Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Сфаќам, офтопик мал ама ова тогаш го прави и Јохан автоматски невин, само слушал наредби и тој а сепак уште скапува во Шевенинген :)
Види, детали не можеме да знаеме - ниту јас можам да тврдам дека Котевски стварно не знаел, ниту пак можем со сигурност да кажам Јохан што правел. Ама функцијата на портпаролот е да го пренесе на народот она што му е дадено како извештај.
Токму затоа најмала вина треба да се бара во него.
Е сега, доколку станува збор за прикривање на докази - тогаш јасно е дека треба и тој да си сноси одговорност.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
И учествува во кривично дело ...
Информациите кои потпаролот ги пренесува се официјален став на Министерството за Внатрешни Работи, истите треба добро да бидат проверени па потоа да станат достапни до јавноста, а они цел ден заташкуваа, како тоа за саат време он знае Се и дава инфо од прва рака за нивните спектакуларни акции а '' незнае ништо '' за убиство извршено во главен град на Македонија и тоа у самото срце на истиот, и тоа пази, '' незнае ништо '' цел ебан ден откако тоа се случило.
Потоа стигнаа низа деманти, дека имало членови на МВР кај што била вршена обдукцијата, дека знаеле дека имало мртво дете на Плоштадот таа вечер што е и нормално, они први вршат увид тука, ама не, они не оставија нас да шпекулираме дур заташкуваа од страна, па откако веќе стана јасно дека имало тело на плоштадот, они пак излегоа со инфо дека немало модринки што не е точно, што и официјално не било точно во 1 часот попладне во Понеделникот ! .

Иво е еден од учесниците при ова заташкување на убиството што всушност претставува и кривично дело, тоа што е потпарол не значи дека истиот е имун и на законот. Не значи дека ако на некој надлежен негов му прднало да каже утре не напаѓаат вонземјани, Иво да е приморан тоа да и го пренесе на јавноста.

п.с. Дури и да немал пристап до обдуцискиот извештај, он дефакто лажеше дека НЕМАЛ ИНФОРМАЦИЈА за она што се случило во Неделата вечер, 16 часа по убиството он наводно немал инфо за такво нешто. Па добро бе, до кога ќе дозволувате некој да ви ја вреѓа интелигенцијата ?!
Syn, многу е можно да немал. Многу е можно ковер-апот да завршува со полицајците кои го одвлечкаа телото и извештајот од судска медицина. Никој од нас не може да знае каква информација добил Иво, сосема е можно да добил информација за „пронајдено починато момче без траги од насилство“. Значи се ова што го правиме последниве страни на темава е гола шпекулација, може да е и вака, може да е и онака.

Но во секој случај, и тоа е една од работите на која треба да се одговори.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Г

Грејвдигер

Гостин
Односи со јавност - функција далеку поразлична од онаа која ја имаат луѓето што го вршеле увидот. Ако извештајот е дека немало никакви знаци на насилство, Котевски тоа и ќе го каже. Типот не врши увид на телото за да може да каже што и како е стварно. Котевски само презентира заклучок на надлежните во јавност.
Како и да е, некој од МВР треба да одговара. Ако не стигале информациите до него, значи и таа со брковите треба да сноси одговорност и уште некој друг ако имало... пошто стварно не ја знам како иде процедурата.

А прикривање на докази сигурно имало и штом толку чекале сигурно имало некој други планови да го извртат целиот случај, ама брзо реагираше народот.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Ај да прашам јас нешто.. а што бара припадник на елитна спицијална единица на обезбедување прослава или митинг? Кој ја заборави намената на спцијалците - Тигрите?
Тој ќе си го одлежи заслуженото, но никогаш нема да си прости себеси тоа што го сторил, гарант било несреќен случај, но што е тука е, немал кочница, не се сопрел себе си, сега осем затворска казна го чека и онаа потсвстната грижата на совеста, ако било работата да го убие момчето ќе го свирнел со метак, немал да го мава, но што е тука е, се додека најспремните луѓе во државава кои што секој ден се спремни на готовс за секаква ситуација се користат во предизборни и пост изборни славења ќе се случуваат вакви работи, малку ли се полицајци на терен за вршење јавен ред и мир, кога некој го обучуваш за да се справува со терористички ситуации и ред сродни на нив, неможеш да го пуштиш во толпа народ да обезбедува ред, прво треба тренинг за работа со луѓе во урбана средина, па после да се челичат со нив... за двете страни страшно и жално, едните никогаш нема да си го повратат назад изгубеното чедо, а другава страна односно специјалецот пост трауматално може да заврши со самоубиство или со тешка психичка состојба.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Не ми е јасно зошто уште се замарате со хипотетички ситуации и пробувате да се ставите во умот на убиецот, на убиениот, на портпаролот и на министерката.

Финтата е што сите сакаат да бидат водачи на протестот, па од страна се добива впечаток дека се протестира против полициската бруталост, но никој не знае конкретно за какви промени се залагаат тие што протестираат. Да се бара да се расформира цела специјална единица (или сите специјални единици, како што прочитав некаде) е смешно. Да се бара одговорност од сите инволвирани во случајов (а не само убиецот) е веќе реално барање. Да се бара независно тело за проверка на професионалност на цела полиција (тоа вклучува и одговор на прашањето „што барал Тигарот на плоштадот“ и „по чија наредба бил и делувал таму“) е исто така реално барање. Мислам дека протестите треба да се ограничат само кон овие барања.

Ако се исполнат барањата, нема поента и понатаму да се троши глас и мегабајти на темава.

НО, ако се случи ова повторно (а ќе се случи), е тогаш ќе биде незгодно.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ај да прашам јас нешто.. а што бара припадник на елитна спицијална единица на обезбедување прослава или митинг? Кој ја заборави намената на спцијалците - Тигрите?
Тој ќе си го одлежи заслуженото, но никогаш нема да си прости себеси тоа што го сторил, гарант било несреќен случај, но што е тука е, немал кочница, не се сопрел себе си, сега осем затворска казна го чека и онаа потсвстната грижата на совеста, ако било работата да го убие момчето ќе го свирнел со метак, немал да го мава, но што е тука е, се додека најспремните луѓе во државава кои што секој ден се спремни на готовс за секаква ситуација се користат во предизборни и пост изборни славења ќе се случуваат вакви работи, малку ли се полицајци на терен за вршење јавен ред и мир, кога некој го обучуваш за да се справува со терористички ситуации и ред сродни на нив, неможеш да го пуштиш во толпа народ да обезбедува ред, прво треба тренинг за работа со луѓе во урбана средина, па после да се челичат со нив... за двете страни страшно и жално, едните никогаш нема да си го повратат назад изгубеното чедо, а другава страна односно специјалецот пост трауматално може да заврши со самоубиство или со тешка психичка состојба.
Тигарот е обучуван, има поише осет од нормален човек, он знае колку пати и како треба да мавне некој за да го усмрти.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Проблемот според мене е тоа што не се вработуваат вистински полицајци туку насилници, тепачи, вратари, значи луѓе кои учествувале во прљави работи. Затоа со било кој да правам муабет од пријатели во странство што живееле или живеат за ваков скандал одма се поднесува одговорнсот дали политичка или морална.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AC38756CA2DB144C870D808AAD6E21BF
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Тигарот е обучуван, има поише осет од нормален човек, он знае колку пати и како треба да мавне некој за да го усмрти.
Кога некој го учиш само да тепа и да пука, што очекуваш од него да добиеш?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тигарот е обучуван, има поише осет од нормален човек, он знае колку пати и како треба да мавне некој за да го усмрти.
Два пати мери еднаш овај мава.

Да те прашам тебе каков осет ти би имала за време на обука да те разбудат во 0.00 касот и во ходник во павиљон да го чекаш доручекот мирно кој што ќе се дава сабајле во 6 или 7, па да те остават два саати да лежиш во снег да ти замрзнат и раце и нозе, да ти дадат еден трупец да го мкнеш цела ден и со уште неколку луѓе да го префрлаш од едно рамо на друго, па рингот, и да имаш осет ќе го изгубиш.....
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Има многу луѓе со психички пореметувања но тоа не ги амнестира од нивните дела и однесувања.
Најголемата трагедија е во фактот што убива тој што е платен да брани!
Ова ми е пандан на педофили во образованието... Девијантност во дефиницијата за самоопределба.
Искрено, им се дивев на родителите и на нивната доблест никого да не обвинат и да се задржат на сопствената тага. Мислам дека кај сите нас адреналинската реакција беше многу поинаква но предизвикана од зачестени насилија.
Факт е дека се „семоќни“, дека нивната сила дури застрашува и одамна ја има изгубено својата намена.
Јас сум бев било какво двоумење дека бидејќи има низа на пропусти во самите специјални единици и премногу пријави и поплаки од граѓаните на оваа земја едноставно да престанат да постојат.
Пратете ги на крстосници!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.961
Поени од реакции
45.191
Syn, многу е можно да немал. Многу е можно ковер-апот да завршува со полицајците кои го одвлечкаа телото и извештајот од судска медицина. Никој од нас не може да знае каква информација добил Иво, сосема е можно да добил информација за „пронајдено починато момче без траги од насилство“. Значи се ова што го правиме последниве страни на темава е гола шпекулација, може да е и вака, може да е и онака.

Но во секој случај, и тоа е една од работите на која треба да се одговори.
Иосоно, потпарол на Министерство за Внатрешни Работи НЕ СМЕЕ да шпекулира, дали ме разбираш. Тоа министерство сноси и те како огромен товар на одговорност па поради тоа не смеат да се стават во улога на медиум кој стандард изнесува шпекулации во етерот и не им чуе за тоа.
Ете, таа нивна шпекулација го уби Даниел од Ѓорче, таа нивна шпекулација го отргна семеството на Мартин од помислата дека станува збор за нивниот син, ова е изјава од нив.

Тоа доволно говори за функционирањето на ова министерство, полицајците од местото на злосторот да, можат да го прикријат ова, но ова останува видено од низа очевидци, ова е видено и од оние лица кои дошле со амбулантното возило и констатирале смрт, ова е видено и од оние кои вршеле обдукција.
МВР како министерство тие наоди од обдукцијата не е изводливо да не ги добие веднаш, не е изводливо цел еден ден они да лажат а во 1 часот попладне и официјално детето да умрело од крварење во мозокот предизвикано од удар.

Е сега бар тебе те знам многу добро, зар веруваш дека овие информации не стигнале до Иво, човек кој знае Се 10 минути по спектакуларна акција на полиција, и тоа до најситен детал. Проблемот е многу очигледен тука за нив, им штети, и те како им штети, не за џабе го купувале и молкот на ожалостеното семејство.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Има многу луѓе со психички пореметувања но тоа не ги амнестира од нивните дела и однесувања.
Најголемата трагедија е во фактот што убива тој што е платен да брани!
Ова ми е пандан на педофили во образованието... Девијантност во дефиницијата за самоопределба.
Искрено, им се дивев на родителите и на нивната доблест никого да не обвинат и да се задржат на сопствената тага. Мислам дека кај сите нас адреналинската реакција беше многу поинаква но предизвикана од зачестени насилија.
Факт е дека се „семоќни“, дека нивната сила дури застрашува и одамна ја има изгубено својата намена.
Јас сум бев било какво двоумење дека бидејќи има низа на пропусти во самите специјални единици и премногу пријави и поплаки од граѓаните на оваа земја едноставно да престанат да постојат.
Пратете ги на крстосници!
Никој не треба да биде амнестиран, но останува прашањето зошто специјалци кој се обучени за други намени се користат за редари или за обезбедување, истиот тој кој е обучен да реши заложничка криза, да скине терористи налепени со динаминт и ред други интересни ситуации, се деградира и употребува во секојденвни манифестации.. апсурд.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Иосоно, потпарол на Министерство за Внатрешни Работи НЕ СМЕЕ да шпекулира, дали ме разбираш. Тоа министерство сноси и те како огромен товар на одговорност па поради тоа не смеат да се стават во улога на медиум кој стандард изнесува шпекулации во етерот и не им чуе за тоа.
Ете, таа нивна шпекулација го уби Даниел од Ѓорче, таа нивна шпекулација го отргна семеството на Мартин од помислата дека станува збор за нивниот син, ова е изјава од нив.

Тоа доволно говори за функционирањето на ова министерство, полицајците од местото на злосторот да, можат да го прикријат ова, но ова останува видено од низа очевидци, ова е видено и од оние лица кои дошле со амбулантното возило и констатирале смрт, ова е видено и од оние кои вршеле обдукција.
МВР како министерство тие наоди од обдукцијата не е изводливо да не ги добие веднаш, не е изводливо цел еден ден они да лажат а во 1 часот попладне и официјално детето да умрело од крварење во мозокот предизвикано од удар.

Е сега бар тебе те знам многу добро, зар веруваш дека овие информации не стигнале до Иво, човек кој знае Се 10 минути по спектакуларна акција на полиција, и тоа до најситен детал. Проблемот е многу очигледен тука за нив, им штети, и те како им штети, не за џабе го купувале и молкот на ожалостеното семејство.
Не шпекулира тој, ние шпекулираме :)
Што ако тој не ја добил информацијата каква што е, што ако некој замешал прсти во тоа? Човекот кажа дека има информација но не е таква каква што му ја кажаа новинарите. Јас и ти не можеме да знаеме дали лаже, или го излажале тие кои правеле cover-up. Тоа ми е единствената поента овде :)

ЈБГ, знам дека портпаролите се најомразени суштества, тие секој ден ги презентираат ставовите кои другата опција не може да ги смисли и го собираат гневот од сите, во долги периоди :) Но факт е дека нас не ни е докрај јасно што се случило и по ова прашање треба да престанеме да шпекулираме. Јас сакам да видам одговорност од некој повисок, хебеш одговорност од портпарол, тоа не е одговорност, тоа е колатерална штета.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom