Јас и ти кладба ?Само знам дека Филип II ќе се полни и покрај овие порази. Maкедончето секогаш ќе оди да си ја гледа репрезентацијата па макар и да е составена од дрва.
Да солидно деби имаше Буба.Попов имаше физички предиспозиции ама многу себичен, се нешто чекор повеќе, ја угушугаше играта, а и Тричковски премногу самобендисано изгледаше.
Јас повеќе ја следев играта на Хасани, и севкупно мислам дека направи позитивно деби. Се гледа дека уште е под импресии, но има добра пас игра, и доста агресивно одеше на противниците (направи неколку фаули). Премногу блиску се поставуваше со своите играчи, тоа му беше маана, но и некако многу малку играа со него. Тие топки што ги доби , добро ги дистрибуираше.
Одбраната премногу со паника реагираше, секоја пас игра завршуваше кај Богатиновски, а тој без двоумење на долги дегажмани.
Ирците ништо посебно, со малку среќа стигнаа до два гола.
Не секоја утакмица, ама на овие важни натпревари против поголемите екипи, да, ќе се полни.Јас и ти кладба ?
Барем и семки и сончоглед да делат гратис...Стадионот се полни зошто поголем е бројот на картите кои се раздаваат од картите кои се пуштаат во продажба. И се дури сме вакви за никаде тоа е добра работа, зошто инаку 7-8000 е максимумот.
Абе ако не разделат 15000 гратиси ни со Шпанија да играме немат да е полн.Не секоја утакмица, ама на овие важни натпревари против поголемите екипи, да, ќе се полни.
Шутна Кин, топкава го закачи Новески или незнам кој беше тука, смени малку правец, а и Богатинов стоеше на 8 метри од гол и фино голче ни збрца Кин од околу 20 метри.Како ни го дадоа првиот? Едно креле стоеше пред мене, не го видов.
А вториот, за жал, го видов.
Изгледа дека не си го видел убаво првиот гол , кога Кин шутна топката се одби од ногата на Новески и го смени правецот , а за тоа дека Богатинов стоел на 7-8 метри пред гол линија е нормално бидејќи противничките играчи беа на околу 30 + метри од нашиот гол .Шо за првиот гол не е крив? Кој к*р ми излегува 1293812832193 метри над гол линијата? Зарем слепец е , пред него има дефанзивци шо излегува толку напред?! Ај да беше во контра разбирам ама .. за првиот гол тој е крив!