Барселона - Манчестер . . . ФИНАЛЕ КОЕ НАЈВЕЌЕ ГО ПОСАКУВАМ . . .
Како навивач на Блауграна, најомилениот тим со кој сакав да играме финале е Манчестер . . . Манчестер е најзрелата екипа од островот, која моментално може да се надигрува со Барса . . . Кога велам да се надигрува, не значи дека Ферги ќе се надигрува со Барселона . . . ,, Стариот лисец " добро го памети финалето во Рим . . . Проба да се надигрува, но тоа траеше неполни 9 минути . . . Чави, Иниеста и Меси се највоиграните играчи од кога фудбалот постои како спорт. . .
Мислам дека Ферги ќе тргне претпазливо, трпеливо . . . Ќе проба да ја запре Барселона ако не со иста, со слична поставеност како на Реал Мадрид во 4те последни натпревари од циклусот Ел Класико . . . Искрено не верувам толку груба игра од играчите на Манчестер, која дефинитивно ќе предизвика контраигра од нашиве, т.е малку повеќе глумење ( Барем глумењето е човечка работа ) . . . Искрено сакам ЧИСТ фудбал од двете страни, а ако Манчестер игра чисто, не се сомневам дека нашиве ќе играат НАЈ ЧИСТО. . . Целата дефанзива на Ферги ќе се базира во спречување на Чави и Иниеста, а со тоа да се спречат употребливи топки во нападот . . . Но, Чави и Иниеста практично е невозмоно да се спречат . . .Сите знаеме дека тие се технички најпоткованите играчи од средниот ред, највоиграните играчи што некогаш заиграле заедно и најдобрите играчи од средниот ред последните неколку години . . .
Од друга страна, Пеп исто така не верувам дека ќе фрли се на една карта т.е офанзива . . . Одбраната за финалето ќе е комплетна, како и целиот состав . . . Алвес - Пиќе - Пујол - Абидал . . . Најдобрите четворијца заедно . . . Пеп ќе направи претпазливост во тие истрачувања на Алвес во противничката половина . . . Со тоа се спречува можност за контра напад по бочните позиции, кој фудбалерите на Манчестер, ако и се дозволи и те како ќе знаат да го искористат . . . Бускетс ќе има клучна задача меѓу поврзувањето на одбраната и средниот ред, па кога говорам дека Пеп ќе крене по претпазливо и Бускетс го очекувам малку поназад од вообичаено . . . Доколку Манчестер е поставен како Реал, повторно ги очеувам оние додвања на нашата половина, што кај противниците доведува до нервоза ( Многу е подобро да си подаваш во одбраната, одколку без топка да стоиш во својата половина ) . . .
Кога веќе говориме за реприза, зошто и резултатот да не е реприза . . .
2-0 ( ова и не е така објективно предвидување, туку фанско :smir: