Наместо да се тупи уште за тоа што, кој, како треба да преземе одговорност, треба некои правници во соработка со хелсиншки или нешто, да состават документ со барањата. Ја не сум правник ама грубо би било нешто вакво:
-Расчистување на случајот со разоткривање на сите вмешани во него. Двајцата други тигри.
-Ревизија на професионалноста во работата и изборот на припадници во единицата „Алфи“ и „Тигри“. Сите со криминално досие треба да се исчистат и да се воведат ригорозни психо тестови, посебно за алфите, пошто тие се во секојдневен допир со граѓаните. (тука може да се добие и кај европската комисија која 100 години не тера да ја намалиме администрацијата. Нека бидат први џандарите.)
-Да се вметне амандман во кривичниот или законот за полиција со кој секое пречекорување на овластувањата на припадник на полицијата ќе се казнува со суспензија и отстранување од работа.
-Да се оформи тело во мвр кое ќе биде отворено за граѓаните и нивните поплаки и критики за работата на полицијата, според кое внатрешната контрола ќе реагира.
-Портпаролот да си поднесе оставка поради недоследно и неточно информирање на јавноста. Според мене тој главно одлучува за тоа како ќе бидат пренесени информациите.
-Министерката да не биде преназначена повторно. Нека земе друг ресор!
Ако овие неколку, грубо формулирани барања се исполнат транспарентно, не само што ќе бидеме задоволени ние што протестираме туку и власта ќе добие на поени, сигурно!
--- надополнето: Jun 9, 2011 2:17 PM ---
Сега гледам @grave digger ставил некој документ што е многу добро напишан.
http://novica.softver.org.mk/node/622