, а потоа стануваат обезбедувачи на партии, или во приватни компании. Пријателствата кои се оформиле помеѓу нив продолжуваат и понатаму кај и да се, па имаме буквално паравојски на терен чии што лојалности се наоѓаат којзнае каде.

Најчесто обезбедувачите и возачите ги знаат највалканите тајни на своите шефови, па оттука е дискутабилно кој навистина владее со една држава.

Сите знаат дека и универзитетот не е имун на овие инфекции. Автономија не постои во реалноста, и овие протести се одлична можност да се даде гласност и на тоа прашање.

Сите знаат дека студентите живеат во кочини и дека досега не се бунеа.

Изгледа протестите се можност да се даде гласност на тоа колку веруваме дека општеството во кое живееме е ОК, да се постават темелите на некое движење кон подобро. Никулци постојат, организации постојат, но се прашувам дали воопшто се и потребни. Според искуството, организациите ретко кога нешто решиле. Познатата фраза дека ако сакаш нешто да забошотиш прво што треба да направиш е да формираш комитет не е далеку од вистината.

Ако социјалните мрежи се толку ефикасни, а Македонија е умрежена, зошто да не се гласа во иднина онлајн? Би се заштедиле пари. Зошто за секое поважно прашање да нема референдум онлајн? Тогаш ќе треба да се има и одговорна и образувана популација, и тогаш нема да може да се импровизира…

Патем, Македонија е испромовирана насекаде по светот за ич пари со просто ретвитување и поставување на содржини токму како оваа која ја читате.

Толку. Коцката е фрлена, да видиме колку ке оствариме.

http://shule.blog.mk/2011/06/10/nova-svest/
Драги сограѓани...
Протестот по повод бруталната и НЕПОТРЕБНА смрт на нашиот сограѓанин Мартин Нешковски ПРОДОЛЖУВА СЕКОЈ ДЕН, се додека сите вмешани во убиството и прикривањето на истото не понесат морална и кривична одговорност. Се тоа за да ја направиме нашата земја побезбедна за нас и нашите деца.

Оваа САБОТА протестот ќе добие форма на СЛОБОДЕН КОНЦЕРТ со настапи на некои од нашите најинтересни бендови/артисти

...
17:30 The John
18:00 PMG Kolektiv
18:30 Fonija
19:00 ???
19:30 Dusko Janevski


СЛОБОДНИОТ КОНЦЕРТ започнува во 17 часот на платото кај Мајка Тереза. Придружете се со ПРИСУСТВО!!!

ПРЕПОСТИРАЈТЕ ГО НАСТАНОТ И ПОКАНЕТЕ ГИ СИТЕ ВАШИ ПРИЈАТЕЛИ !!!

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.096
Поени од реакции
74.904
Одлично помина протестот денеска. Бројка сосема задоволителна околу 4 000 луѓе од слободна проценка. И тоа 90% беа мласди на вораст од 17 до 25 години. Како што и погоре некој кажа незнам зошто на постарите им е страв да излезат...
Закани или не нивна работа...
Го прошетавме цел град, од Мајка тереаза до плоштад, па влада, па по Партизанска до хотел Карпош, и тука се поделивме на две групи по 2000 по што повторно се здружживме кај Рамстор:)
Тука морам сдса кажам дека од една од зградите долетаа две стаклени шишиња. За малку ќе ме здрвеше едното во глава...
За среќа не погодија никого. Веднаш сите што беа во тој дел се затрчаа накај зградата па и полицијата интервенираше и се смирија страстите. По пат се беше мирно, освен чат-пат по некое пеење за џандарите и брклата:D
Ми беше чест што сденеска присуствував на овој протест. Како за почеток добро е, да докажеме дека нема да ќутиме како мулиња...
Знам дека е испратена некаква петиција само не ги знам барањата...
Божем од МВР ветиле дека ако денес нема инциденти истата ќе била разгледана...
Ееееее една несдела скоро ќе помине а ни А ни Б не кажаа. Алооо беее, имате ли лице бре, излезете и дајте си оставка сите до еден, или ако не го сторите тоа кажете бареш што навистина се случувало, кој се помогнал во прикривање на убиството. Признајте дека да не пријавеше дечкото кој мислел дека другар му го тепаат, никогаш немаше да ја дознаеме вистината. Признајте дека кај таткото на детето се одело дома и бил молен да не кажува ништо. СРАМОТИЛАЦИ!!!!
Мило ми е и што им ги затнавме устите на сите што велеа дека приотестите имале политичка заднина:rolleyes:
Протеститње продолжуваат, но за жал следниве неколку дена неможам да идам ради испити:(
П.с. од познативе фацки само Џака дојде на протестиве. Алал да му е, другиве нека дремат како мисири :)
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Со оглед на случувањата од минатото и онаа старата позната пракса „секој скандал се прикрива со поголем“ имам некое претчувство дека деновиве нешто ќе се случи за да биде одвлечено вниманието на јавноста од протестиве...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не, туку јас гледам повеќе видови членови ("јас знам се", "јас сум најпаметен", "јас сум за протести ама не идам") и слично, кои пишуваат на темава, а никаде ги нема пред Мајка Тереза. Тоа ми беше поентата, се надевам сега вака ти е јасно.
Па не може да се оди секој ден, гледаш, кој има испити, денес и утре е Задушница, период е кога се прават свадби.... Еве на пример јас бев денес и првиот ден и не те видов тебе и ај сега да ословувам дека не си идел? :) Пооправдани се тие што се спречени на било каков начин да дојдат отколку тие што тролање им е првата цел и не го сфаќаат протестов.:)
--- надополнето: Jun 11, 2011 12:36 AM ---
Се мислев овиее неколку дена дали да идам на протестов(обично вакви ствари не пропуштам)ама ете ја имав таа "среќа" да сум на работа вечерва и неможам да одам;) и за прв пат мислам дека подобро е да не одам отколку да одам..причина???Мислам многу јасно е дека вечерва ќе има тешка местенка,најверојатно ќе има големо инфилтрирање од политички платеници,можно е дури и они да почнат судир со полицијата и на крај може да има многу уапсени и недај боже многу повредени...затоа тој што ќе иде нека се пази...можно е пак да не наместат:confused:(како што не наместија на калето и ред други такви собири)
Браво за филмов, Холивуд не ти е рамен.

П.С. Уште еднаш да напоменам кој има инфо за донирање средства за транспаренти нека пише.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.921
Поени од реакции
11.298
Со оглед на случувањата од минатото и онаа старата позната пракса „секој скандал се прикрива со поголем“ имам некое претчувство дека деновиве нешто ќе се случи за да биде одвлечено вниманието на јавноста од протестиве...
Можеби ама се надевам нема да дојде до тоа... Затоа важно е да сме истрајни да излегуваме секој ден да не има повеќе а не помалце, ако се разводни работава ништо не сме направиле. УПОРНОСТ!
 
T

Tetro

Гостин
Уште еднаш да напоменам кој има инфо за донирање средства за транспаренти нека пише.
Се донираше денес кај спомен-куќата на Мајка Тереза, некаде околу 18ч.
Парите собрани се наменети за гориво за агрегатот и изработка на транспатенти.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Се донираше денес кај спомен-куќата на Мајка Тереза, некаде околу 18ч.
Парите собрани се наменети за гориво за агрегатот и изработка на транспатенти.
Знам дека имаше ама не разбрав убаво каде од другите, утре ќе донирам обавезно. Еве апел и до другите, може барем по некоја симболична донација да одвои секој.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
П.с. од познативе фацки само Џака дојде на протестиве. Алал да му е, другиве нека дремат како мисири :)
Еј брат не заебавај :):)
Од легијата беа сите , беше и КИЛИ хихих
Видов еден глумец и глумица познати исто само не им ги знам имињата

Нека се продолжи само вака и мора да се зголемува бројката од ден на ден , МОРА
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еј брат не заебавај :):)
Од легијата беа сите , беше и КИЛИ хихих
Видов еден глумец и глумица познати исто само не им ги знам имињата

Нека се продолжи само вака и мора да се зголемува бројката од ден на ден , МОРА
Николина Кујача :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Кој се обидува да го политизира протестов? Кој? Бубу лаверс, кој се обидува? Да не си ти Александар Богоев?

http://www.facebook.com/event.php?eid=109439825812370#!/maktifo2/posts/110285335727819

http://www.facebook.com/profile.php?id=100000513487019&sk=wall

И не, нека не ве лаже профил сликата, како што ве лажат коментарите на дотичниов македонски граѓанин.

Ми се гади...
Да, специјално за темава се приклучив на форумот.... Какви суштества одат по земјава, страшно.
--- надополнето: Jun 11, 2011 3:05 AM ---
http://www.plusinfo.mk/vest/4486/Tigar-pretepal-momche-i-pred-dve-nedeli-vo-Karposh-
--- надополнето: Jun 9, 2011 8:33 AM ---

NEKA SI ODI TAA KAJ SAKA AKO NE SAKA DA PROTESTIRA ZOSTO SE OBIDUVA DRUGITE DA GI ODVRATI OD PROTEST!
Девојче, јас никого не одвратив од протест.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.021
Аууу браво за другиве градови, секоја чест, и денес во Скопје ... незнам, капа доле момци и девојки, капа доле !!!
Kaко што сите најавуваме, политичките профитери се неизбежни но во убер мал број, скоро и неприметни, еве еден од нив, дури и се измоча на тревникот пред собрание :

Кучето на BooBoo's lover избегало и дошло на протест... :))
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25
Предлагам секоја партиска амеба која сака да го дискредитира или да му даде атрибут на партиски протест без двоумење да биде отстранет.
Ова стана големо и јасно дека е аполитична, граѓанска акција.

Секој независен, демократски, граѓански онлајн портал или форум кој се сложува со барањата на протестирачите да постави банер „Стоп за полициската бруталност“. Ако можевте да делите банери за партиите направете нешто за каузата и поставете банер со кој ќе го поддржите овој протест. Твитер, ФБ станаа официјалните независни медиуми на слободната македонска мисла. Бидете и вие дел од движењето и покажете ја вашата поддршка. Ако не го сторите тоа ќе бидете само дел од соучесниците во погребувањето на демократијата во државава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom