Времето ќе го потроши на мисла како да ги најде тие дополнителни 7 илјади и како да не создаде плус трошоци. Во никој случај идеите за смисолот на животот, постанокот на нештото или размислувањето дали постои или не постои нема да му се во прв план. Едино нешто кое ќе му остане е да верува во Бога и Неговата добрина за да го извади од сиромаштијата. Е тоа што го користат тој момент одредени религии за создавање миени умови и фундаменталисти...тоа е екстра ќар за некого.
Еден човек, ако нема пари, ќе ги стави во функција своите ментални капацитети за да направи нешто со себе и патем да заработи на својот труд.
Другиот ќе ги склопи рацете во молитва и ќе побара од дедо боже да му го направи животот поимотен.
Во тоа е разликата.
Религијата му создава илузија на безбедносна мрежа на верникот. Наместо да се потпре на самиот себе и своите капацитети, да прегризе усни и да се фати за МАКОТРПНА РАБОТА и/или УЧЕЊЕ, религијата го тера да мисли дека НЕКОЈ ДРУГ е одговорен и/или задолжен за неговата СУДБИНА и дека тој може единствено да се помири и да побара од ВРХОВНИОТ АВТОРИТЕТ да направи нешто за него немоќниот.
НЕ ПОСТОИ СУДБИНА каква што ја кажува ЈХИ. Самиот концепт за божествен план е фаличен и бесмислен. Луѓето кои не ја сфатиле оваа бесмисла секогаш во животот имаат вентил низ кој ги испуштаат своите фрустрации и незадоволство од состојбата во која се наоѓаат.
Сигурен сум дека ќе се сложиш дека верниците се „поверни“ кога им е шит, него кога им е ОК.
Фрустрацијата и незадоволството со себе се
ОСНОВНАТА ДВИЖЕЧКА СИЛА на напредокот и подобрувањето. Кога тие ќе се канализираат соодветно (работа, иновации, креација) вродуваат со нов квалитет и учење.
Кога ќе се вентилираат преку молитва и понизност - ниту нешто се подобрува, ниту нешто се создава.
Тоа е провалијата на религијата. Средниот век и денешните нации заглавени во религиозни догми и водени од теократски институции го потврдуваат ова секојдневно.
--- надополнето ---
А точно е -парите/благосостојбата би рекол, не го прават среќен богатиот, него сиромавиот. Човекот е ненаситен па со самото тоа што ќе стигне до некое материјално богатство, за жал (не сите но еден дел) не се сопира. Од тука настанува и голем дел од злото, ненаситеноста, грамзивоста и желбата да се поседува што повеќе.
Не се сложувам. Парите не се зло. Оружјето не е зло. Зли се луѓето кои прават зли работи.
Има многу луѓе во светов кои се богати, а помагаат и креираат нови вредности. Има безброј луѓе кои се сиромашни, а прават зли работи.
Не постои апсолутно зло, а уште помалку за злото може да се генерализира. Злото и добрината се СУБЈЕКТИВНИ ќовечки категории. Во природата и универзумот, воопшто, НЕ ПОСТОЈАТ. Тоа што е за мене зло, за тебе може да е добро - и обратно.
Најсреќниот период во мојот живот се карактеризира со празни џебови, полу-празен стомак и бескрајни акања и дружби со луѓе за чија економска моќ ниту сум се интересирал, ниту ми била битна. Се' зависи од човекот. Има приказни за милионери кои го оставиле сето богатство и отишле да живеат испоснички по планините. За себе викаат дека никогаш не биле посреќни. Секојдневно можеш да прочиташ за гадостите и развратот на селебрити светот во чии очи се чита болка и незадоволство.
Парите немаат НИКАКВА ВРСКА со среќата во животот на еден човек.