Иванов деновиве ќе предложи нов гувернер

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
^^^^^^^^^^^^^^

Значи , дипломирал и магистрирал економија..вред.. Работел како економист во ФАС ,ваљда негде во 80-ти, 99% од фабриките ги докусурија, а во 90-ти само им турија пепел..вред..Ајде и тоа е ОК.. Член на КП,СКМ..бла бла.. Банкарство другар, банкарство..човекот ден у банка немал поминато, а не да ми го фалиш тоа што бил напреден омладинац и тврд комуњара.. И ајде сега, Гошев е богот, го спасил курсот на валутата, а следниот што ќе дојде по Гошев, потоп...:tapp:

Нека ми го објасни Гошо феноменот наречен високи камати во време на економска криза, кога сегде у свет паѓаа каматите, кај нас рекордно растеа.. Или можеш и ти, ама не ти живееш у скандинавија, те заболе ташаклот што нас тука не дерат со камати
Не туку лупај зелени. Мислиш ти тој што седи во НРБМ има магично стапче и твикува камати за да ни биди на сите убаво... Зошто има различни камати во различни земји што мислиш ? Да беше ти гувернер ќе ги намалше каматите и ќе имавме 3 милјарди евра трговски дефицит и отиде денарот по тиква со него заштедите, довербата а и формирањето на капиталот и напредокот. Каматите треба да се детерминираат на пазарот како резултат на заштедите и потребите за позајмување, а не по твоја воља за да бидеме подобри од скандинавија.

Јас лично имав многу лошо мислење за Гошев кога го избраја за гувернер. Сметав дека како политчар само ќе ја злоупотреби функцијата и ќе ни ја уништи ранливата валута - не бев во право. Гошев ја задржа куповната моќ на денарот, и не само тоа туку цврсто застана контра инфлационистите како тебе кога бараа пониски камати и раст на кредитот. Кредитот момче ако расте (читај ако ги намлиш каматите) тогаш луѓето во Македонија не градат фабрики со парите туку увезуваат возила. Затоа Гошев фино лепо воведе повисоки резерви на потрошувачки кредити за да се намали нивниот раст (инаку ако се прашувам што е најдорбо да се направи: да се поделат банките на комерцијални со 100% резерва за трансакции и трансфери, и кредтини со никаква резерва но и никаква гаранција за бонитет - ова дава стабилност на системот, валутата и економијата и става узди на банкарите).

Со исклучок на екцесите во 2008 што и не беа толку до домашната монетарна политика, Гошев ја одржа стабилноста да денарот и се покажа како добар гувернер и покрај моите очкувања дека ќе биде чист промаршај.

А тоа дека ни треба банкар за директор на печатница за пари не можи да биди подалеку од вистината. Мислам САД поминуваат низ една од најтешките кризи како и во 30тите само поради фактот што банкарите ја имаат печатницата таму.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
п.с. Трпески е жив и здрав, ако не беше он уште милиони баба ти ќе ти даваше.
Нели го судеа..па он беше болен, па одложуваше рочишта.. Не ја мешај баба ми , бог да ја прости, туку човекот едноставно го снема, а ни пресуда ја непамтам дека слушнав дали е виновен за нешто или не
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.660

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117603
па
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118956

Некако не си добро update-туван.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Добар е Гошев. и мене ме изненади. Остана провесионален до крај и се оддалечи од политиката , одлично ја водеше политиката и немаше ниту еден скандал за чудо. Туку шо прајме ако партиски се додели гувернерската позиција на некој од Дуи. Жалното е што тие немаат конкретен кандидат туку само желба гувернерот да е Албанец. По рамковен. Грешките во спроведување на монетарна политика не се бришат со гума туку со милиони.
 
Имаат конкретен кандидат, Фатмир Бесими мислам дека беше.
А и Гошев не помина баш без скандали, ликвидацијата на Македонска банка и околу 200 невработени одат на негова душа.
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=246F5E9F084D114DB7BE45EB3BB56FEC
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имаат конкретен кандидат, Фатмир Бесими мислам дека беше.
А и Гошев не помина баш без скандали, ликвидацијата на Македонска банка и околу 200 невработени одат на негова душа.
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=246F5E9F084D114DB7BE45EB3BB56FEC
Ликвидацијата на Македонска банка е најдоброто нешто што можеше да се превземе. А и тие двеста брзо се распределија по другите банки. Така да голем плус за навремена интервенција :)
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Almighty Гошев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6910104929&id=9&setIzdanie=22003

"Македонија пропушти шанса да заработи 400 милиони евра за само три месеца, бидејќи Народна банка не ги претвори навреме девизните резерви во злато, иако постоеја информации дека цената на овој благороден метал ќе расте, обвини вчера поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Тој вели дека пред три месеца јавно од гувернерот Петар Гошев побарал државните девизи да бидат претворени во благородниот метал. Гошев вчера не беше достапен за коментар по обвинувањата."

"Тој вели дека одговорноста е исклучиво кај гувернерот и кај Народната банка, бидејќи не преземале конкретна акција и парите ги чуваат во банки каде што каматата изнесува само еден отсто годишно"

Браво гувернере,додека Македонците плаќаа 13 % камата,за да се одржел денарот - bulshit.И не сваќам како тоа го одржува денарот со високи камати кога денарот паѓаше пропорционално со еврото?

http://www.time.mk/read/c2d74b5953/7562180459/index.html

Поради високите камати фирмите во загуба, банките со уште поголема заработка

Фала му на гувернерот што го одржа денарот и во време на криза создадена токму од банките,им направи милионски профити на сметка на фирмите и граѓаните.

http://mkrevolucija.com/index.php?option=com_content&view=article&id=3474&catid=47&Itemid=346

„Комерцијална“ и „Тутунска“ банка, две од трите најголеми банки во Македонија, лани заработиле над 30 милиони евра.

"големите банки во земјата успеале во услови на криза драстично да ги зголемат добивките." - благодарение на "спасителот"

Ма криза е јеботе,мора народот да плаќа високи камати.Сватете ова е за наше добро,што повисоки камати тоа поубаво за народот.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

Не смеат , таков потег би значело смрт за гувернерот , ти мислиш дека сите држави купуваат странски обврзници особено амерички и европски пошто сакаат?!

Патем нели Љупчо беше чума ваков таков онаков за вас вмровчињата а сега ви е добар кога ви одговара а?
 
Каков потег?
Купување на злато?
Па сигурно немаше да земе парите у џеб и да иде у чаршија да купи злато.Тоа секако требало да биде договорено со сите засегнати институции и добро испланирано.

А за ЉуБчо боли ме кита колку и за Грујо,сите имаа "чисти раце" (читај лепливи) колку "спасителов" Гошев - цвеќето за мирисање.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Almighty Гошев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6910104929&id=9&setIzdanie=22003

"Македонија пропушти шанса да заработи 400 милиони евра за само три месеца, бидејќи Народна банка не ги претвори навреме девизните резерви во злато, иако постоеја информации дека цената на овој благороден метал ќе расте, обвини вчера поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Тој вели дека пред три месеца јавно од гувернерот Петар Гошев побарал државните девизи да бидат претворени во благородниот метал. Гошев вчера не беше достапен за коментар по обвинувањата."

"Тој вели дека одговорноста е исклучиво кај гувернерот и кај Народната банка, бидејќи не преземале конкретна акција и парите ги чуваат во банки каде што каматата изнесува само еден отсто годишно"

Браво гувернере,додека Македонците плаќаа 13 % камата,за да се одржел денарот - bulshit.И не сваќам како тоа го одржува денарот со високи камати кога денарот паѓаше пропорционално со еврото?

http://www.time.mk/read/c2d74b5953/7562180459/index.html

Поради високите камати фирмите во загуба, банките со уште поголема заработка

Фала му на гувернерот што го одржа денарот и во време на криза создадена токму од банките,им направи милионски профити на сметка на фирмите и граѓаните.

http://mkrevolucija.com/index.php?option=com_content&view=article&id=3474&catid=47&Itemid=346

„Комерцијална“ и „Тутунска“ банка, две од трите најголеми банки во Македонија, лани заработиле над 30 милиони евра.

"големите банки во земјата успеале во услови на криза драстично да ги зголемат добивките." - благодарение на "спасителот"

Ма криза е јеботе,мора народот да плаќа високи камати.Сватете ова е за наше добро,што повисоки камати тоа поубаво за народот.
Од кога сите станавте експерти за монетарна политика. Денарот е врзан за еврото и фала богу дека ќе расте и паѓа заедно со него. Ако не се преземаат конкретните мерки веројатно ќе паѓал уште повеќе. Македонија води добра монетарна политика, доказ за тоа е кредитот од ММФ од 400 милиони евра.
Банките се премногу профитабилни, ама тоа е друга приказна. Инаку профитот сепак е намален. Најголем профит има комерцијална, но сопственици на Комерцијална се големи македонски компании, и профитот пак се враќа во стопанството преку дивиденда. Телеком извлекува надвор од Македонија повеќе од профитот на сите банки заедно, ако не и сите компании заедно. Тука шо прајме.
Љубчо стаса за економија да зборува оф леле. Непоправлив романтичар, се гледа. А шо ако девизните резерви ги чувавме во долари. кај ќе ни беше крајот кога падна доларот? А што ако паднеше цената на златото. Народна банка не е коцкар, да си игра на берза.
 
Не треба да сум "експерт" како тебе за да соберам два и два.Цел свет во криза,во секоја земја пропаѓаат банки,каматите сегде паѓаа - кај нас банките го качија профитот 200%,а каматите рипнаа 100% стигнаа и до 20% годишно 2009 г.Јебем ти ја монетарна политика,си земал кредит 5000 евра кога било камата 10% за три месеци ја качуваат 20% и све ова било за "наше добро" - yea right.
 
Ја за тоа го критикував Гошев, сакаа очи да ми извадат.. Кај нас каматите секогаш одат во погрешна насока, еве пример читав еден во весник, за станбен кредит од 100 000 евра за 20 години треба да вратиш 180 000 , а во Словенија 130 000 .. :tapp:
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Almighty Гошев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6910104929&id=9&setIzdanie=22003

"Македонија пропушти шанса да заработи 400 милиони евра за само три месеца, бидејќи Народна банка не ги претвори навреме девизните резерви во злато, иако постоеја информации дека цената на овој благороден метал ќе расте, обвини вчера поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Тој вели дека пред три месеца јавно од гувернерот Петар Гошев побарал државните девизи да бидат претворени во благородниот метал. Гошев вчера не беше достапен за коментар по обвинувањата."

"Тој вели дека одговорноста е исклучиво кај гувернерот и кај Народната банка, бидејќи не преземале конкретна акција и парите ги чуваат во банки каде што каматата изнесува само еден отсто годишно"

Браво гувернере,додека Македонците плаќаа 13 % камата,за да се одржел денарот - bulshit.И не сваќам како тоа го одржува денарот со високи камати кога денарот паѓаше пропорционално со еврото?

http://www.time.mk/read/c2d74b5953/7562180459/index.html

Поради високите камати фирмите во загуба, банките со уште поголема заработка

Фала му на гувернерот што го одржа денарот и во време на криза создадена токму од банките,им направи милионски профити на сметка на фирмите и граѓаните.

http://mkrevolucija.com/index.php?option=com_content&view=article&id=3474&catid=47&Itemid=346

„Комерцијална“ и „Тутунска“ банка, две од трите најголеми банки во Македонија, лани заработиле над 30 милиони евра.

"големите банки во земјата успеале во услови на криза драстично да ги зголемат добивките." - благодарение на "спасителот"

Ма криза е јеботе,мора народот да плаќа високи камати.Сватете ова е за наше добро,што повисоки камати тоа поубаво за народот.
Се согласувам со Љупчо дека требаше дел од девизните резерви да префрлиме во злато. Но да се разбериме ние не чуваме евра и долари оти сакаме туку оти мораме. Нашата трговска размена е главно порамнувана во евра, и следствено мораме да чуваме одредени количини евра/германски обрзници за да можеме да го покриваме увозот. Без разлика сепак можеше да се земи дел од девинзите резерви и да се префли во злато, не поради друго, туку поради фактот што на нето основа во 2009 и 2010 тоа го правеа централните банки на светот.(следствено подигаќи ја цената). Дел од ова злато можеше да се чува како тврда резерва за одржување на стабилност на денарот, а со дел можевме да увезиме нафта од Иран и да ги порамнуваме трансакциите во злато.

Каматните стапки се високи, и треба да бидат високи, за да ги зголемиме заштедите! Имаме трговски дефицит, ние не можеме да се споредуваме со САД или Европа чии валути се штедени од сите други држави па можат да си дозволат монетарни лудории и 0% каматни стапки...

Ако мислите дека сте толку паметни и знаете како треба да се штеловаат каматните стапки, тогаш поставете си го ова прашање: ако е само прашање на добра волја, зошто на референдум не изгласаме 0% камата? Што мислите кој ќе штеди во такви услови? Колку ќе биди трговскиот дефицит? Колку ќе биди девизниот курс? Колку ќе биди инфлацијата и стандардот на живеење?

За болдиранoto: Па народот има 2 милјарди евра во денари во банките, и ако ги прашаш нив, да - што повисоки камати тоа поубаво. Никој не ти е крив ако не ги чуваш твоите пари во денари за висока камата.. Штом сите почнат да му вервуаат на денарот и да ги штедат парите во денари тогаш ќе има доволно заштеди за да пазарот изврши притисок врз каматните стапки, тие се намалат, и истовремено да се зголемат инвестициите.

И за крај јас не мислам дека НБРМ треба да ги одредува каматните стапки, тие треба да бидат одредени на пазарот, но засега НБРМ не ги прави грешките што се многу чести кај малите земји во поглед на монетарната полтика - а тоа е намалување на каматите под нивото потребно за акумулација на заштеди и инфлација.

--- надополнето ---

Не треба да сум "експерт" како тебе за да соберам два и два.Цел свет во криза,во секоја земја пропаѓаат банки,каматите сегде паѓаа - кај нас банките го качија профитот 200%,а каматите рипнаа 100% стигнаа и до 20% годишно 2009 г.Јебем ти ја монетарна политика,си земал кредит 5000 евра кога било камата 10% за три месеци ја качуваат 20% и све ова било за "наше добро" - yea right.
Better jump to the other side of the boat then! Не земај кредит, не плаќај 20%, туку давај кредит и земај 10% камата... Тоа и целта на повисоките каматни стапки.

Ова за 200% профити, имаш некаков податок што можи да го потврди ова? Си ги видел ROE индикаторите и нивната пормена за време на кризата?

Инаку банките наши ги имаат едни од поздравите биланси и каптиални коефициенти во европа.
Тоа секако не го побива фактот за секој систем на банкарство на фракциона резерва - дека целиот банкарски систем е несолвентен во услови на повлекување на заштедите од банките т.е секој фракционен банакрски систем е банкротиран. (ова е поради тоа што банките креираат пари преку кредитна мултипликација)
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Прво има огромна разлика камата на кредит и камата на штедење.Да не мислиш дека ако ставиш 10 000 евра ќе имаш 12% камата годишно колку што е каматата на кредитите во моментов?Каматата на штедење е трипати помала од камата на кредитите.Така да ова им овозможува огромен профит на банките.Со вакви камати само се продлабочува разликата од богатата класа до средната/сиромашната.Само богатите имаат пари за да штедат во банка и со високи камати стануваат побогати додека 90% од Македонците мора да плаќаат двојно поголеми камати и со осиромашуваат се повеќе.Познавам еден куп луѓе,мои колеги кои буквално се робови на банките.На 15-ти кога сите се радуваат на плата они земаат плата 10-15 денари.Со огромните камати во 2009-2010 беа принудени да земат втор (некои и трет) кредит за да можат да преживеат и сега буквално си работат само за камати.И додека банките во услови на криза остваруваат профити од 30 000 000 евра поголемиот дел од народот им робува.Пробај да им објасниш на тие луѓе дека тоа е за нивно добро.

--- надополнето ---

Better jump to the other side of the boat then! Не земај кредит, не плаќај 20%, туку давај кредит и земај 10% камата... Тоа и целта на повисоките каматни стапки.

Ова за 200% профити, имаш некаков податок што можи да го потврди ова? Си ги видел ROE индикаторите и нивната пормена за време на кризата?

Инаку банките наши ги имаат едни од поздравите биланси и каптиални коефициенти во европа.
Тоа секако не го побива фактот за секој систем на банкарство на фракциона резерва - дека целиот банкарски систем е несолвентен во услови на повлекување на заштедите од банките т.е секој фракционен банакрски систем е банкротиран. (ова е поради тоа што банките креираат пари преку кредитна мултипликација)
Ако живееш овде ќе знаеш дека мнозинството во земјава неможе да врзе крај со крај,а камо ли да штеди.Ако ситуацијата е обратна и секој Македонец има да стави заштеда во банка барем 2-3000 евра,каматите преку ноќ ќе станат 1%.Во случајов ова е дотепување на ионака осиромашениот народ,со нереални камати од кои само банките имаат профит - ОГРОМЕН.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom