У Лондон за да бидеш таксист треба да го знаеш ЦЕЛ ЛОНДОН на памет. Мене неколку пати ми се има случено на таксистите да им кажувам од каде да возат за да стигнам таму каде што сум тргнал. Ова е поссебно изразено со таксистите од левата страна на Вардар. Штом ја поминат реката знаат само за државна болница и железничка.
Друга лоша работа е ако приметат дека не го знаеш градот, има да те вртат пола ден, и ќе ти земат еден куп пари. Ова важи за скоро сите диви таксисти.
Овој закон го туркаат големите такси компании кои возат со нови коли, униформирани возачи, ги знаете кои се. А бидејќи ова е пазарно општество, сосема нормално е големите риби да ги изедат малите. Како што ВЕРО, Тинекс, СП, КАМ ги изедоа малите маркети, така и големите компании ќе ги изедат самостојните таксисти со кршеви од коли. Порано или подоцна ова ќе се случи. Доколку ова не го направи Коце, ќе го направи неговиот наследник. Нема потреба од плачење.
Бенефитите од сево ова кога ќе биде реализирано ќе ги чуете во некоја прес конференција