Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.373
Поени од реакции
5.466
Супер изиграја нашите, задоволен сум од играта, само тие зицери шо ги промашивме мислам дека нема да се случат друг пат, Миркуловски денес беше одличен ми изненади, Кире како и секогаш, Наумче некако се губи во последно време. Се надевам дека се ќе биди во ред со Темелков и ќе се врати шо побрзо...
1000% сме на Европско !!!!!!!!!!!!!!!!!

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ ВО ДУШАТА ГО НОСИМЕ ЗА ТЕБЕ ЖИВОТ ДАВАМЕ ООООО МАКЕДОНИЈО !!!!!!!
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Абе срамота е еј, таму требаше да одат не вака...
Натпревар кој решава пласман или не на ЕП
Барем МТВ беше во Исланд кога игравме за на Светско

Сепак остајте сите работи настрана НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ПЛАСМАНОТ НА ЕП ВО СРБИЈА, БРАВО МОМЦИ ШТО ИЗГИНАВТЕ НА ТЕРЕНОТ СЕКОЈА ВИ ЧЕСТ!!!
Koe гинење не зафркавај си играа тренинг посилен им беше ова ... Гинеа против Исланд и Полска и Русија .. Тие утакмици нема никогаш да ги заборавам ! ! !! :giggle:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Тоа да иначе Босна изгуби дома од Унгарија 22-19 такада во недела за Босна ништо не значи таа утакмица друго ќе беше ако победеа денес вака треба мирно да тепаме и да нема дилеми.
Не сакам да бројам колку пати Босна не има заебано во кошарка кога „не им требала“ победа... Се разбира дека ќе играат на победа, наше е да не им дозволиме. Што се однесува до играта на Миркуловски, тој секогаш прави добри пробиви, не знам што толку сте изненадени. Дечкото игра одличен ракомет само малце треба да ја подобри ефикасноста :)
Инаку прв пат по две години од СП ги гледам да ја пејат химната со таква страст, немаше сомнеж дека ќе победиме на овој меч :) Можевме и подобро, ама речиси цел циклус бевме некомплетни.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Поправете ме ако грешам.
Ние не би оделе на европско доколку Естонија победи во Унгарија а ние изгубиме од Босна.Ако е оваа варијанта мислам дека во сабота треба да се официјализира влезот ондак.Плус не верувам да кикснат со Босанците.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
20 пати беше кажано тоа е тоа. Плус се работи за последна утакмица и испраќање на Европско такада се надевам на полни трибини и голема поддршка во Борис.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.650
Поени од реакции
59.618
Ако имавме онаква бројка на навивачи во Хрватска, тек која фешта ќе биде во „ене-кај-е“ Србија...
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
пуштени се картите во продажба,така?
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Да не ги има некој утакмиците со Исланд, Полска, Германија... ???
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Конечно по толку години следење ракомет да ја видам репрезентацијата да изигра ПАМЕТНО на гости против една послаба репрезентација(овде ги исклучувам оние аматерски репрезентации)....на важен меч....
Немаше потреба од брзање,Естонците сами се закопуваа и грешеа.....
Искусна репрезентација мора да го казни ова....
Малку ми беше страв од судиите...но си ја завршија одлично работата....
Со Босна треба да се одигра стрпливо,резултатот сам ќе си дојди....
Сите адути се на наша страна....
Босанците немаат мотиви,но не смеат да се отпишат,и покрај сите проблеми шо ги имаа се доста квалитетна репрезентација...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Иначе , заборавив да прашам арен е Темелков, нема ништо???
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Иначе , заборавив да прашам арен е Темелков, нема ништо???
Добар е не е сериозно деновиве почнува со тренинзи но со Босна највероватно нема да настапи да не се ризикува ништо.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Иначе на билетара кажаа дека имало слободни само 1,2 и 5 блок значи се друго е раздадено на ВИП!!! Тие што се на ВИП можат да земат на овој начин другите побрзајте

Бесплатни билети за љубителите на ракометот

Во рамки на партнерството со ракометната федерација на Македонија, а како веќе докажани страсни навивачи за македонскиот ракомет, Вип оператор ја потврдува својата заложба за промовирање на спортскиот дух и им нуди на своите корисници бесплатни билети за претстојните ракометни натпревари.

Имено, на 11-ти јуни, сабота, женската сениорска ракометна репрезентација ќе го одигра мечот со Шпанија во рамки на натпреварите за пласман на Светското ракометно првенство што ќе се одржи во Бразил во декември оваа година. Ракометниот викенд продолжува во недела на 12-ти јуни, кога машката ракометна репрезентација ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како дел од квалификациите за Европското ракометно првенство за мажи кое ќе се одржи во јануари 2012 во Србија.

За обезбедување масовна поддршка на нашите најтрофејни репрезентации, Вип оператор во текот на утрешниот ден, сабота 11-ти јуни, организира Ракометен среќен час во сите Вип центри во Скопје во периодот од 12.00 до 13.00 часот. Сите корисници на Вип кои во текот на Ракометниот среќен час ќе направат било каква активност во Вип центрите (ГТЦ, Рамстор, Веро 9, Бит пазар, Лептокарија и Бисер) ќе добијат бесплатни билети за ракометните натпревари. Натпреварите започнуваат во 20.00 часот и ќе се играат во СРЦ Кале.

Вип ја започна својата соработка со Ракометната федерација на Македонија на почетокот на 2008 година и ги бодреше нашите национални репрезентации во текот на сите натпревари и предизвици во текот на изминатите четири години.
 
Член од
13 јуни 2008
Мислења
92
Поени од реакции
0
колку е карта за натпреварот со Босна??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom