Еве ви доказ на сите кои се правите тастатура-експерти дека 4-2-3-1 формацијата е само кога се брка резултат и кога се става се на all in. Али не, била напаѓачка, лесно се трансформирала од одбрана во напад, повеќе слобода за шпицот, бла бла бла...
Не бре, 4-2-3-1 можат да ја играат на натпревар како со Баерн, Челзи лани, Барса дома, каде што нема што да се изгуби и да се напаѓа уште од старт. А и да, тогаш Мурињо го имавме па Ето сакаше нејќеше играше и бек. Но вчера, она беше хорор уште од старт, зошто играа формација 4-2-4, а откако Мота и Камбиасо ќе се поминат цела навална линија на противникот излегува пред последната линија и после можат да си играат со пасови зад грб колку сакаат.
Утакмицата беше изгубена поради формацијата, а и поради „напаѓачката“ настроеност на Пандев и Ето кои еднаш не се вратија. Снајдер знаеше само да мафта по другите и со судијата да се кара. Ради формацијата! 4-3-1-2 и имаше да ги покосат Ван Бомел, горилана и Сидорф.
Но ајде, да се надеваме дека Лео научил нешто од утакмицата и да се надеваме дека Рома и Удинезе ќе завршат работа за нас, а нашиве да си ја завршат сезоната до крај со 7 победи. Нема нешто тешко, освен Наполи во гости.