А не ве нервираат луѓе кои стигнале до одредена возраст во животот, и од немајќи што, се зачлениле на форум - небитно кој - и бедно ве уверуваат како Господ не постои.
Јас тоа би го нарекол секта, а не атеизам.
Ако некој избере да верува, сепак тоа е своеволно, не значи дека е должен да гледа и слуша глупости од луге кои немаат цел во животот, па му ја полнат главата со глупости.
Всушност, не сум ни јас должен да постирам, затоа што на некој начин им обраќам внимание на тие луѓе, но јебига, некој мора.
Мене не. Едвај чекам да пораснат и да станат уште многу, многу попаметни и подуховити
Сепак, чисто процедурално, мислам дека не може да се секта. За секта, треба да имаат идол некаков, ритуали, иницијација, бар место некое каде ќе се собираат, пеат и мачкаат цо крв од коза, барем. Овие, не. Овие тука, само го пишуваат она што го мислат, а тоа е, барем за мене, најголемото достуигнување на демократијата - слободата на изразување!
Ако некој избере да верува, неговото
единствено оружје е вербата која ја има. ...а вербата треба постојано да се тестира, да се проверува, за да стане посилна. Еве, ова е место кое јас мислам дека е речиси идеално за тоа.
Се разбира, доколку некој својата вера не ја чуствува како доволно силна, би му/и' препорачал да ги избегнува ваквите теми бидејќи тука ирационалните концепти се рационализираат и разјаснуваат за сите кои се подготвени да прочитаат. Оние кои не се, никој не ги тера да кликаат, нели... пошто е ова форум
Воопшто не си должен да постираш, но сепак, мене ми е мило кога има со кого да се спори на една толку важна тема како што е религија.