Биолошки дефиницијата за живот е јасна при што реакција на дразба не значи и живот.
Ако говориме за биолошки живот, да не копирам дефиниции но накратко сето она што може да расне се развива самостојно и се размножува, а во поширок смисол вклучува метаболизам и други особини.
Но добро...доколку го прифатиме она што го велиш погоре како развојни процес, нови и нови сознанија, тогаш се менуваат видиците...зарем за џабе во
оваа тема се негира воскреснувањето на Исус? Можеби навистина сме на многу ниско ниво на развој на тие погоре науки за да утврдиме дека постојат и такви процеси и настани (како воскреснување)? Тогаш ние не знаеме и не можеме на ова развојно ниво да судиме некому и да го негираме процесот на воскреснување на она што го создал...кој можеби имал таква моќ на субатомско ниво, на ниво на енергии...да воскресне било што (за нас неживо).
Треба значи некако да се определмие помеѓу тоа дали не постоел процес на воскреснување и Нечија огромна моќ и нашето сепак ниско ниво на знаења. Ако оставиме простор да најверојатно се што постои има енергија/живот, тогаш сигурно постои и процесот воскресение...од за нас неживо во живо. Во тој случај можеби ова треба да им го предочиш на атеистите и негаторите на Исусовото дело
--- надополнето ---
Има тема за прашања за христијанството...можеби затоа не ти одговараат пошто тие што ги прашуваш не се атеисти