Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
за човештвото биде посреќно.
Среќата ќе му се зголеми ако му дадеш пари, економска слобода. Беспари ни атеист ни верник нема да се среќни. Духовниот дел од животот е воглавно дополнување. И филозофот морал првин да се најаде за да филозофира.
 
Апсолутниот морален закон е само изговор за да црквата се меша во животот на обичните луѓе.Под притисок на хуманизмот и развојот на човечките права тој морален закон полека омекнува, инаку и ден денес би гледале спалување на луѓе само затоа што не ја прифаќаат вистината на библијата.
 
Ако останат средновековци ќе делуваат средновековно, а тоа е проблем и тоа голем. Да искорениш навики создавани илјадници години во неразвиени исламски земји претпоставувам е макотрпна работа. Или ќе треба многу д аи м се дава или ќе треба макијавелистички методи.
Не е битно што ќе треба. Може ќе требаат 1000 години. Може сами ќе увидат колку штета им нанесува религијата. Може ќе земат пример од земјите кои се ослободиле од стегите на религиите.
Полека но сигурно и исламот ќе го снема.
 
Среќата ќе му се зголеми ако му дадеш пари, економска слобода. Беспари ни атеист ни верник нема да се среќни. Духовниот дел од животот е воглавно дополнување. И филозофот морал првин да се најаде за да филозофира.

Не постои ум, туку ум-тело.....и непостои тело туку тело-ум.
 
Среќата ќе му се зголеми ако му дадеш пари, економска слобода. Беспари ни атеист ни верник нема да се среќни. Духовниот дел од животот е воглавно дополнување. И филозофот морал првин да се најаде за да филозофира.

Лурц мислам дека делот што го цитираше беше мој, па ќе одговорам.
Тоа и јас го кажав, организираната религија му зема на човештвото пари (свеќи, донации, книги, тренинзи итн итн), и во тој мал сегмент би помогнала ако ја нема.
Не знам што мислиш под економска слобода, ако се однесува за економска состојба тогаш е истиот одговор иако лично не се согласувам дека само економскиот сегмент е битен за да една индивидуа биде среќна но секако се согласувам дека е од големо значење.
 
Апсолутниот морален закон е само изговор за да црквата се меша во животот на обичните луѓе.

gade,

покажуваш почетничко непозназање на устројството од Црквата, па по Твојава јааааака логика, ќе испадне дека Црквата е „...нешто...„ кое онака, стои „...на страна...„ и пошто нема што друго да прави, саде праќа заплашувања до народот, во стилот: „..ако не го сторите тоа и тоа, ојдовте у пеколот...„.

--- надополнето ---

Под притисок на хуманизмот и развојот на човечките права тој морален закон полека омекнува,

Не омекнува, туку луѓето го зголемуваат вкупниот обем на неверување...

--- надополнето ---

инаку и ден денес би гледале спалување на луѓе само затоа што не ја прифаќаат вистината на библијата.

...а ова е школски пример за оправдување за своето неверие...
 
gade,

покажуваш почетничко непозназање на устројството од Црквата, па по Твојава јааааака логика, ќе испадне дека Црквата е „...нешто...„ кое онака, стои „...на страна...„ и пошто нема што друго да прави, саде праќа заплашувања до народот, во стилот: „..ако не го сторите тоа и тоа, ојдовте у пеколот...„.

--- надополнето ---



Не омекнува, туку луѓето го зголемуваат вкупниот обем на неверување...

--- надополнето ---



...а ова е школски пример за оправдување за своето неверие...

Твојот цинизам нема да ја побие вистинитоста на моето тврдење.
 
Твојот цинизам нема да ја побие вистинитоста на моето тврдење.

Нема што тука да се побива: лагата си е лага и лагата е спротивна од веќе утврдената и објавената Вистина. Ти слободно живеј во убедувањето дека си во право, никој нема да Те скрши од ќотек ради Твојата самоизмама...
 
Лурц мислам дека делот што го цитираше беше мој, па ќе одговорам.
Тоа и јас го кажав, организираната религија му зема на човештвото пари (свеќи, донации, книги, тренинзи итн итн), и во тој мал сегмент би помогнала ако ја нема.
Не знам што мислиш под економска слобода, ако се однесува за економска состојба тогаш е истиот одговор иако лично не се согласувам дека само економскиот сегмент е битен за да една индивидуа биде среќна но секако се согласувам дека е од големо значење.
Економска слобода условно кажано пошто слобода во прав смисол тешко да постои во било кој систем па и државата како систем...секогаш сме ограничени од "ивиците/рабовите" на тој систем.
Економска база која не е услов за целосна среќа, но почеток и дел од мозаикот на среќата...темел. Еманципација на човекот.
Другиот дел би ги сочинувале духовноста на човекот (духовност не треба да се поистовети само со организираните религии него е многу поширок поим), културата, надградбата.
Ова е како што се сеќавам од средно ни го предаваа на часови по марксизам ама мислам дека држи оваа теорија.
Но ниту ние ниту африканските и блискоисточни држави сме блиску за да може да уживаме во резултатите од такво општество...во кое духовноста, религиите, целите во животот ќе се интимни и лични, но ќе ги почитуваме истите на нашиот сосед, соработник или соговорник.
 
Нема што тука да се побива: лагата си е лага и лагата е спротивна од веќе утврдената и објавената Вистина. Ти слободно живеј во убедувањето дека си во право, никој нема да Те скрши од ќотек ради Твојата самоизмама...

Според твојата објавена Вистина, одговори ми, дали е добро или зло да се спалуваат вештерки?
 
Среќата ќе му се зголеми ако му дадеш пари, економска слобода. Беспари ни атеист ни верник нема да се среќни. Духовниот дел од животот е воглавно дополнување. И филозофот морал првин да се најаде за да филозофира.

Среќата никогаш не се зголемила со пари.

Според теориите за мотивација, проверени со безброј студии, парите НЕ СЕ мотиватор, ниту причинител на среќа. Тие се хигиенски фактор. Тоа значи дека ДОКОЛКУ ГИ НЕМАШ, ќе ти биде шит. Ако ги имаш НИКАКО НЕ ЗНАЧИ дека ќе бидеш среќен.

За да човек биде среќен, него му треба исполнување на неколку основни потреби. Парите не се потреба, туку посредник.

Духовниот дел од животот НЕМА НИКАКВА ВРСКА со религиозноста (која, патем, ја узурпира и искривоколчува духовноста). Религијата дава лажни субститути (богови, догми, ритуали) за вистинската спиритуалност која човекот ја постигнува со СЕБЕСПОЗНАВАЊЕ.

Никој не може со инка да ти тури духовност. Со инка (додека си уште мало ранливо дете) може да ти тури религиозност. Подоцна, кога вистинската духовност ќе почне да се развива во тебе, ти ќе мислиш дека е тоа религиозноста. Не е така.

За да човек биде навистина спиритуален, најпрвин треба да стане свесен за себе, за човекот како битие, за диверзитетот и разновидноста на човековата манифестација низ културите во светот, за природата и нашите НЕРАСКИНЛИВИ врски со неа...

Треба да ПРЕСТАНЕ ДА СЕ ДОЖИВУВА КАКО БОГ НА ПРИРОДАТА и да почне да УЧИ за ВСЕЛЕНАТА внатрешна и надворешна, без догми, забрани и закани.

Нема духовност кога постојат ЗАКАНИ. Нема духовност кога постои СТРАВ.

Религијата се обидува да ја узурпира духовноста токму со овие две.
 
Според твојата објавена Вистина, одговори ми, дали е добро или зло да се спалуваат вештерки?

Прашањето ќе го упатиш до Папата Бенедикт, тој сигурно ќе ти одговори, оти Источната православна Црква никогаш нема бркано вештерки, а уште помлаку се замнимавала со нивното спалување на плоштад.

Но еве, ќе Ти одговорам: да, зло е, и тоа какво, оти тоа школкси познато средновековно бркање и спалување вештерки, последица е од извртувањето на изворното христијанство од страна на Римската Црква, која бараше зло и таму каде го нема...Спалувањето на т.н. „вештерки„ е целосно нехристијански однос кон Божјите најдраги творенија, но не во Божјо, туку во човеково име.
 
Според твојата објавена Вистина, одговори ми, дали е добро или зло да се спалуваат вештерки?

Немој бе пријател, не го провоцирај да пишува. Сега ќе добиеш одговор во кој ќе ти бидат коментирани:

според

твојата

објавена

Вистина

одговори

ми

дале

е

добро

или

зло

да

са

спалуваат

вештерки

И на крајот ќе ти напише дека не ја разбираш духовната логика...

:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom