Мислам дека ова ќе биде едно од најизедначените финалиња во последниве 10 години.
Прво Барселона оваа сезона игра неверојатно,се она што недостигаше прошлата сезона го има сега.Не дека имаше некој голем недостаток лани,ама изгледа Пеп оваа сезона најде стратегија и за формација 0-0-10.Единствен проблем е (моменталната) форма на Давид Виља.
Исто важи и за Манчестер,играат извонредно.Сепак незнам како би играле лошо со Ферги на клупата.Чекаат и одмазда против Барселона од 2008-2009.
Тоа е тоа нека победи подобриот,иако навивачки типувам на Барса.