Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дечки добив инфо дека може да се иде и од сега на протести, не мора во стриктниот термин, кој сака може и сега да оди, се гледаме :))))
 
Баш ме интересира од сите фаци овде кои "начукаа" 150 страни, колку всушност биле бар на еден од протестите деновиве?
Многу е симптоматично ова, дали луѓево не сфаќаат или што е работата...На форум можете да направите и 1500 страни, нема да се направи НИКАКВА разлика.

Нешто не ви одговара, имате нешто да кажете?
Отидете на протести, ако сте по форумите, имате отворен форум таму.

Можеби е залуден протестот, можеби барањата не ви се погодени, можеби нешто трето не ви е погодено, ама кој кур се буните заради тоа на форум човече?
Има тука форумџии кои немаат еден пост на темава, па ги гледам на протестот. А има и такви кои се најактивни, а бар јас кога сум бил, ги немам видено во толпата.
Од седење дома ништо не праите, само стомак може да добиете.

Интересна работа. Читаш хард кор анти-Форум пропаганда од човек кој има 12 и кусур илјади форум коментари.
 
Кој се обидува да го политизира протестов? Кој? Бубу лаверс, кој се обидува? Да не си ти Александар Богоев?

http://www.facebook.com/event.php?eid=109439825812370#!/maktifo2/posts/110285335727819

http://www.facebook.com/profile.php?id=100000513487019&sk=wall

И не, нека не ве лаже профил сликата, како што ве лажат коментарите на дотичниов македонски граѓанин.

Ми се гади...
 
Не се замарајте со него само јаде гом** дојдете сите после на протест за да биде најмасовен до сега
 
Баталете го овој Александар Богоев. Се гледа дека е лажен профил и провоцира само, ајде што помасовно, јас тргам за саат време.
 
Интересна работа. Читаш хард кор анти-Форум пропаганда од човек кој има 12 и кусур илјади форум коментари.

За што ти треба објаснување другар?

Имаш дискусија на форум како "графички карти", каде што давам мислења, совети, постови. И имаш ваква тема. Две сосема различни работи, ама баш ми е мило што од целиот пост само бројките поред сликичката ми ги гледаш. :)
 
Се водев според твојата логика, затоа. Не за друго.
Затоа мене ми се причинило дека дури и за “графички карти“ има посебни места кај што може да се даваат мислења, совети, и слично. Постојат кафани, уз пиво можеш тоа многу добро да го префрлиш. Крај краева, додека седиш дома и даваш мислења за “графичките карти“ не добиваш ништо, освен стомак. Додека некој на отворен форум дискутира за фамозните “графички карти“.
Јас пак мислев дека не се сосема различни работи.

Ама баш ми е мило што покрај целата дискусија за црниот настан, ти ги гледаш само бројките за исполнети страници на темата. :)
 
Информација од член на Воденица: Група од 10-тина вмровци од Лисиче планирале да се приклучат на протестот со знамиња и др. обележја од СДСМ
https://twitter.com/#!/ForumVodenica/status/79174492559114240

До кај стигнавме...

Само пренесувам, нема потреба мене да ме напаѓате. Peace.
 
https://twitter.com/#!/ForumVodenica/status/79174492559114240

До кај стигнавме...

Само пренесувам, нема потреба мене да ме напаѓате. Peace.
Се надевам дека истите ке бидат на било кој начин демолирани од страна на оние кои протестираат за човечкото право на живот и не се обоени партиски.
 
Се водев според твојата логика, затоа. Не за друго.
Затоа мене ми се причинило дека дури и за “графички карти“ има посебни места кај што може да се даваат мислења, совети, и слично. Постојат кафани, уз пиво можеш тоа многу добро да го префрлиш. Крај краева, додека седиш дома и даваш мислења за “графичките карти“ не добиваш ништо, освен стомак. Додека некој на отворен форум дискутира за фамозните “графички карти“.
Јас пак мислев дека не се сосема различни работи.

Ама баш ми е мило што покрај целата дискусија за црниот настан, ти ги гледаш само бројките за исполнети страници на темата. :)

Не, туку јас гледам повеќе видови членови ("јас знам се", "јас сум најпаметен", "јас сум за протести ама не идам") и слично, кои пишуваат на темава, а никаде ги нема пред Мајка Тереза. Тоа ми беше поентата, се надевам сега вака ти е јасно.
 
Ова е веќе очаен потег. А штом некој станува очаен значи дека притисокот функционира.
Но ако се појават луѓе со партиски маички верувам дека останатите нема да дозволат така да се исполитизира протестот и ќе реагираат соодветно.

Не знам зошто, но имам многу добро предчувство за овој протест.
 
Не, туку јас гледам повеќе видови членови ("јас знам се", "јас сум најпаметен", "јас сум за протести ама не идам") и слично, кои пишуваат на темава, а никаде ги нема пред Мајка Тереза. Тоа ми беше поентата, се надевам сега вака ти е јасно.
Секој со својата причина зашто не се појавил на протест, ако некој од некаква причина не може да се појави но сепак придонесува тука за исфрлање на троловите и спинерите и откривање на вистината е за пофалба.
Но, што праиме со оние кои можат да искочат или да се информираат било како за настанов, но к*р ги боли. Такви се 95% од македонските граѓани...
 
nema nikoj so znaminja sea za sea ako se pojavi nekoj takov site ke sednat na zemja vo znak na revolt
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom